Скопје
Герасимовски – Брнз: Продлабочување на соработката и нови заеднички активности со Амбасадата на САД
Продлабочување на соработката и заеднички проекти беа главни теми на средбата на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.
Градоначалникот Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и отворена и транспрентна општина.
„Сакам да ѝ се заблагодарам за посетата на амбасадорката Брнз. Навистина ми е чест да ѝ бидам домаќин на амбасадорката Брнз, која е дипломатска претставничка на најголемиот пријател и поддржувач на нашата држава на меѓународен план. Со амбасадорката разговаравме за актуелните теми како на глобално така и на локално ниво. Имав шанса на амбасадорката лично да ѝ ги претставам нашите проекти и планови со кои ќе го подобриме животот на граѓаните во општина Центар“, изјави Герасимовски по средбата со Брнз.
Герасимовски изјави дека ова е чекор напред кон продлабочување и подобрување на соработката на Општина Центар со Амбасадата на САД во РСМ, особено во делот на екологијата и темите што се од локален интерес за жителите на општината.
На состанокот градоначалникот Герасимовски и амбасадорката Брнз разговараа и за политичките случувања во светот. Герасимовски во името на граѓаните на општина Центар изрази силна поддршка до граѓаните на Украина, кои минуваат низ можеби најтешкиот период од своите животи.
На крајот, градоначалникот Герасимовски ѝ се заблагодари на Брнз за посетата и изјави дека се надева на уште поинтензивна и суштинска соработка на Општина Центар со Амбасадата на САД во РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

