Соопштенија
Државната лотарија ги додели наградите од првата наградна игра
Во чест на отворањето на новата интернет – платформа www.megawin.mk, Државна лотарија приреди наградна игра којашто траеше од 18 до 29 ноември. Во овој период сите регистрирани лица добија подарок, онлајн влезница за концертот „МЕГАСТАРС“ како и учество во наградната игра БИДИ ИН, РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МЕГАВИН.
На сцената, покрај којашто беше сместена четворочлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници, се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 I phone 14 Pro, 5 луксузни патувања во Дубаи и еден автомобил BMW.
Исчекување, адреналин, возбуда и среќа се чувствуваше во СЦ „Јане Сандански“ за време на извлекувањето на наградените, чии имиња во продолжение Ви ги претставуваме.
Добитниците ги посетија просториите на Државна лотарија каде што се запознавме и ја споделивме радоста. На наше големо задоволство ни пристигнаа од сите краишта на државата.
- Мирослав Ристовски од Куманово работи 14 години во организација. Не очекувал било каква награда затоа што не бил информиран доволно за наградната игра. Мирослав беше извлечен за наградата Lenovo gaming лап топ.
- Наталија Тасева од Скопје е добитничка на награда IPhone 14 Pro. Пресреќна за наградата, вели дека не успеала да присуствува на концертот Мегастарс, а информацијата дека е извлечено токму нејзиното име дознала од другар.
- Џелал Мехмеди од Гостивар е добитник на Lenovo gaming лап топ. Пензионер од неодамна, претходно вработен во МВР. За себе вели дека е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија. Сеуште пријатно изненаден од наградата.
- Снежана Петровска од Штип е добитничка на Iphone 14 Pro. Нејзината ќерка се регистрирала на www.megawin.mk, го следела извлекувањето, па мобилниот телефон ќе биде новогодишен подарок за неа.
- Лиридон Тахири од Скопје е еден од 5те добитници на луксузно патување во Дубаи за двајца. Дубаи е негова голема желба и е пресреќен што му се остварила. Со нетрпение чека да го посети.

- Петар Наумовски од Тетово е еден од добитниците на Lenovo gaming лаптоп.
- Абдулќерим Реџепи од Тетово е добитник на мобилен телефон Iphone 14 Pro.
- Мартин Љубомироски од Скопје е исто така добитник на Iphone 14 Pro. Иако редовно игра Лото, решил да ја предизвика среќата и со новата интернет платформа на Државна лотарија, а со тоа обезбедил учество и во наградната игра. Веста дека е добитник на мобилен телефон му ја соопштил пријател кој присуствувал на концертот.
- Сара Крстевска од Старо Нагоричане е добитничка на Lenovo gaming лаптоп. Таа е редовен играч на инстант лотарија и Лото. Пресреќна за наградата се пофали дека првпат добива некаква награда.
- И Тања Додевска од Куманово е добитничка на Lenovo gaming лаптоп кој ќе биде новогодишен подарок за нејзиниот син кој со нетрпение ја чека да пристигне дома со наградата.
- Бојан Јовановски од Тетово е добитник на луксузно патување за двајца во Дубаи. Бојан мислел дека е голема шега кога неговиот колега се пошегувал со него дека ќе оди во Дубаи. Пресреќен е дека конечно ќе ја посети неговата дестинација од соништата.
- Столе Ѓорѓиевски од Скопје е добитник на Iphone 14 Pro. Се забавува постојано со игрите на среќа на Државна лотарија. Се регистрирал и на www.megawin.mk, но поради обврски со неговите близначиња не успеале да присуствуваат на концертот. Столе вели дека ова е одличен новогодишен подарок за неговата сопруга.
- Славица Спасовска од Куманово е добитник на Iphone 14 Pro. Претходно има остварено помали добивки од игри на среќа.

- Бобан Тасевски од Штип е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Се регистрирале сосема случајно кога забележале реклама на социјалните медиуми. Лаптопот ќе го искористат за работа.
- Денис Мојсоски од Прилеп е добитник на патување во Дубаи за двајца. Тој е голем фанатик за фудбал. Два дена им биле потребни за да поверуваат дека се добитници на оваа награда. На ова патување ќе заминат со сопругата и едвај чекаат да поминат прекрасни мигови.
- Аце Трајчевски од Битола е добитник на Iphone 14 Pro. Тој од негов другар слушнал за наградната игра. Вели дека од сега па натаму повеќе ќе игра игри на среќа.
- Бобан Василевски од Македонски Брод е добитник на Iphone 14 Pro. По занимање е дипломиран криминалист. Другарка која го следела извлекувањето му се јавила да му каже дека треба да чести. Не му се верувало дека тој бил еден од среќните добитници.
- Филип Крамарски од Берово е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Тој како дипломиран програмер software developer, оваа награда ќе му дојде одлично и ќе му помогне за да напредува во неговата професија.
- Ивана Илијевска од Скопје е добитник на lenovo gaming лаптоп. Таа е наставник во основно училиште. Бидејќи има три дечиња овој подарок ќе биде за нив. Им порача на сите да си ја пробаат среќата.
- Ристе Каранфиловски од с.Новаци, Битола вработен во РЕК Битола, е добитник на Iphone 14 Pro. Тој редовно гребе инстант лозови, но решил и тука да си ја проба среќата. Премногу беше изненаден од оваа награда и овој телефон ќе му дојде одлично бидејќи неговиот бил скршен.
- Владимир Јанев од Кочани е добитник на Lenovo gaming лаптоп. Редовно гребат инстант лозови, а извлекувањето го следеле онлајн на facebook. Кога си го чуле нивното име биле премногу изненадени. Бидејќи студира информатика оваа награда ќе им дојде одлично.
- Ангела Оцевска Аџиевска од Скопје, дипломиран инженер, е добитник на патување во Дубаи . За наградната игра дознале од ТВ, а од нашите социјални медиуми дознала дека е добитничка на ова прекрасно патување во Дубаи за двајца.
- Јована Николоска од Куманово е една од добитниците на Iphone 14 Pro. За Мегастарс се информирала од социјалните мрежи. Наградата ќе ја подари на нејзината мајка затоа што е љубител на игрите на среќа на Државна лотарија, но нема остварено добивка досега.
- Драгана Трајковска од Скопје е добитничка на лаптоп Lenovo gaming. За новата платформа Мегавин се информирала од социјалните мрежи, но сепак не успеала да присуствува на концеротот Мегастарс поради обврски со двегодишното синче. Велат дека оваа награда ќе им користи одлично за работните обврски.
- Стефан Трајковски од Битола има 19 години. Тој и неговиот другар откако ја забележале рекламата за Мегавин на социјалните мрежи, се регистрирале без големи очекувања. Но, сега двајцата ќе патуваат во Дубаи.
- 26. Последната и најголема добивка, автомобил BMW отиде во рацете на Дејан Блажевски од Скопје, општина Кисела Вода. Збунетиот глас на среќниот добитник кој е самохран родител, вработен во ЈП Водовод го слушна публиката во полната сала на СЦ „Јане Сандански“, кога Марјана и Игор го побараа во телефонски разговор да му ја соопштат среќната вест. Во студиото на ТВ емисијата СЕДМО НЕБО се дружевме со него и со неговите два сина, кога му беше доделено возилото и кога со него и со неговите најблиски ги споделивме моментите на радост.

На атрактивниот автомобил BMW најмногу се израдуваа неговите два сина, помалиот Кирил и поголемиот Томи кој за неколку месеци ќе стане полнолетен и ќе полага возачки испит. Дејан ни објасни дека кога на 30 ноември, среде ноќ му заѕвонил телефонот и слушнал женски глас како му честита дека добил BMW од Мегавин на Државна лотарија, воопшто не поверувал.
На www.megawin.mk е во тек многу забава со секој ден подароци под името „ПРАЗНИЧНО ДАРУВАЊЕ“, а следи и ново богато изненадување.
Убавите мигови допрва престојат бидејќи Државна лотарија работи на тоа среќата да ја направи достапна секому и верува дека среќата е насекаде.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

