Македонија
Единствена Македонија: Доколку Бугарите бидат внесени во македонскиот устав, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав
Соопштение на Единствена Македонија
„Бугарски политичари во последно време се повеќе ја актуелизираат идејата за промена на македонскиот устав, со цел, во највисокиот правен акт да се споме и бугарско малцинство во државата.
Вршителот на должноста бугарски министер за надворешни работи Светлан Стоев дури рече дека промената на македонскиот устав е еден од начините за решавање на проблемите со припадниците на бугарското малцинство во Македонија.
Единствена Македонија нема ништо против овој повик од бугарска страна, но, само доколку до дојде до промена и на бугарскиот устав, со цел, во него да бидат внесени Македонците во Бугарија. Дотолку повеќе, во Бугарија има многу повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија.
Доколку марионетската влада во Скопје не побара и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав и повторно оди против македонските национални интереси и меѓународно правно-признатите начела и норми во оваа сфера, Единствена Македонија ќе преземе потребни чекори во соработка со здруженијата на Македонците во земјата, во соседните земји и пошироко во странство“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

