Соопштенија
Елеганција од врвно ниво: Претставена новата Шкода Октавија
Škoda ја претстави новата верзија на својот бестселер; Новата Octavia. Суптилни дизајнерски модификации, технолошки надградби и поодржлив ентериер.
„Нашите клиенти со право очекуваат многу од Octavia и ова освежување го носи нашиот најпродаван модел на следното ниво. Иновациите како што се целосно редизајниран инфозабавен систем, новите безбедносни системи, зголемената употреба на одржливи материјали и помоќните светла, ја прават новата Octavia уште подобра во секојдневните авантури. Уверен сум дека нашата нова Octavia ќе ги изненади и воодушеви своите возачи и патници, потврдувајќи го своето место како наш најпопуларен автомобил“, вели Клаус Зелмер, извршен директор на ŠKODA.
Суптилно подобрена
Промените во изгледот на автомобилот се забележителни и врвно елегантни. Тие вклучуваат нов концепт на светла, кои сега физички и графички се инкорпорирани во предната решетка. Самата решетка, исто така, претрпе мали промени, со повеќе вертикални детали, а целиот преден дел изгледа поелегантно. Една од причините за овој впечаток е поблиското порамнување на линиите на предниот дел. Задните браници, исто така, се сосема нови.
Новиот автомобил изгледа многу свеж, како дизајнерите да ги скицирале промените со најлесни допири. Всушност, деталите на дизајнот на предниот и задниот дел се врвно софистицирани. Некои елементи на новата Octavia се инспирирани од новиот Superb, но преземањето на овие решенија кај Octavia делува поспортско. Една филозофија на дизајнерите на Škoda е дека колку е помал моделот, толку подинамичен може да биде неговиот дизајн.

Одржливост и подобра технологија
Случајно, фаровите во новиот дизајн сега исто така доаѓаат и со опционална подобрена LED Matrix технологија, со 36 сегменти наместо 24 и нови карактеристики кои овозможуваат фаровите за магла да бидат одвоени од браникот. Во оваа верзија, фаровите исто така се одликуваат со модерниот кристален светлински елемент.
Внатре, патниците може да уживаат во поодржливи материјали и опционално достапен 13-инчен инфозабавен дисплеј. Десет инчен дисплеј сега е стандарден, а новата Octavia, исто така, доаѓа со двојна зона автоматска контрола на клима уредот како стандард, помоќно полнење на поврзани уреди преку USB-C и подобрен Kessy систем за заклучување и отклучување на возилото.

Новата Octavia ќе биде достапна со четири нивоа на опрема: Essence, Selection, Sportline и RS. На врвот од понудата, клиентите можат да изберат внатрешност од еден од деветте дизајнерски пакети. Исто така, постои избор на ергономски седишта со AGR сертификација и функција за масажа.
Модернизираната Octavia е надградена со нови системи за помош и безбедност на патниците. Новиот Intelligent Park Assist и Remote Park Assist ќе го олеснат паркирањето, додека безбедноста, особено на долги патувања, е подобрена со нов систем за проценка на заморот на возачите. Овој систем повеќе не работи со податоци само за движењата на воланот, туку ги следи и информациите од повеќе извори и може да направи разлика помеѓу краткорочната ненамерност и вистинскиот замор. ChatGPT chatbot основан од AI ќе биде интегриран во гласовниот асистент Лаура како стандард, воведувајќи најразлични нови можности кои нудат далеку повеќе можности од претходните гласовни команди.
Моќни мотори
Во предниот дел, новата Octavia доаѓа со 85 kW, 1,5 литарски TSI мотор, кој е споен со шест брзински мануелен или седумстепен DSG автоматски менувач. Дополнително достапен е и 110 kW верзија, додека верзијата со DSG пренос секогаш доаѓа со mild-hybrid технологија.
Врвот на понудата се дволитните мотори: за верзијата со погон на сите тркала, 2.0 TSI моторот со 150 kW и автоматски менувач ќе биде достапен, додека RS верзијата со DSG менувач испорачува 195 kW. На располагање се и две верзии на 2,0 TDI моторот: варијанта од 85 kW, со шестстепен мануелен менувач и верзија од 110 kW со DSG автоматски менувач со седум степени.
Во нашата држава, новата Octavia ќе пристигне во Јули оваа година.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Државна лотарија: Најостро реагираме на клеветничките обиди на одредени медиуми да креираат искривена слика за Друштвото
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија со реакцијата за написите во некои медиуми за работата на друштвото.
Реакцијата ја пренесуваме интегрално:
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи:
I. Правна стратегија, институционална одговорност и врвна академска експертиза
Државната лотарија своето работење го темели исклучиво врз принципите на законитост, правна сигурност и институционална отчетност. За таа цел, Друштвото ја вклучи највисоката академска правна експертиза во државата, меѓу кои и проф. д-р Димитар Гелев, редовен професор и раководител на Катедрата за деловно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Овој ангажман е директна и нужна реакција на правно неодржливите, финансиски штетни и институционално опасни постапувања на поранешниот управен и надзорен одбор, како и на поранешната Влада во својство на основач на Друштвото. Имено, проф. д-р Димитар Гелев беше и натаму е ангажиран за целосна подготовка и правно водење на сложените постапки за престанување на трговските друштва, и тоа: Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје, Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје и Нова Државна видеолотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.
Правната поддршка опфати формулирање на целосна процесна стратегија, правна квалификација на основите за престанок, утврдување на формално-правните предуслови за донесување на одлуките и управување со сите идентификувани правни и финансиски ризици и, заедно со ангажираните адвокати без нивен надомест во рамките на неговиот тим, обезбедува застапување и континуирана правна заштита пред надлежните органи и судови.
Со издвојувањето и преземањето на уделот во постапката за престанување на НОВО ВЛТ, Државната лотарија постапи целосно законито, институционално дисциплинирано и одговорно, обезбедувајќи правно чисто затворање на друштвото и трајна заштита на интересите на државата. Истото беше реализирано во соработка и во духот на добри деловно-партнерски односи со другиот содружник, Друштвото за услуги ХТЛ ДОО – Скопје, на престанатото друштво. Постапките за останатите друштва се во напредна фаза и ќе резултираат со нивно престанување, со судски одлуки, со што ќе се елиминираат последиците од нивното незаконско основање и работење, а во согласност со одлуката за престанување на друштвата донесена од Владата, во својство на основач на Друштвото.
Исто така, ангажирани се и други истакнати стручњаци од науката и практиката за прашања од системски карактер – поимно разграничување меѓу јавен сектор и државна сопственост, како и правно уредување на внатрешната организација и систематизација на работните места во дирекцијата и повеќе од 315 подружници.
Со преземените законски, управувачки и контролни мерки и ангажирањето на еминентни експерти, Државната лотарија спречи понатамошно нерационално трошење на јавни средства и истовремено елиминира ризици од дополнителна финансиска штета, обезбедувајќи долгорочна заштита на државниот капитал и институционалниот интегритет на Друштвото.
II. Ангажирани лица со договор за дело
Во периодот на поранешното раководство, во Државната лотарија биле ангажирани околу 190 лица со договор за дело. Новото раководство, водејќи се од принципите на рационалност, законитост и функционална оправданост, го намали овој број за повеќе од половина, односно на 95 лица. Од овие 95 ангажирани лица, над 60 се ангажирани на продажни места кои ја сочинуваат примарната продажна мрежа на Друштвото, лоцирани во трговски центри и сопствени уплатни места, додека останатите извршуваат контролни и административни задачи неопходни за непречено функционирање на системот. Лицата ангажирани во секторот маркетинг, меѓу кои има и јавни и препознатливи личности, вршат маркетиншки активности поради нивното влијание на социјалните мрежи и режисерските и уметничките способности на одредени ангажирани лица, насочени кон подобрување на позицијата на Државната лотарија на пазарот на игри на среќа.
III. Неправилности во работењето на поранешното раководство на Друштвото, наведени во Извештајот на Државниот завод за ревизија
Актуелното раководство на Друштвото со допис број 02-6328/1 од 12.09.2024 година се обрати до Државниот завод за ревизија поради увидени неправилности и нерегуларности во финансиското работење на Друштвото, со барање да се изврши ревизија на работењето на Друштвото во претходниот период. По извршената ревизија во периодот од април до крајот на октомври 2025 година, во Извештајот на Државниот завод за ревизија констатирани се сериозни и системски неправилности во финансиското работење на Друштвото, и тоа во периодот на управување од страна на поранешното раководство.
Ревизорските наоди укажуваат дека значителен дел од неправилностите во финансиското и сметководственото работење се поврзани со постапувања преземени од поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, поставена од тогашното раководство на Друштвото. Во врска со овие постапувања, согласно достапните информации и известувањата и податоците со кои располага Државната лотарија, се спроведуваат предистражни дејствија од страна на надлежните органи, вклучително и Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.
Согласно наодите содржани во Извештајот, во периодот на поранешното раководство е утврдена злоупотреба на финансиски средства на Друштвото, и тоа непосредно од страна на поранешната директорка на Секторот за финансии и сметководство, со што е предизвикана материјална штета во износ од најмалку 3,5 милиони евра. Овие констатации претставуваат сериозен индикатор за нарушување на принципите на законитост, финансиска дисциплина и одговорно управување со јавните средства. За текот и исходот на постапките иницирани од актуелното раководство, што се водат пред надлежните институции, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана во наредниот период.
Оттука, Државната лотарија нема намера да дозволи преку неколку подкасти, како што е INFOMAX.MK, или слични портали да се релативизираат факти кои биле предмет на официјална ревизорска проверка и институционално постапување од страна на Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство.
Државната лотарија ги охрабрува и ги повикува сите критички настроени медиумски портали и подкасти, во интерес на точно, одговорно и професионално информирање на јавноста, како и во духот на автентичното истражувачко новинарство, своето внимание да го насочат кон суштинските и фактички утврдени прашања кои се однесуваат на настанатата материјална штета во повеќемилионски износ, изразена во евра, а предизвикана од постапувањата на поранешното раководство што е утврдено во Извештајот на Државниот завод за ревизија, а не кон пласирање на клеветнички, неосновани изјави и непроверени документи од подкасти и портали како INFOMAX.MK, за кои постојат индиции дека неоснованите изјави и непроверените документи потекнуваат од лица за кои се водат предистражни постапки пред надлежните органи, а кои се насочени кон дискредитација на актуелното, законито, транспарентно и одговорно работење на Друштвото.
На крајот, Државната лотарија јасно и недвосмислено укажува дека секој понатамошен обид за ширење дезинформации, манипулации и клеветнички наводи ќе биде третиран како сериозно нарушување на угледот на институцијата и ќе предизвика најостра, соодветна и правно заснована реакција, вклучително и преземање на сите расположливи законски средства за заштита на интегритетот и приватноста на вработените, а со тоа и на институционалниот интегритет на Друштвото.
(ПР)
Соопштенија
Брза инвестиција во батерии е решение за вишокот на електрична енергија и за новиот европски механизам „CBAM“
Батериските системи носат заштеди и нови приходи за сопствениците на фотоволтаични електрани, кои во изминатите две години се соочија со загуби поради прекумерно производство на електрична енергија во исто време, а од 1 јануари дополнителен предизвик претставува и европскиот механизам CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism).
На крајот на 2025 година и на почетокот на 2026, македонската енергетика влегува во нова фаза. По неколку години интензивни инвестиции во фотоволтаични електрани, системот се соочи со сериозни предизвици – ниски, па дури и негативни берзански цени во часовите на најголемо производство, ограничувања во преносната мрежа и финансиски загуби за инвеститорите.
Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, дел од групацијата ФЕРОИНВЕСТ, кој смета дека денес веќе нема дилема: системите за складирање на електрична енергија стануваат клучен предуслов за стабилност, профитабилност и усогласување со европските правила.
1. Г-не Анѓушев, станува јасно дека батериите се неизбежен чекор. Како ја оценувате состојбата со фотоволтаиците денес?
Во последните години главните инвестиции беа насочени кон фотоволтаични централи. Денес веќе јасно се гледа дека без дополнителни решенија, системот не може да ја апсорбира целата произведена енергија.
Во изминатите две години имавме ситуации со негативни берзански цени, што значи дека производителите или мораа да ги исклучуваат електраните или дури да плаќаат за некој да ја преземе нивната енергија. Вишокот од обновливи извори создава дебаланси во мрежата и покажува дека складирањето станува неопходност, а не избор.
Батериските системи веќе не се дополнителна опција, туку клучна алка за одржливост на енергетската транзиција.
2. Дали инвеститорите веќе задоцнија со батерии?
Не е доцна. Батериските системи како инвестиција кај нас се релативно нови и беше потребно време државата да воспостави јасна законска и регулаторна рамка. Тоа подразбираше измени на закони, правилници и мрежни правила, што денес веќе е завршен процес.
Сепак, времето останува клучен фактор. Колку побрзо се инвестира во батериски систем, толку побрзо се намалуваат загубите и се подобрува економиката на проектот. Периодот крај на 2025 и почетокот на 2026 година ќе биде пресуден за инвеститорите кои сакаат да останат конкурентни.
Како ФЕРОИНВЕСТ, имаме батериски системи на залиха и технички подготвен кадар, што ни овозможува брза и сигурна реализација.

3. Колкава е реалната примена на батериите во моментов?
Батериите сè уште се во почетна фаза на примена, но проблемот кој тие го решаваат е веќе целосно присутен. Ние уште од минатата година ги советувавме сопствениците на фотоволтаични електрани да се подготвуваат за вакви инвестиции, за навреме да одговорат на новите пазарни и регулаторни услови.
Кога сите произведуваат во исто време, никој не може да продава по добра цена. Единственото рационално решение е складирање и продажба во часови со повисока цена.
4. Министерството за енергетика неодамна ги објави компаниите кои добија лиценци за батериски системи кои почнаа да се градат во 2025. Вашата компанија е единствена која има веќе изградени и лиценцирани батериски системи и кои веќе работат. Во јануари се очекува нова група проекти за 2026 година, од кои значаен дел ќе ги реализира токму ФЕРОИНВЕСТ. Како го оценувате ова ново поглавје во енергетската транзиција?
Ова е исклучително важен и позитивен чекор, не само за нашата компанија, туку и за целиот енергетски систем на државата. Фактот што ФЕРОИНВЕСТ е прва компанија со веќе изградени и лиценцирани батериски системи кои веќе работат, покажува дека навреме ја препознавме насоката во која се движи енергетиката. Батериите се поставени на две фотонапонски електрани, едната во сопственост на ФЕРОИНВЕСТ, а другата во наша делумна сопственост, каде сме во партнерски однос со уште неколку фирми.
Батериите повеќе не се пилот-проекти или експеримент – тие стануваат клучна инфраструктура за стабилноста на системот. Новата група на проекти што се очекува во јануари, како и подготовките за 2026 година, јасно покажуваат дека државата и инвеститорите конечно влегуваат во фаза на посистемско планирање.
За нас, ова претставува логично продолжение на нашата стратегија: да не бидеме само градители на електрани, туку активен и контруктивен чинител во управувањето, балансирањето и оптимизацијата на енергетскиот систем. Веруваме дека батериските системи ќе имаат клучна улога во наредните години, особено во контекст на високото учество на обновливи извори, пазарните ценовни флуктуации и новите европски механизми како CBAM, кој сега станува нов предизвик за нас како држава и стопанство.
5. Кои батериски системи ги нудите?
ФЕРОИНВЕСТ е ексклузивен застапник за Македонија на глобалниот бренд WEIHENG (WHES), и нуди две решенија. Станува збор за кабинетски батериски системи со капацитет од 233 kWh / 100 kW, составени од модуларни единици и лесно надградливи, наменети за фотоволтаични електрани до 2 MW.
Дополнително, нудиме и контејнерски батериски решенија од 2, 3, 4 и 5 MWh, наменети за големи комерцијални електрани, целосно прилагодени за надворешна инсталација и екстремни температури.
6. Колку се сложени батериите од технички аспект?
Батериите се далеку посложени од фотоволтаиците. Тие бараат секојдневно управување, мониторинг и оптимизација. Причината е тоа што постојат разлики помеѓу инсталиран и употреблив капацитет, како и софтверски стратегии кои мора да се прилагодат на локалните пазарни услови.
Затоа ние нудиме целосна услуга – од избор и инсталација, до часовно и дневно управување со батеријата, и на крајот откуп на електричната енергија.

7. Значи, нема дилема дека батериите се исплатлива инвестиција?
Цените на батериските системи значително се намалија. Според најновите физибилити студии, повратот на инвестицијата е од 2 до 3 години, земајќи ги предвид сите параметри на деградација и загуби.
Клучно е да се одбере докажан производител. Нашите системи се од AAA – Tier 1 производител според Bloomberg и веќе функционираат во повеќе европски земји. Инвеститорот мора точно да знае каде опремата е инсталирана и како работи, дали некаде во Европа тие конкретни батерии функционираат, кој тука во Македонија ќе ги преземе и сл. Има случаи кога инвеститори купија батерии без да се осигураат за нивната функционалност, за нивната понатамошна инсталација и управување, и наместо да решат еден свој проблем, за жал си создадоа нов. Но, има решение за се.
8. Какви се опциите за финансирање?
Главно преку банки. И банките увидоа дека без батерии фотоволтаичните проекти не се одржливи на долг рок и дека батериит се неопходност и се исплатливи за кредитирање.
За финансирање е потребна физибилити студија и бизнис план, кои ние ги подготвуваме за нашите клиенти, обезбедувајќи им целосна поддршка – од идеја до реализација и управување.
9. Како ќе влијае CBAM врз електричната енергија и инвестициите во батерии?
CBAM ќе ја тангира не само тешката индустрија, туку и електричната енергија, како и уште неколку категории. Со влегувањето во 2026 година, извозот на електрична енергија без дополнителните трошоци за CBAM ќе стане неисплатлив и како таков нема ни да се прави. Никој надвор нема да сака да купи скапа струја од нас, оптоварена со таа давачка. Исто ќе биде во сите земји надвор од ЕУ, се додека не се усогласат со регулативата и не ги воведат потребните регулаторни тела внатре во државите.
Тоа значи дека електричната енергија произведена во Македонија ќе мора да се користи и продава на домашниот пазар. За да се постигне тоа, неопходно е таа да се складира кога ја има во вишок и потоа рационално да се распределува во текот на сите 24 часа и да ја трошиме тука, во Македонија.
Токму сега батериите стануваат стратешка инфраструктура – не само за инвеститорите, туку и за државата. На Македонија и требаат батерии, базна енергија и сериозни инвестиции во преносната и дистрибутивната мрежа.
Енергетската транзиција мора да биде планирана, а не стихијна, за системот да ни остане стабилен.
ПР
Соопштенија
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ
Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ за периодот 02.01.2026 – 08.01.2026 година.

• Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.
ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.
Контакт e-mail: [email protected]
(ПР текст)

