Соопштенија
Заедно сме посилни – Mozzart донираше апарат за рано детектирање на мултипла склероза на Клиниката за Неврологија

Големата кампања за поддршка на здравствените установи продолжува, а благодарност доаѓа и од Министерството за здравство.
Компанијата Mozzart донираше нов апарат за рано детектирање на мултипла склероза, а на предавањето на донацијата присуствуваше и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
„Благодарност до компанијата Mozzart. Овој апарат е од големо значење за нас и пред се за пациентите кои се соочуваат со оваа болест. Се надеваме и би сакале оваа соработка да продолжи и натаму”, изјави министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
И директорот на Клиниката за неврологија, д-р Висар Мифтари изрази голема благодарност до Mozzart.
Колку е потребен овој апарат за клиниката, а најмногу за луѓето кои се борат со оваа болест, објасни претседателката на Здружението за помош и поддршка на лицата со МС, Ана Карајанова Димитрушева.
„Посебна гордост на Националното здружение за МС претставува што сме иницијатори за обезбедување на апарат за електрофореза кој се користи за анализа на церебралноспинален ликвор, односно одредување на имунолошката активност кај пациенти кои се дијагностицираат со мултипла склероза. Огромна благодарност на компанијата Mozzart, која како општествено одговорна компанија излезе во пресрет на барањето на Националното здружение за МС и донираше сериозна сума средства за овој апарат за електрофореза”, изјави претседателката на Здружение за помош и поддршка на лица со МС, Ана Карајанова Димитрушева
Лидерот во приредување игри на среќа, до сега има реализирано разни донации во голем број клиники во Македонија. Помошта и поддршката во здравството ќе продолжи и понатаму.
„ Кога ќе видите насмеани и благодарни лица, разултатот кој сте го постигнале, е тогаш сфаќате колку е убаво да се биде хуман и да се помага. Mozzart е компанија која е веќе добро позната по својата општествена одговорност, по големиот број донации и спонзорства кои ги има реализирано. Овојпат под мотото заедно сме посилни, во соработка со здружението за помош и поддршка на лица со МС успеавме да го донесеме апаратот за рано детектирање на мултипла склероза на Клиниката за неврологија. За нас преставува огромна чест и задоволство што имавме можност да помогнеме пред се на лицата кои се соочуваат со оваа болест”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и намалувањето на симптомите и предизвиците поврзани со аутизмот.
Директорката на Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација Нермин Теловска истакна дека оваа донација е од огромна важност бидејќи апаратот освен во директната работа со лицата со нарушување од аутистичниот спектар и бенефитите кои ги нуди, има напреден и современ софтвер и одлични функции за собирање и разработување на податоци кои ќе овозможат и истражувања и донесување на одлуки и протоколи базирани на податоци.
Оваа активност е директен резултат на трката со хуманитарен карактер „Зегин Спектратон-Трка на херои во сите бои“ која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска заедно со Зегин каде граѓаните преку трчање и спортски активности испраќаат моќна порака за еднаквост, солидарност и емпатија и со своите котизации поддржуваат создавање на инклузивно општество и позитивни промени за заедницата. Трката, која прераснува во традиционален настан, оваа година беше повод граѓаните да трчаат и да донираат за 4 активности, кои освен веќе-споменатиот апарат TMS M50 Ultimate, предвидуваат и опремување на сензорна соба во Здружението Рубико во Кочани, реновирање и доопремување на просториите во одделот за психофизиологија при Клиника за детски болести каде се нуди специјализирана грижа и третмани за децата со нарушување од аутистичниот спектар, како и бесплатна програма за рана проценка за нарушување од аутистичниот спектар која ќе ја спроведе Здружението Сина светулка.
Предвидените активности се доказ дека заедно можеме многу и со вклучување на сите хумани поединци и компании можеме да придонесеме кон создавање на позитивни примери и вредности за заедницата во целост.
(ПР)
Соопштенија
Приклучете се на Халкеко за активно лето со екопридобивки

Летото е период кога природата нè повикува да се движиме, да излеземе надвор и да го почувствуваме ритамот на животот. А кога тоа движење станува дел од иницијатива со вистинска еколошка вредност, секој чекор добива поголема смисла. Токму таква е мисијата на ХалкЕко, зелената платформа на Халкбанк која обединува луѓе околу заеднички вредности – грижа за природата, лична одговорност и фокус кон позитивна промена.
ХалкЕко не е обична апликација која само брои километри. Таа претставува целосно движење што ги менува навиките. Платформата нè мотивира да пешачиме, да планинариме, да трчаме, да возиме велосипед или едноставно, да ја одбереме поеколошката алтернатива во секој момент. За секоја активност, корисниците добиваат еко-поени кои може да се искористат за конкретни придобивки. Но, уште поважно, секој наш чекор придонесува за засадување нови дрвја и создавање поздраво и почисто опкружување, како дел од иницијативата што ја презема Халкбанк. Така сите заедно стануваме дел од мисијата со јасна цел, намалување на еколошкиот отпечаток и создавање поодржлива и позелена заедница.
Во изминатите пет години, Халкбанк има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и проекти за подигнување на еколошката свест кај младите генерации.
Ова лето е вистински момент да се приклучиме кон оваа промена. Дури и со најминималните активности во нашата најблиска околина, можеме да го намалиме негативниот белег кој го оставаме зад нас, додека истовремено се грижиме за сопственото здравје и благосостојба. ХалкЕко е потсетник дека одржливиот начин на живот не е секогаш сложен како што изгледа – доволни се мали чекори што имаат големо значење.
Токму овој период е од посебна важност бидејќи природата повторно се соочува со сериозни предизвици. Голем број пожари уништија значајни шумски површини низ нашата земја. Затоа, како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“, Халкбанк во соработка со ЈП Македонски шуми наесен ќе започне со нов бран пошумувања на најпогодените локации. Оваа акција е продолжение на посветеноста на Халкбанк кон општествено одговорно делување и заштита на животната средина.
Приклучете се на ХалкЕко и направете го вашето лето активно, исполнето со движење и корисно за природата. Движете се повеќе, живејте одговорно и оставете зелен отпечаток зад себе. Затоа што иднината што ја посакуваме започнува од нас, од секој изминат километар и секое засадено дрво.
(ПР)
Соопштенија
Mint Credit Giveaway – лето со стил, лето со Mint!

Летото е време за авантури, нови спомени и уживање без грижи. А што ако ти кажеме дека ова лето може да биде уште повозбудливо? Со Mint Credit не само што добиваш кредит со 0% камата и трошоци, туку и можност да добиеш неверојатни подароци кои ќе ти го разубават секој ден.
Подароците што те чекаат
Во големиот летен GIVEAWAY подготвивме 9 фантастични подароци:
• 3x Дронови – долови ги најубавите летни пејзажи од птичја перспектива.
• 3x Polaroid камери – зачувај ги моментите со фотографии во рака веднаш.
• 3x Проектори – уживај во филмови и серии на големо платно, било каде.
Mint Credit нуди кредити по најповолни услови со брз и едноставен процес на аплицирање. Без долги редици, без непријатни изненадувања – само финансиска слобода и можност да го оствариш она што го посакуваш. Сега е совршено време да ги да ги направиш летните авантури уште попријатни со помош на Mint Credit.
Не чекај – ова лето направи го незаборавно!
Добиј подароци, создавај спомени и уживај во финансиска слобода со Mint Credit. Аплицирај лесно преку Mint App (достапна на Google Play и App Store) и остави Mint Credit да ги оствари твоите желби – летото никогаш не било повозбудливо!
Повеќе информации на 15 107 или на Mint Credit.
(ПР)