Соопштенија
За докажана безбедност на женското интимно здравје

Вагиналните инфекции кај жените се најчеста причина за посета на гинеколошките клиники бидејќи тие често се изложени на поголем број патогени микроорганизми. Повеќе од 300 милиони жени во светот секоја година страдаат од некоја форма на урогенитална инфекција. Вулвовагинитисот како воспаление на надворешните гениталии и вагината главно е предизвикан од инфекција, најчесто од габи (Candida albicans), бактерии или протозои (Trichomonas vaginalis). Вагиналниот исцедок предизвикан од инфекција предизвикана од бактерии или паразити има непријатен мирис, додека тоа не е случај со кандидијазата. Покрај зголеменото лачење, чести симптоми се чешање и чувство на печење, како и болна чувствителност на надворешните гениталии и може да бидат поврзани со нарушена рамнотежа на вагиналната микрофлора, која формира природна заштита од колонизација на штетни бактерии и габи.
За да се заштитите од вагинални инфекции и да одржувате правилна хигиена на интимната регија, се препорачува да користите препарат кој содржи пробиотски култури за вагинална употреба, кој го спречува населувањето на патолошките микроорганизми и придонесува за одржување на нормална pH вредност на вагиналната флора.
Препаратот FemmaBiotic® ја враќа рамнотежата на вагиналната флора и затоа природно придонесува за одржување на урогениталното здравје. Содржи иновативни клинички поддржани комбинации на 4 патентирани соеви на лактобацили: L.crispatus, L.rhamnosus, L.acidophilus и L.gasseri, кои научно е докажано дека имаат позитивен ефект врз урогениталното здравје на жените.
Препаратот FemmaBiotic® вагиналните капсули се користат за обновување и одржување на природната рамнотежа на вагиналната флора. Тие содржат бактериски култури кои природно се наоѓаат во здравата вагинална флора, каде што го спречуваат населувањето и размножувањето на штетните микроорганизми, обезбедуваат кисела pH вредност на вагината и со тоа дополнително придонесуваат за превенција. Користењето на производот ја отстранува сувоста и непријатноста во интимната зона. Обезбедува долготрајна и оптимална влажност. Примената на препаратот може да се повторува на неодредено време, по потреба. Особено се препорачува за жени во менопауза, со нарушен баланс на вагиналната микрофлора поради влијанието на намаленото производство на женски хормони.
FemmaBiotic® ја враќа рамнотежата на вагиналната флора и помага во одржувањето на урогениталното здравје на природен начин. Редовната употреба на производот обезбедува здрава вагинална микробиота, што е од клучно значење за целокупното здравје на жената. Овој женски пробиотик ја одржува природната рамнотежа на вагиналната флора, го спречува развојот на штетни микроорганизми, има антиинфламаторно дејство на вагиналната кожа и мукозната мембрана, го зголемува бројот на лактобацили, ја регулира вагиналната pH вредност, ја поддржува вагиналната макробиота и спречува појавата на вагинални и уринарни инфекции, ги ублажува симптомите на постоечките инфекции и ја нормализира функцијата на цревата, а истовремено го зајакнува локалниот имунитет во цревата. Благодарение на уникатната формулација на пазарот, само една капсула FemmaBiotic® дневно е доволна за здрава вагинална флора.
Негувајќи здрави навики, жената ја презема контролата над своето интимно здравје со редовен скрининг и одење на гинеколог еднаш годишно. Спречете ја непријатноста која може да настане поради вагинални инфекции. Обезбедете здрава макробиота и нормална вагинална флора со женски пробиотик FemmaBiotic®.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Митовски: Црешево и Смилковци ги враќаме на мапата на развојот

Актуелниот градоначалник цел мандат ги остави Црешево и Смилковци во пустош и заборав. Без ниту еден капитален проект, без инвестиции, без елементарни услови за живот. Времето на неработа, запоставеност и игнорирање на овие населени места завршува. Таа слика ќе се промени во мандатот што следи, затоа што мојата визија е јасна – рамномерен развој на сите населени места во Општина Гази Баба, изјави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски.
„Во Црешево ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од дополнителни 300 кубни метри, ќе се доврши фекалната канализација, а краците од улица 3 ќе бидат конечно асфалтирани и санирани. Ќе ја замениме целата водоводна линија од препумпната станица во Железара до резервоарот во Црешево во должина од 6 километри, ќе изградиме нова бушотина за зголемен доток на вода, ќе го осветлиме регионалниот пат Црешево–Стајковци и ќе изградиме пешачка патека по целата должина. Дополнително, ќе изградиме и прочистителна станица за фекални води. Во Смилковци исто така ќе изградиме нов резервоар за вода со капацитет од 300 кубни метри, ќе ја довршиме фекалната канализација и ќе ја замениме целата водоводна линија во должина од 3,5 километри. Ќе се изгради нова бушотина, ќе се прошири патот и ќе се направи пешачка патека од Смилковци до Црешево, а краците од улица Павле Божинов конечно ќе бидат асфалтирани. Во недела, гласот за број 5 е глас за реализација на овие проекти, за секој дом, за секој од вас, за модерна и развиена Општина Гази Баба“, рече Митвоски.
Соопштенија
Герасимовски: Центар е инклузивна и хумана општина, вложуваме во луѓето и нивните потреби

Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, најави дека Општина Центар и во следниот период ќе остане посветена на инклузивноста, преку проекти и програми за поддршка на ранливите категории граѓани и создавање еднакви можности за сите.
Тој кажа дека во областа на образованието, Центар е единствената општина во државата која од сопствен буџет ангажира лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби.
„Преку проектот ‘Образование за сите’ ангажираме лични асистенти во основните училишта, со што на децата им овозможуваме поддршка во учењето и подобра интеграција во наставниот процес. За оваа намена од буџетот годинава издвоивме 4. 400. 000 денари“ истакна Герасимовски.
Дополнително, додаде тој, училиштата и градинките во Центар се уредени со инклузивен пристап и сензорни соби наменети за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.
Герасимовски рече дека Општината обезбедува и бесплатен транспорт до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост.
„Ова е исклучително важна мерка за лицата кои не можат самостојно да се движат, но и за нивните семејства. За оваа услуга годишно издвојуваме 500.000 денари од општинскиот буџет, со цел да им го олесниме пристапот до здравствените установи за да добијат потребните услуги,“ додаде Герасимовски и потсети дека во рамки на локалната самоуправа активно функционира и Центарот за дневен престој за лица со попреченост, каде се обезбедува стручна грижа, поддршка и активности наменети за развој, едукација и социјализација.
Соопштенија
Ѓорѓиевска: Водевме кампања со визија, проекти и со дела

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела. Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово, рече таа.
„Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи реални резултати, а не празни ветувања“, нагласи Ѓорѓиевска.
Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. „Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.
Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, ново отворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.
Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот“, потенцираше носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.
Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места. „Излезете и поддржете нè затоа што зад нас стои визија, систем и тим што работи за Вас, не за лични интереси. Поддржете нè затоа што знаеме како, затоа што ве слушаме и затоа што сме дел од вас. На 19 октомври изберете стабилност, искреност и дела. Гласајте за број 2 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, повика Ѓорѓиевска.