Соопштенија
Иконската елеганција се појави на македонските патишта: промоција на новото Porsche Panamera
- Подигитална, полуксузна, поефикасна: новата Panamera
- Porsche Active Ride суспензија за поголема удобност и динамика
- Подобрени E-Перформанси – поголема моќност, поголем опсег
- Нов надворешен дизајн со уште поголем акцент на ширината
- Porsche Driver Experience: нов концепт на контрола и дигитален кокпит
- Голем избор на иновативни системи за помош
Oлицетворението на автомобилската извонредност – Новата Panamera, официјално претставена и на нашиот пазар, на престижен настан во Music Bar Intermezzo. Aвтомобилските ентузијасти и претставниците на медиуми, на вечерен настан имаа можност први да ја погледнат новата Panamera.

Официјалниот почеток на настанот го најави Генералниот Директор на Порше Македонија – Златко Муцунски, кој им посака топло добредојде на гостите: „Дами и господа, почитувани гости, задоволство ми е да Ви посакам големо добредојде додека тргнуваме на возбудливо патување во светот на автомобилската извонредност со откривањето на најновото ремек дело од Porsche: новата Porsche Panamera. Со децении, Porsche е синоним за иновација, прецизност и немилосрдна потрага по автомобилско совршенство. Со секое ново издание, Porsche продолжува да ги редефинира границите на перформанси и луксуз, а новата Panamera не е исклучок“ изјави Златко Муцунски.

По воведниот говор, деталната презентација на новиот модел беше изведена од страна на Бренд Менаџерот на Porsche – Винко Марашевиќ, кој изјави: „Наследството на Porsche е она што е дефинирано со немилосрдните иновации, непоколебливата посветеност на извонредноста и непопустливата страст за уметноста на возење. И со новата Panamera, Porsche уште еднаш го подигнува нивото, поставувајќи нови стандарди во перформансите, луксузот и технолошкиот напредок. Panamera отсекогаш го претставувала совршениот спој на формата и функцијата – возило кое беспрекорно ја спојува елеганцијата со динамиката, луксузот со перформансите. И во оваа нова генерација, сите нејзини веќе познати карактеристики се издигнати на невидени височини.“

Супериорно чувство со најсовремените системи за суспензија
Новата Panamera доаѓа со двокоморно воздушно потпирање со два вентили со Porsche Active Suspension Management (PASM) како стандард. Технологијата со два вентили ги раздвојува етапите за компресија на контролата на амортизерите и затоа нуди уште поширок опсег помеѓу удобноста и динамиката. Системот значително ги намалува вибрациите од попречите споеви и нерамнините на патот, а во исто време обезбедува поголема стабилност при динамично возење.
Дополнително, иновативната активна суспензија на Porsche Active Ride е достапна како опција за моделите E Hybrid. Овој систем ги надминува сите други познати системи на суспензија и нуди невиден дијапазон на можности помеѓу удобноста и динамиката при возењето. Основата на овој систем се ново развиените активни амортизери кои се исто така со технологија со два вентили од кој секој е поврзан со електрично придвижувана хидраулична пумпа. Тоа генерира волуменски проток во амортизерот според побарувачката на истиот и затоа може да создаде сили меѓу телото и тркалата на молскавично брз, многу прецизен и насочен начин. Така целосно ги компензира силите што делуваат на суспензијата како резултат на нерамни површини на коловозот. Системот за воздушно потпирање со една комора пак е заштеда на тежина и така ја надополнува оваа технологија. Суспензијата го одржува телото на Panamera на ниво во секое време, дури и при динамично сопирање.
Е-Performance
Porsche нуди вкупно четири ефикасни E-Hybrid погонски единици за новата Panamera, како одговор на големата побарувачка за овој тип на погонски систем. Сите E-Hybrid варијанти во новиот модел имаат поголеми перформанси, опсег и ефикасност. Panamera Turbo E-Hybrid е достапна на самиот почеток како модел со најдобри перформанси помеѓу хибридните модели. Срцето на неговиот погон е фундаментално ревидираниот четирилитарски V8 турбо мотор. Моќноста на новоразвиениот електричен мотор е 140 kW (190 КС). Заедно, тие создаваат системска моќност од 500 kW (680 КС). Вртежниот момент на системот достигнува импресивни 930 Nm што овозможува забрзување од 0-100 за 3,2 секунди и максимална брзина од 315 km/h. Porsche го интегрира електричниот мотор во куќиштето на сеопфатно редизајнираниот осум-брзински PDK менувач со двојна спојка.
Луксузно и спортско внатре и надвор
Новата Panamera ги задржува карактеристичните линии и пропорции на моделската линија. Должината изнесува 5.052 mm, ширината е 1.937 mm и висината изнесува 1.423 mm. Фундаментално обновениот изглед му дава на спортскиот седан уште поизразен и спортски изглед. Напред, дополнителен довод на воздух над регистарската табличка компензира за зголемената потреба за воздух на погонските системи. Редизајнираната линија на прозорците во страничниот поглед го зајакнува лимузинскиот карактер на спортскиот автомобил со четири врати. Надворешните рабови на задното стакло се на исто ниво со контурата на каросеријата, создавајќи хармонични линии на задниот дел од автомобилот.
Концептот на Porsche Driver Experience во кокпитот се одликува со идеална рамнотежа помеѓу дигиталните и аналогните контролни елементи и ги позиционира влезните и излезните елементи неопходни за возење по оската на возачот. Рачката на менувачот се наога веднаш десно од воланот. Прекинувачот на режимот за програмите за возење Normal, Sport и Sport Plus и контролните рачки за помош се исто така директно достапни за возачот. Ова значи дека возачите не треба да го тргаат погледот од патот за да ги приспособат програмите за возење и системите за помош.
Новата Panamera е достапна веднаш во салонот на Porsche Center Skopje.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

