Соопштенија
Интервју со амбасадорот на Р. Словенија во Северна Македонија, г. Грегор Прескер: Македонците се добредојдени во Словенија, децениската соработка е доказ за тоа
Интервју со амбасадорот на Р. Словенија во Северна Македонија, г. Грегор Прескер
- Какви се односите меѓу Словенија и Северна Македонија? Каква е политичката, стопанската и развојната соработка меѓу двете земји?
Односите меѓу двете земји се одлични уште од признавањето на независноста на Северна Македонија во 1992 година и отворањето на Амбасадата во Скопје, која беше дури и првата странска амбасада во земјата. Во текот на три децении Словенија и Северна Македонија изградија примерни политички односи, многубројни партнерства од областа на стопанството, културата, образованието, одбраната, внатрешните работи (полицијата), како и други области.
Словенија е долгогодишен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евро-атлантски пат и по полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, се фокусира на пренесување на словенечкото искуство во преговарачкиот процес за влез во ЕУ. Активно сме ангажирани и за добивање поддршка од другите земји членки на ЕУ во овој процес.
Словенија и Северна Македонија се важни стопански партнери. Во 2022 година трговијата со стоки е зголемена 14 %. Позитивното економско опкружување и правичната законска рамка се клучни елементи за натамошно зајакнување на нашата билатерална стопанска соработка со акцент на инвестициите.
Северна Македонија е еден од главните приоритети на Словенија во областа на развојната соработка. Од 2010 година до денес има добиено приближно 37,7 милиони евра од словенечкиот фонд за развојна соработка.
Словенија издвојува најголем дел од развојната помош за младите од Северна Македонија, кои се ослободени од школарина за додипломски и постдипломски студии на словенечките универзитети. Тие го привлекуваат вниманието кон себе со своите професионални и научни достигнувања и со богатите културни активности на нивните здруженија. За успехот на македонските студенти во Словенија говори и тоа што еден од нив моментно е министер во владата на Република Словенија.
- Како членството во ЕУ влијаеше на Словенија и на нејзините жители?
Од членството во Европската Унија во 2004 година Словенија постигна значителен економски и социјален напредок. Словенија стана членка на единствениот пазар на ЕУ, кој е најголемата економска област во светот. Словенечките компании можеа да почнат слободно да тргуваат со стоки и услуги во другите земји на ЕУ. Ова го стимулира економскиот раст и отвори нови работни места. Дополнително, ЕУ обезбеди финансиска помош за Словенија за развој и поддршка на економијата. Резултатите од овие промени беа видливи со економскиот раст на Словенија. БДП на жител порасна повеќе од 50 % од 2004 до 2022 година. Словенија стана една од најстабилните економии во регионот.
Членството во ЕУ ѝ донесе многу социјални предности на Словенија. ЕУ им го гарантира правото на слободно движење на граѓаните на ЕУ. Словенците можеа да почнат слободно да патуваат, да живеат и работат во други земји на ЕУ. Ова ги зголеми можностите за граѓаните и придонесе за поголема мобилност на работната сила. ЕУ исто така обезбедува високи стандарди за заштита на човековите права и демократијата. По пристапувањето во ЕУ, Словенија мораше да го приспособи своето законодавство на заедничките правни стандарди на ЕУ, што придонесе за подобрување на човековите права и на демократијата во Словенија.
Поради овие причини, Словенија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзиниот реформски процес и усогласување на законодавството со европското право.
- Зошто се решивте за соработка на настанот „Работа и живот во Словенија“?
Сакаме странските работници, кои одлучуваат да работат во Словенија, да бидат добро информирани за своите права и должности. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Словенија можеме да обезбедиме на настанот да бидат претставени доверливи работодавци, кои го почитуваат законот и обезбедуваат добри услови за работа. На тој начин барателите на работа ќе добијат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија, како и релевантна правна заштита со релевантни информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)

