Соопштенија
Како до светла иднина и финансиска независност?
Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност.
На патот до вашата финансиска слобода, често ќе треба да се соочите и со надминување на некои препреки и прилагодувања, но, со посветено и паметно финансиско менаџирање, целите се секогаш достижни.
Еве неколку совети кои може да ги искористите во таа насока:
· Поставете јасни цели.
Дефинирајте што точно посакувате. Реновирање на вашиот дом; професионално или академско надградување; патување; започнување на ваш личен бизнис.. Притоа, секогаш поставувајте ги целите за исполнување по личен приоритет.
· Дефинирајте потребен буџет:
Следете ги вашите приходи и трошоци. Ова ќе ви помогне да разберете каде одат вашите пари и како би можеле да го намалите трошењето или да заштедите повеќе.
· Функционирајте во рамки на вашите можности.
Избегнувајте прекумерно трошење и инфлација на животниот стил. Потрошете помалку отколку што заработувате и зачувајте ја разликата. Така ќе создадете простор за заштеди и инвестиции.
· Отплатете го долгот со висока камата.
Приоритет нека ви биде што е можна побрза отплата на долгови со висока камата. Намалувањето на долгот ќе ослободи повеќе од вашиот приход за штедење и вложување.
· Останете посветени.
Дисциплината и посветеноста ќе ве држат мотивирани и фокусирани за да стигнете до посакуваното.
Во однос на банкарски понуди, кои се соодветни и вредни за разгледување за реализирање на некоја од вашите цели, Халкбанк ви го посочува нивниот Потрошувачкиот кредит со полиса од незгода.
Овој ненаменски кредит може да се искористи за задоволување на важни потреби, но и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може знаително да се добие и намалување на месечните рати.
Се работи за единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им овозможува и дополнителен слој на заштита. Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 5,9% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилна каматна стапка дефинирана како: 2 пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 6% (8% номинална каматна стапка), не пониско од 7%.
За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.200.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Провизијата за обработка на кредитот изнесува 0,5% еднократно однапред, а во случај на негова предвремена отплата, не се наплатува провизија. Задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 1000 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

