Соопштенија
Левицата: Работниците се колатерална штета на новите безбедносни мерки на Владата
Владата, којашто повеќе од година и пол катастрофално се справува со пандемијата предизвикана од коронавирусот, понатаму продолжува да носи одлуки на штета на работниците. Како да не беа доста илјадници изгубени работни места и стотина затворени фирми, Владата наместо помош за стопанството, со новите безбедносни мерки прави нов атак врз правата на работниците, реагираат од Левицата.
Угостителскиот сектор, додаваат од таму, иако е најпогоден сектор од корона-кризата, повторно е принуден поради новите мерки на Владата да стави клуч на врата и да ги отпушти и тие малкумина работници коишто им останаа. „За разлика од угостителскиот сектор, којшто е директно погоден од новите мерки на Владата, од друга страна фирми блиски до СДС, не бирајќи средства како уште повеќе да ѝ се додворат на Власта, а под изговор поради новите мерки на Владата, вршат индиректен притисок врз работниците истите да се вакцинираат“, се потенцира во соопштението од оваа партија.
„Една од тие фирми е кочанска ‘Антура’, која преку писмено соопштение им се заканува на работниците дека, доколку не се вакцинирани, ќе бидат прераспределени на друго работно место или привремено отстранети од работа. Иако притисокот е суптилен и индиректен, сепак влева страв кај работниците, кои плашејќи се за своето работнo место, изјавуваат дека се принудени да се вакцинираат против своја волја. Други фирми, пак, како кочанската фирма ‘Амфенол’ одат со друга форма на притисок преку нудење ‘награда’ од 500 денари и ‘новогодишен бонус’ од 3.000 денари за оние работници коишто ќе се вакцинираат, а во исто време на кандидатите за вработување кои не се вакцинирани, ниту не им е дозволено да конкурираат за вработување“, стои во напишаното од Левицата.
Според Левица, новите мерки се однесуваат исклучиво на угостителските објекти и трговските центри, а не за фабриките и останатите правни субјекти, па оттука, реагираат од партијата, работодавците не смеат да прават никаква сегрегација на работниците по основ дали истите се вакцинирани или не, ниту, пак, смеат под тој изговор да вршат прерaспределба или отстранување од работното место.
Апелираме до сите работници одлуката дали ќе се вакцинираат или не да ја донесат врз основа на свое сопствено убедување, онака како што самите сметаат дека е најдобро за нив и да не потклекнуваат под притисоците на работодавачите. Исто така апелираме до сите работници да побараат правна помош и да ги искористат сите правни средства доколку им биде нарушено некое работничко право, е наведено во соопштението од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

