Македонија
Левицата: Пописот итно да биде прекинат
Од партијата Левица апелираат до власта пописот итно да биде прекинат.
„Откако група програмери укажаа на низа пропусти и недостатоци на апликацијата за попис на дијаспората, кој почна на 1 март, првиот човек на Државниот завод за статистика, наместо сериозно да се зафати со решавање на недостатоците на системот, тој повторно во стилот на власта им се закани на граѓаните со затворски казни“, реагираат од Левицата.
Според Левицата, аматеризмот во изведувањето на најзначајната статистичка операција се гледа и во тоа што за попишување на населението надвор од границите по електронски пат работата ѝ е доверена на бугарската компанија „Скејл фокус“, и тоа како донација.
Ова, како што укажуваат од партијата, е направено без организиран тендер со јасно дефинирани критериуми кои ќе ја гарантираат безбедноста на процесот.
„Потсетуваме дека Левицата Законот за пописот го оспори пред Уставниот суд поради неколку причини: првин поради тоа што спроведувањето попис во време на пандемија е сулудно, особено во состојба кога Владата нема набавено ниту една единствена вакцина“, информираат од партијата.
Според Левицата, законот ги повредува приватноста, тајноста и сигурноста на личните податоци.
Од оваа партија предупредуваат дека резултатите од ваквиот попис ќе бидат груб фалсификат и ќе бидат искористени единствено во служба на легитимирање на дополнителните политики, кои власта ги планира, а со кои системски и намерно државата се води кон дезинтеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

