Соопштенија
Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното реално шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature!
Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак.
Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!
„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година.
Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Јанчев: Изградба на дом за стари лица, три катни гаражи, гасификација на Кавадарци

Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, истакна Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг.
Јанчев посочи дека изминатиот мандат има реконструирано над 100 улици, воспоставено фекална и канализациона мрежа, како и изградба на 3 училишни спортски сали во село Сопот, Мрена и Возарци.
„Одговорноста е сега уште поголема, кавадарчани очекуваат уште повеќе работа и резултати. Но, јас имам визија и стратегија, програма која ветува и се обврзува на подобар и поквалитетен живот за сите кавадарчани. Во изминативе години инвестиравме во патната инфраструктура, реконструиравме и асфалтиравме на над 100 улици во Кавадарци и населените места и поставивме фекална и канализациона мрежа.
Јанчев ја побара поддршката од кавадарчани, за како што рече тој, Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред.
Во следниот 4 годишен мандат, Јанчев вети доградба на скијачката патека „Кожувска Панорама“, изградба на дом за стари лица, гасификација на Кавадарци“.
Порача дека кавадарчани на 19 октомври гласаат за својата иднина, за проекти и дела.
„Ве повикувам работата да ја завршиме уште во првиот круг на 19 октомври, да излеземе обединети, сплотени да дадеме поддршка и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со заокружување на бројот 9 вие гласате за вашата иднина, за проекти и дела, за развој и сигурност. Гласајте за вашиот градоначалник, гласајте за советниците од нашата листа, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Ова е победа за Кавадарци, за Македонија и за иднината на нашите деца. За твоето место, за твојата иднина и со твојот човек, за сите нас“, заклучи Јанчев.
Соопштенија
Нацева: Неготино ќе добие нов градски плоштад и кружен тек

На денешниот митинг во општина Неготино, кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева истакна дека преку реализација на конкретни проекти, Неготино и населените места ќе бидат уште попристојни и поубави за секојдневно живеење и функционирање.
„Секој граѓанин е важен, секој граѓанин заслужува да го добие должното внимание, да биде слушнат, да се разговара со него, да се разменат идеи, мислења и предлози“, нагласи Нацева.
Најави проекти за уредување на центарот на Неготино, со изградба на нов градски плоштад и кружен тек.
„Изградба на нов градски плоштад, изградба на кружен тек, реконструкција со рехабилитација на главната улица Маршал Тито, реконструкција на тротоари на улица Маршал Тито и на улица Партизанска, реконструкција на патот од Долни Дисан до Горни Дисан, реконструкција на улица Ленинова, реконструкција во населено место Криволак и многу други проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите неготинчани“, рече Нацева.
Соопштенија
Димитријевиќ: Конче со Благој Илиев ќе биде подобро место за живеење, народот тоа го знае

ДПМНЕ го запре напредокот на општина Конче. Со Илиев, Конче ќе биде подобро место за живее, народот тоа го знае. Благој Илиев не само што ги знае проблемите на Конче туку ги има и решенијата, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ на предизборниот собир на СДСМ и Коалицијата во Конче.
Димитријевиќ нагласи дека Конче заслужува да се врати на развојот започнат пред 2021 година, со чесност и одговорност која, како што посочи, ја има Илиев и кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, кои се подготвени да се борат за Конче.
-Нашиот кандидат Благој Илиев е човек со визија, енергија и чесност. Тој веќе покажа дека знае како да решава проблеми и да работи во интерес на граѓаните. Затоа на овие избори да му дадеме поддршка – за да имаме вистинска грижа за сите нас. Да гласаме за него, затоа што нашиот дом Конче заслужува повеќе, повика Димитријевиќ.
Потсети дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Конче остави пустош и хаос, неостварени ветувања, исто како што Владата на ДПМНЕ и нивните сателити ја туркаат земјата во темнина, со партизација, непотизам и злоупотреби.
Нагласи дека СДСМ се бори за ред и правда, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и вистински сервис на граѓаните.
-Се бориме за држава што е дом за сите. СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност: државата да биде дом за сите. Но нашиот дом мора да го браниме од оние што сакаат да го присвојат само за себе, да им го одземат на граѓаните и да го злоупотребуваат, крадат и запуштаат. Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите, порача од предизборниот собир во Конче генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.