Соопштенија
Пријавувањата за „Халк вело грин“ се во тек, на 8 септември во Маврово ќе се одржи традиционалната трка
Пријавувањето за учество во годинешната трка трае до 3 септември и се одвива преку www.smartrace.club, а вкупниот број учесници е ограничен и доколку предвидениот број се пополни пред наведениот рок, пријавувањето ќе биде затворено.
Котизацијата за учество во овој период изнесува 800 денари, а сите собрани средства, како и секоја година, ќе бидат наменети за пошумување.
Трката Халк Вело Грин е дел од општествено одговорните активности на Халкбанк насочени кон поттикнување и негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко. Започната во време на пандемијата, побудувајќи голем интерес кај огромен број луѓе кои го користат велосипедот за спортување, рекреација или како превозно средство, таа прерасна во традиционална трка што годинава ќе се одржи по четврти пат.
Натпреварувањето ќе биде организирано во две категории – ХОБИ и ДЕЦА (во машка и женска кокуренција), а се воведува и тимско рангирање. Во рамки на категоријата ХОБИ формирани се и подкатегории според возраста: мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години. Во категорија ДЕЦА, ќе се натпреваруваат деца од 6 до 12 години, кои ќе возат 12 километри (до Никифорово и назад) и деца од 13 до 17 години, кои ќе ја возат целата дожина на патеката, односно 22 километри во насока Бистра-Леуново-Бистра.
Исто така, постои и можност за тимско пријавување каде што услов е да има најмалку тројца натпреврувачи од кои најмалку еден од тројцата учесници да е машко или женско. При пресметка на екипното време на тимот, предвид ќе се земат времињата само на најдобрите три натпреварувачи/ки. Рангирањето ќе се изврши во една категорија (мешани екипи) и најдобрите три тима ќе бидат наградени со дипломи и трофеј.
За најдобрите велосипедисти во сите категории, Халкбанк повторно обезбеди вредни парични награди од 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ХОБИ, во машка и женска конкуренција. Во категоријата ДЕЦА, за најбрзите велосипедисти во двете подкатегории наградите изнесуваат 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ХОБИ ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.
Платформата ХалкЕко ја претставува „зелената агенда“ на Халкбанк преку која што таа реализира и поддржува низа проекти посветени кон зачувување на природата.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.

