Соопштенија
Константинос Николау нов в.д. директор на Цементарница УСЈЕ
Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори. Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. неизвршен член на Одборот на директори.
Константинос Николау најголемиот дел од своето професионално искуство го стекнал и развивал во рамките на Титан Групацијата, чиј дел е од 2004 година. Одлично ја познава технологијата на производство на цемент и имплементацијата на иновации во оваа индустрија. Својата кариера ја започнал како менаџер за производство во цементарницата во Солун, а бил и менаџер на оваа компанија, како и на цементарницата на Титан во Златна Панега, Р. Бугарија и во Флорида, САД. Тој е магистер по машинско инженерство на Универзитетот Аристотел во Солун, а поседува и магистратура за управување во научни и процесни истражувања, стекната на Бизнис школата во Ворвик, Велика Британија.
„Креирањето на одржлив развој останува највисока цел на нашата компанија и сите наши активности ќе продолжат да се движат во таа насока. Ние можеме да го постигнеме тоа само преку искрена и тесна соработка со сите наши партнери. Одржливиот развој е можен само доколку сите чинители во заедницата заедно се поддржуваат и напредуваат. Продолжуваме со активности и проекти кои ќе бидат значајни и за нашата компанија, за националната економија и за заедницата во целина“, истакна Константинос Николау.
Борис Хрисафов ја водеше компанијата од 2011 година, кога ја презема позицијата главен извршен директор и кога беа спроведени големи реформски процеси. Истата година компанијата ја доби Интегрираната А-еколошка дозвола. Во овој значаен процес на модернизација на производството и целокупното работење на компанијата беа инвестирани 60 милиони евра. Во насока на поголемо користење на обновлива енергија базирана на принципите на кружната економија, беше инвестирано во постројка за употреба на алтернативни горива, прва од ваков вид во земјата, и во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 3 MWp. Покрај овој значаен процес, под лидерство на Хрисафов беа зајакнати односите со сите засегнати страни и партнери на компанијата, а значително беше подобрена транспарентноста и односот со јавноста, невладиниот сектор и медиумите.
„Промените никогаш не биле лесен и едноставен процес. И покрај тоа ние бевме решени дека како одговорна и транспарентна компанија тоа е нашиот пат. Започнавме процеси преку кои беше трансформирано нашето работење, а инвестициите овозможија сите наши активности да се одвиваат согласно највисоките стандарди. УСЈЕ дава значаен придонес за националната економија, а реализацијата на партнерски проекти со различни чинители од заедница ни овозможи да поттикнеме промени во различни сегменти во општеството. Во овој процес на промени значајна беше поддршката од сите наши партнери и уверен сум дека и во иднина таа не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира, бидејќи новите ЕСГ-стандарди го поттикнуваат овој процес“, истакна досегашниот главен извршен директор, Борис Хрисафов.
Новиот главен извршен директор Николау ќе ја продолжи политиката на континуиран одржлив развој, транспарентност и градење на цврсти врски со сите засегнати страни и релевантни партнери. Функцијата претседател на Одборот на директори ја презема Марио Брачи, кој е и неизвршен член на Одборот на директори. Јанис Паниарас, кој си даде оставка поради други професионални ангажмани во Групацијата Титан, повеќе не е член и претседател на Одборот на директори.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Презентација на Panamera Exclusive Manufaktur во Porsche Center Skopje
Porsche Center Skopje претставува специјално дизајнирана Panamera Exclusive Manufaktur, истакнувајќи го највисокото ниво на персонализација и изработка достапно од Porsche. Изложено во салонот за ограничено време, возилото демонстрира како перформансите, луксузот и индивидуалноста се спојуваат преку програмата Exclusive Manufaktur.


Презентирана Panamera се одликува со внимателно одбрани материјали, комбинации на бои и рафинирани детали за ентериерот, сите изработени според личната визија на клиентот. Од ексклузивни кожни завршни обработки и декоративни елементи во карбон, до препознатливи надворешни акценти, секој елемент ја одразува посветеноста на Porsche на прецизност и индивидуалност.

Со оваа презентација, Porsche Center Skopje ја нагласува својата посветеност да им понуди на клиентите не само исклучителни возила, туку и високо персонализирани искуства од Porsche. Посетителите беа поканети да ги истражат можностите на Exclusive Manufaktur и да откријат како Panamera може да се прилагоди за да ја одрази нивната сопствена интерпретација на модерен луксуз и перформанси.


Со претставувањето на оваа верзија на Panamera, експертите од Porsche Center Skopje детално ги водеа клиентите низ широкиот спектар на опции кој ги нуди програмата Exclusive Manufactur.
(ПР)
Соопштенија
Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
Халкбанк воведува уште еден иновативен производ – прва банкарска картичка наменета за деца на возраст од 9 до 15 години. Овој производ е креиран за специфичните потреби на децата, кој ним ќе им помогне да стекнат корисни финансиски навики, а на родителите да имаат поголема контрола врз тоа каде и колку трошат нивните деца.
Станува збор за Mastercard Junior дебитна картичка, која е прва во земјава наменета за деца и тинејџери на возраст до 15 години. Картичката се поврзува со сметка на детето, но за сета документација, следење на трошењето и поставување ограничување на сумите за плаќање е одговорен родителот или старателот.
„Нашата цел е на децата да им овозможиме сопствена картичка, преку која ќе стекнат чувство дека располагаат со реална сума пари. На тој начин ќе учат како одговорно да го менаџираат својот џепарлак, да вршат сигурни и безбедни плаќања и постепено да развиваат навики за штедење. Родителите, пак, имаат целосна контрола врз користењето на картичката од страна на своите деца и добиваат СМС известување за секоја нивна трансакција. Веруваме дека ова претставува иновативен и веќе нужен пристап за поттикнување финансиска писменост и одговорност кај најмладите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Халки картичката нуди низа поволности – повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
„Со ваквиот пристап, децата се навикнуваат, изучуваат и се подготвуваат за користење на бенефициите што ги овозможува дигиталниот свет. Ова е особено важно имајќи предвид дека токму децата кои сега се на оваа возраст, се очекува да бидат идни двигатели во забрзувањето на дигитализацијата на општеството“, изјави Атила Селим, директор на Дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк.
Сите заинтересирани за новата Халки картичка, може да аплицираат во која било филијала на Халкбанк. Корисниците на првите 60 издадени Mastercard Junior дебитни картички, на подарок ќе добијат и детска алка за дигитално плаќање. Отворањето и водењето платежна сметка за малолетни лица е бесплатно, додека сите што ќе аплицираат за Халки картичка до крајот на март 2026 година, ќе бидат ослободени и од трошоците за издавање на картичката.
Повеќе светски истражувања укажуваат дека основните знаења за парите децата ги стекнуваат до 7-годишна возраст, додека од 8 до 15 години веќе треба да научат како да управуваат со мали суми и да штедат за да можат да остварат некои цели кои бараат повеќе финансиски средства.
Халкбанк преку повеќе различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организира и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето.
(ПР)
Соопштенија
CHERY стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија
CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и во светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

„CHERY е бренд кој со забрзано темпо ја обликува иднината на автомобилската индустрија преку напредна технологија, современ дизајн и висок квалитет. Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија, инвестираме не само во спортот, туку и во иднината – во младите таленти, новото раководство и позитивните промени, Чест ни е што денеска со нас се и претставници на ракометската елита на Македонија – претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, како и дел од нашите репрезентативци. Вашето присуство дополнително ја потврдува важноста и силата на ова партнерство.


„Силните брендови не се градат само преку прозводи, туку преку поврзаноста со луѓето, заедницата и страста кон возилата. Токму затоа сме тука денеска да го објавиме официјалното спонзорство на Chery кон Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е емоција, традиција и денес е симбол на нов почеток. РФМ влегува во нова фаза со ново раководство и со јасна визија и млади таленти кои ја претставуваат иднината на македонскиот ракомет. Тоа целосно се совпаѓа со филозофијата на Chery – инвестирање во напредок, иновации и долгорочен развој. Chery носи нова енергија во автомобилската индустрија во Македонија и во светот, а македонскиот ракомет носи нова енергија и нови страсти во спортот во Македонија. Ова е чекор напред, заедно со РФМ и Chery. Веруваме дека оваа соработка ќе придонесе не само за спортски успеси, туку и за инспирација на младите деца, промоција на тимски дух, дисциплина, амбиција – вредности кои ги делат Chery и нашите репрезентативци и стручниот штаб, кои верувам дека ќе направат големи успеси во Данска. Упатувам благодарност до РФМ за довербата во име на Chery и Grand Auto – заедно до големи успеси“, изјави г-нот Дритон Заири-генерален директор на Grand Auto.



„Благодарност до г-нот Дритон Заири, кој целиот живот е посветен на ракометот. Денеска нашата соработка се продлабочува и преминува во партнерски договор за спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Се надевам дека оваа соработка ќе носи нови успеси и нови победи, ќе се радуваме заедно и ќе славиме. Ние како федерација сме секогаш отворени за нови соработки, работиме напорно и вредно, и се надевам дека низ сето тоа што го даваме и вложуваме, трудот на крај ќе излезе на виделина. Честитки за новиот салон на Chery и Grand Auto , и во иднина да се гледаме само за убави работи“, изјави г-нот Александар Стефанов -Претседател на Ракометна федерација на Македонија.


Спонзорството е дел од пошироката стратегија на CHERY за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија.
Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.
Со оваа соработка, CHERY и Ракометната федерација на Македонија испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија – и во спортот и во автомобилската индустрија.
(ПР)

