Соопштенија
СДСМ: Владата гради систем на социјална заштита што извлекува од сиромаштија

Лицемерното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Владата гради систем на социјална заштита што извлекува од сиромаштија, реагира СДСМ на изјавата на Слаѓана Митовска која рече дека Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата.
„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно се однесува кон најранливите категории граѓани, стиснати во прегратката на Никола Груевски, човекот што 11 години го уништуваше системот на социјална заштита додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминални тендери. Очигледно антинародниот Христијан Мицкоски не може да се помири со тоа што конечно се гради систем на социјална и детска заштита којшто ќе извлекува од сиромаштија“, велат од СДСМ.
Пионот на Никола Груевски, додаваат од партијата, антизападниот Мицкоски, заглавен во криминалот на неговиот претходник, може да учи што значи вистина грижа за ранливите граѓани и како се гради систем што извлекува од сиромаштија.
„Владата предводена од СДСМ во изминатиот период спроведе низ мерки што обезбедуваат повеќе пари кај семејствата, а се работи и на суштинска реформа на системот за социјална и детска заштита кој ќе има за цел трајно извлекување на граѓаните од сиромаштија.
Со реформите на системот на социјална и детска заштита, на почетокот на следната година, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои добиваат гарантирана социјална помош, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе имаат право на овој надоместок. Истовремено, семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до детскиот додаток и се очекува бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од едвај 3 илјади деца кои сега имаат право на детски додаток. Се воведува детски и образовен додаток, надоместоци кои освен корисниците на гарантираниот минимален приход, право на негово користење ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи“, се вели во реакцијата.
Дополнително, се додава во соопштението, Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници и со последните законски измени околу 8 100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7 596 денари до пензионирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
„Ревизија на сите тендери во Аеродром“, најавуваат од партијата Левица

„750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!“, велат од Левица – Аеродром.
„Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!
Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!
По преземање на општината: Ќе направиме ревизија на сите тендери. Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена. Доста беше со шминкање на реалноста во Аеродром“, додаваат од Левица – Аеродром.
Соопштенија
Трајановски: Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет, се проектите за реален напредок на Чаир

Носителот на листата на советници за Советот на Општина Чаир, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Трајановски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека е потребна промена во општината, да се направи вистинскиот избор за чесност, стручност и посветеност, како и излегување од четири годишната состојба на стагнација и безидејност во општина Чаир.
„Нашата заложба е локалната самоуправа да стане синоним за одговорност, транспарентност, развој и просперитет, Главна водилка ќе ни биде креирање и реализација на силна, одговорна и развојна локална програма. Тоа го должиме на нашите сограѓани, на сите оние кои живеат тука, На сите оние кои што го сакаат Чаир, го сакаат Скопје и ја сакааат Македонија. Ви ветувам, дека ќе бидам вашиот пријател во Советот на Општина Чаир, секогаш достапен, отворен за соработка и гласот на секој оној кој ќе се обрати со предлог, иницијатива или потреба“, вели Трајановски.
Носителот на советничката листа за општина Чаир, ги наведе проектите кои ќе се реализираат и ќе донесат напредок и поквалитетен живот за сите жители на општината, како проширување на улици, монтажни гаражи и уредување на паркови за развој на Чаир.
„Ве повикувам да бидете сведоци на проекти кои ќе донесат реален напредок, нови можности, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите. Проекти како проширување на улицата Цветан Димов. Поставување на монтажни катни гаражи. Зголемување на капацитетите на градинките Снежана и Фидани. Уредување на Паркот во Топанско и модернизација на централниот парк во Чаир на кој што во моментов се наоѓаме“, рече Трајановски.
Тој упати порака до сите граѓани без разлика на верска и национална припадност да го заокружат бројот 9 и да ги поддржат советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Соопштенија
Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври.
Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за да има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.
„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.
Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.
„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.
Повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што рече, советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.