Соопштенија
СДСМ: Доаѓа ново време, новата Влада предводена од СДСМ веднаш почнува со работа

Парламентарното мнозинство синоќа избра нов состав и програма на новата Влада предводена од СДСМ, соопшти владејачката партија.
„Новата Влада со работа почнува веднаш. Веќе на првата седница, денеска, се очекуваат одлуки за енергетската криза.
Веднаш потоа решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните.
Владата ќе се посвети на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и на домашните и странските приватни инвестиции“, порачуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај

„По четири години владеење на ДПМНЕ, Ѓорче денес е безидејно бетонизирано, со запуштени јавни површини и без основна грижа за потребите на граѓаните. Четири годишни општински буџети и плус унгарски кредит од над 1 милијарда, точно 1.189.000.000 денари, се трошат оваа година во Ѓорче, а сè уште нема реализација на ниту еден капитален проект, рече кандидатот за Градоначалник на Ѓорче Петров, Костадин Ацевски.
Тој потенцираше дека актуелниот градоначалник на Ѓорче ја однесе општината во амбис, а од ветеното нема ништо.
„Не е решен проблемот со притисокот на водата. Нема алтернативно сообраќајно поврзување за Волково, Ново Село, Кисела Јаболка и Даме Груев со останатиот дел од општината и градот. Нема нови кружни текови. Ама затоа има нови згради. Сè повеќе и повеќе. Сè помалку паркинг, сè помалку слободни пешачки патеки, и сè помалку зелени површини. Знам дека сега се ветува сè и сешто. Граѓаните буквално се бомбардирани со ветувања кои ги слушаат со години“, потенцираше Ацевски.
Од трибината во Ѓорче, Ацевски побара шанса од граѓаните за хуман развој на општината, каде што човекот ќе биде пред профитот, а интересите на граѓаните ќе бидат пред интересите на инвеститорите.
„Барам шанса за Ѓорче да го вратиме на граѓаните. Шанса за да ја стопираме бетонизацијата. Да го стопираме издавањето на градежни дозволи за згради. Ќе ги анализираме урбанистичките планови и нема да дозволиме изградба на нови згради онаму каде што локациските и просторните услови не го дозволуваат тоа. Барам шанса да ја стопираме изградбата на нови згради во Хром и во централниот дел на Ѓорче“, порача Ацевски.
Во својот план и визија, тој најави чисто, поврзано и развиено Ѓорче: каде ќе го решиме проблемот со хигиената, зелените површини ќе се одржуваат навремено и редовно и ќе се подигнат нови зелени површини. „Барам поддршка и за алтернативна сообраќајница од Волково преку Ново Село и Кисела Јаболка, покрај Лепенец, на улица Лепенечка и понатаму со надвозник кон Карпош и остатокот од градот“, рече Ацевски.
Најави нови современи детски градинки и подобрување на условите во училиштата, младите да добијат активна улога во креирањето на локалните политики, и обврска кон социјално ранливите категории, создавајќи општина за еднакви можности.
„Ќе работиме на секоја улица и во секое населено место. Ќе се бориме за секоја улица и за секое населено место. И сите ние, заедно, ќе покажеме дека Ѓорче може и мора подобро!“, порача Ацевски.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција.
„Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев и како работеше во сите изминати години за општината. Па, човекот и нашите партиски другари кои се без функција во општината имаат повеќе сработено од градоначалникот. Имаат повеќе искосено, повеќе клупи поправено, повеќе корпи за отпадоци поставено отколку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неспособен градоначалник. За овие луѓе не требаат зборови и ветувања, доволно е да ги видите нивните дела и знаете дека се вистинскиот избор. Тие веќе докажаа како знаат да работат, колку ја сакаат општината и граѓаните и каква граѓанска одговорност имаат“, рече Филипче.
Притоа, тој потсети на проектите кои Владата на СДСМ ги реализираше во Ѓорче Петров, а тоа се: нова детска градинка во Волково, модернизирање на системот за јавно осветлување, уредување на зелената срцевина на Ѓорче корзото, новиот изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково за овој континуитет после четири годишниот застој Филипче побара масовна поддршка од Ѓорче Петров.
„Сега е потребна борба. Има уште седум дена до изборниот молк. Седум дена во кои барам секој еден од вас да го вложи секој атом енергија и да ги промовира нашите добри кандидати и политики. На овие избори СДСМ излезе со чесна понуда. Со луѓе кои докажано знаат и умеат, луѓе кои се од народот и ќе работат за народот, луѓе кои нема да се затворат во своите кабинети откако ќе ги изберете. Понудивме луѓе кои секојдневно ќе ги гледате на улиците како го прават Ѓорче подобро и поубаво место за живеење токму како што и сега го прават“, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Соопштенија
Пеев: Имаме план за нова регионална патна врска Ѓавото-Грчиште и ќе го реконструираме системот за водоснабдување во Богданци

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!
Пеев посочи дека треба конечно да се стави крај на самоволието кое ги одредува општинските политики и кажа дел од проектите и плановите за Богданци.
„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое ги одредува општинските политики. Во програмата имаме големи планови за општина Богданци. Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и урбанистичка документација за села потребни за развој на општината. Ќе инвестираме во соларна фарма за производство на електрична енергија за потребите на пумпна станица во Ѓавото, ќе обезбедиме поврзување на сите населени места со Богданци преку субвенциониран општински линиски превоз, ќе инсистираме препораките од ИЗИИС да се исполнат и образовниот процес на основците да се врати во објектот на основното општинско училиште Петар Мусев Богданци, имаме сериозен план за подобрување на локалната инфраструктура преку патна поврзаност со нова регионална врска Ѓавото-Грчиште, реконструкција на систем за водоснабдување во Богданци, реконструкција и ревитализација на локални улици во сите населени места, обнова и изградба на детски и спортски игралишта, ќе ја доизградиме инфраструктурата во индустриските и туристичката зона, поддршката за младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани нема да биде само декларативна туку и суштинска. Културните збиднувања и настани ќе ги издигнеме на повисоко ниво и ќе бидат достапни за сите“, кажа Пеев.
Пеев ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за Богданци да стане посакувано и поубаво место за живеење.
„Во наредните 4 години општина Богданци ќе стане посакувано место за живеење, планираме да изградиме професионална и ефикасна администрација и да донесеме низа стратешки документи битни за развој на општината. Имаме обврска секоја институција, секој јавен простор и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите. Нема да биде лесно затекнавме инфраструктурно руинирана општина но имаме многу проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни, посветени луѓе со реални ветувања од една страна и луѓе кои имаат ветувано се и сешто без реализација. Направете го вистинскиот избор за општина Богданци. Заокружете број 9“ заклучи Пеев.