Контакт

Соопштенија

СДСМ: За 20 месеци рекорден број странски инвестиции, обезбедени нови 4.500 работни места

Објавено пред

Успешните економски реформи на Владата предводена од СДСМ ја вратија довербата во нашата економија и позитивно влијаеја на создавање поволна клима за инвестирање, што резултира со рекордни странски инвестиции во земјата, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Според соопштениете информации од пресметките на Владата, бројот и вредноста на странските инвеситции за последниот квартал од минатата година, како и вкупно за целата 2018 година, се највисоки од независноста досега.

Странските инвестиции во земјата минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат за намалување на невработеноста, го јакнат домашниот бруто-производ, се зголемува извозот, платите растат, а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.

За 20 месеци во технолошко-индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја, а најавени се 120 милиони евра инвестиција и од германска, но и од компании од други држави надвор од Европа.

Решавањето на спорот со Грција, успешните евроинтеграциски процеси и најавеното членство во НАТО обезбедија стабилност и поволна клима за инвестирање.

Без да се потроши ниту еден денар на промоции и реклами, преку посветено и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ, од уназадена економија, успеа да создаде конкурентно стопанство атрактивно за странските и домашните инвеститори“, додаваат од партијата.

Соопштенија

ИБУ ја отвори најсовремената библиотека IBU HalkBank Library: Споменик на знаењето и академската одличност

Објавено пред

Денес беше постигнат нов чекор во академскиот пат на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) откако институцијата го прослави големото отворање на новите простори на IBU HalkBank библиотеката, современ простор за образование, финансиран со голема поддршка од HALKBANK Скопје. Дизајнирана да создаде оптимална средина за учење, оваа библиотека ќе биде клучна за студентите и академиците.

dobivaj vesti na viber

Церемонијата на отворање се одржа во присуство на истакнати гости, кои ги поздравија присутните со говори. Меѓу нив беа г-ѓа. Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Северна Македонија, г-дин. Сулејман Оздил, претседател на Управниот одбор на IBU, проф. д-р Лутфи Сунар, ректор на IBU и генералниот

директор на HalkBank Турција, г-дин. Осман Арслан.
На настанот присуствуваа и Н.Е. Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Скопје, официјални лица од HalkBank Турција, предводени од генералниот директор г-дин. Осман Арслан, и генералниот директор на HalkBank Скопје, г-дин. Билал Сучубаши. Меѓу другите специјални гости беа академици, политичари, пратеници, претставници на различни организации, медиуми, бизнис заедница и НВО.

IBU HalkBank библиотеката е извонредна академска инвестиција, дизајнирана да го поттикне креативноста и интелектуалниот развој. Содржи работна просторија за 300 луѓе, широки колекции на книги и модерни студиски зони, вклучувајќи тивка студиска зона, отворено читање и посебен дел за академски истражувања. Библиотеката ветува да ги подобри образовните ресурси на универзитетот, поддржувајќи динамична заедница на студенти, наставници и истражувачи.
Отворањето на оваа установа претставува значаен момент во посветеноста на IBU да обезбеди висококвалитетно образование и да создаде средина која ќе поттикне иновации и целоживотно учење. Додека универзитетот продолжува да расте и се издигнува, HalkBank библиотеката ќе биде симбол на напредок, знаење и трајно партнерство помеѓу IBU и HALKBANK Скопје.

Со овој нов чекор, IBU презема уште еден чекор кон потврдување на својот статус како водечка институција во регионот, нудејќи им на студентите алатки кои им се потребни за академски и професионален успех.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Објавено пред

Porsche го додаде новиот Carrera S во понудата на модели 911. Со своите 353 kW (480 КС),

dobivaj vesti na viber

3.0-литарски боксер мотор со турбополнач и подобрена стандардна опрема, се сместува помеѓу 911 Carrera и 911 Carrera GTS. Со подобрени перформанси и динамика на возење, тој значително го надминува својот претходник. Значајната надградба на моќноста и опциите за дополнителна опрема нудат значителна додадена вредност во споредба со 911 Carrera.

Porsche повторно го лансира 911 Carrera S. Во рамките на моделската линија на Carrera, јазот помеѓу 911 Carrera и911 Carrera GTS T-Hybrid е начително намален. Неговиот погон е суштински надграден и сега постигнува нивоа на перформанси кои претходно беа резервирани за 911 Carrera GTS од претходната генерација. Дополнително, продолжениот список на стандардна опрема и значително зголемените опции за дополнителна опрема во споредба со 911 Carrera го прават атрактивен нов член на семејството на модели на Carrera. Спортскиот автомобил е достапен во верзии Coupé и Cabriolet.

Иконскиот 3,0-литарски твин-турбо боксер мотор со шест цилиндри е фундаментално надграден во новиот 911 Carrera S. Резултатот е значително зголемување на моќноста со истовремено намалување на емисиите. Неговата моќност од 353 kW (480 КС), со вртежен момент од 530 Nm, претставува зголемување од 22 kW (30 КС) во споредба со неговиот претходник. За да се постигнат овие зголемени перформанси и ефикасност, Porsche постави нови турбополначи и со големо оптимизирање на ладењето на воздухот. Новиот спортски автомобил сега се базира на дизајнот на моделите 911 Turbo од претходната генерација. Carrera S Coupé забрзува од нула до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимална брзина од 308 km/h. Осумстепен Porsche менувач со двојна спојка (PDK) ја пренесува силата на тркалата.

Проширена листа на стандардна опрема со ексклузивни опции

Porsche значително ја надгради стандардната опрема во Carrera S, која вклучува нови фелни Carrera S од 20/21 инчи, спортски издувен систем со издувни цевки во сребрена боја и Porsche Torque Vectoring Plus (PTV+). Новиот систем за сопирање претставува значитечно подобрување во односот на динамиката на возењето. Системот, познат од 911 Carrera GTS и стандардно доаѓа со црвени шепи на сопирачките и дискови со димензии од 408 милиметри напред и 380 mm назади, со што се обезбедува извонредно запирање.

Достапни се дополнителни опции за подобрување на перформансите како карбон-керамички сопирачки (PCCB) и спортската суспензија PASM, која се одликува со 10-милиметри помала висина на возење во комбинација со управување на задните тркала. Хидрауликата на амортизерите е оптимизирана во споредба со претходникот, обезбедувајќи уште подобрени возни карактеристики со зголемена прецизност и рафинирана реакција. Управувањето, во комбинација со управувањето на задната оска, е подиректно, а прецизноста на предната оска е дополнително прилагодена. Ова обезбедува уште поагилно и директно управување, а истовремено значително ја зголемува стабилноста при големи брзини.

Елегантна внатрешност

Врвните стандарди за квалитет и ексклузивност во Carrera S се подеднакво забележливи и во внатрешноста. Стандардно доаѓа со кожен пакет во црна боја. Седиштата, потпирачите за глава, контролната табла, панелите на вратите и опционалниот систем на задните седишта во Coupé се обработени со мазна кожа. Како и кај останатите варијанти на Carrera, преклопните задни седишта се достапни без дополнителни трошоци како алтернатива на стандардниот распоред со две седишта.

Достапна е и опција со уште пообемна употреба на кожа во внатрешноста, која покрива големи површини – вклучувајќи ја фиоката пред совозачот, страничните панели и задниот дел на седиштата. На барање, Porsche додава контрастни шевови во Crayon. Во целата понуда на опрема, Carrera S добива надградената стандардна опрема што се наоѓа во целата серија модели. Ова вклучува Matrix LED фарови и безжичен полнач за паметни телефони. Опциите вклучуваат систем за подигнување на предната оска, иновативните HD-Matrix LED фарови и пакетот Sport Chrono, вклучувајќи ја апликацијата Porsche Track Precision, која е идеална за деновите на патеката.

Новата 911 Carrera S сега е достапна за нарачка како Coupé и Cabriolet со погон на задните тркала.

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Огништа од БРАКО за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес

Објавено пред

Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, а на кои постителите од сите возрасти можеа да се згреат додека ги следат музичките настапи, пијат чај, се сликаат со Дедо Мраз и се забавуваат.

БРАКО редовно ги поддржува сите настани во Велес, помага на општината за инфраструктурни проекти, поттикнува индивидуални акции и покажува општествена одговорност кон градот од чие население доаѓаат најголемиот број вработени во фабриката

ПР објава

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија5 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија9 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија9 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија10 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија11 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ11 часа

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ12 часа

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет14 часа

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет14 часа

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа15 часа

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет16 часа

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет16 часа

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...

Македонија1 ден

Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева, кој призна вина

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот Фадил Зејнелов, кој пред три месеци ја уби својата партнерка Емилија Пешева. Обвинетиот...

Македонија1 ден

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клиничкиот центар, официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица

По десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за...

Регион1 ден

(Видео) Со литија против земјотресите: Грците изнесоа мошти од светци на улиците, постојано се молат

Грците, беспомошни и преплашени што Санторини непрекинато се тресе десет дена, бараат помош од Господ. Илјадници земјотреси со јачина над...

Македонија2 дена

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук-реклами за своите лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 дена

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија2 дена

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...