Соопштенија
СДСМ: Истрагите денес се водат транспарентно, а не од партиски штабови како во минатото

Како што се размотува клопчето во случајот „Рекет“, така стравот и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ стануваат сè поголеми, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека Русковска нема намера да го расчисти случајот.
На ова од владејачката партија велат дека во минатото останува времето кога од партиски штабови се командувало како да се водат истраги.
„Градењето независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Денес, правната држава функционира неселективно за сите. Последните случувања покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки, нешто што беше незамисливо во времето на владеењеѕто на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму има шанса да покаже дека навистина е за правда и неселективно владеење на правото.
„Ги повикуваме да дадат придонес да се донесе законот за Јавното обвинителство и да докажат со дела, а не само со зборови дека се за неселективно владеење на правото“, нагласуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Д-р Трајановски: Општина Аеродром конечно ќе добие нова општинска зграда

„Општина Аеродром е единствената општина во Македонија која нема сопствена зграда. Општинската администрација 20 години функционира во супстандардни услови, во објект за кој плаќа 120.000 евра годишно. Само во последните 4 години Општина Аеродром има потрошено половина милион евра по основ на кирии“, вели д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.
„Трагедијата да биде уште поголема Тимчо Муцунски пред 4 години ја избриша маркицата каде што СДСМ планираше модерен објект за општинска зграда со готов проект за изведба. На таа локација пред 2 години требаше да биде подигнат паркот „Радост“.
По 4 години реалноста е поразителна. Ни парк, ни општинска зграда немаме на таа локација.
По изборите ја започнуваме постапката за изградба на современ, функционален и енергетски ефикасен објект за општинската администрација, во кој граѓаните ќе ги добиваат сите услуги на едно место.
Новата зграда ќе биде репрезентативен симбол на општината, со мултимедијален центар за млади, повеќенаменски сали и современа сала за венчавки, простор кој ќе им служи на сите жители на Аеродром.
Време е конечно Општина Аеродром да добие сопствен дом, достапен и отворен за сите“, соопшти д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
Соопштенија
Саракинов: Ја нема ниту катната гаража кај ГОБ 8ми Септември која ја вети кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски, има само дупки и ѓубре

„Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче излажа за сите катни гаражи кои ги вети во 2021 година. Ниту една катна гаража која ја вети, не ја направи. Стоиме овде пред ГОБ 8 Септември, место каде Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека ќе направи катна гаража“, рече Христо Саракинов, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош.
„Овде нема катна гаража, има само ѓубре и дупки. Кога ја читаме програмата на Стевчо Јакимовски од 2021 година сфаќаме дека се било една огромна лага. Ниту една катна гаража која ја ветил, не ја направил.
Стевчо Јакимовски само ги изманипулира граѓаните на Карпош.
Последните 4 години со Стевчо во Карпош се хаос за карпошани, хаос со паркингот, ѓубре насекаде, бетонизација, наместо зеленило и хумана урбанизација.
Стевчо Јакимовски лаже и сега како што лажеше во 2021 година. Ништо што вети во 2021 година, не реализира. Ниту една катна гаража не направи. Истите лаги ги кажува и сега, разликата е што овој пат нема да му успеат. Стевчо Јакимовски е прочитана книга. Карпошани ќе го казнат и ќе го испратат во политичка пензија со Филипче и Заев, неговите ментори за бизнис зделки“, изјави Христо Саракинов.
Соопштенија
Јовановски: Ќе изградиме нова спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево

„Ќе изградиме спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, каде конечно нашите дечиња ќе можат да одржуваат една нормална и редовна настава по физичко образование како што доликува“, најави Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе го подобриме превозот на учениците од сите приградски наслеби и од градските населби, за да можат безбедно да стигнат до училишните клупи“, додаде Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.