Македонија
СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик
СДСМ со одговорен, државнички пристап за пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата поставени при осамостојувањето пред повеќе од 30 години, потенцираат од оваа партија.
„Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус, ги почнавме и преговорите за членство во Европската Унија и тоа со заштитен македонски идентитет и чиста формулација за македонскиот јазик. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, нема асимилација, ни бугаризација. Но, и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини за некакви нови договори и да измислуваат конструкции“, се истакнува во соопштението од СДСМ.
Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже и го плаши народот, СДСМ, додаваат од таму, продолжува со одговорни политики, политики што ги штитат македонскиот јазик и идентитетот и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

