Соопштенија
СДСМ: Очигледна е политичката агенда на раководството на СОНК, на штета на децата

Последниот настап на раководството на СОНК наликува на политички настап, со јасна политичка агенда и уцени кои одат на штета на децата, на учениците и на образовниот процес, обвинуваат од СДСМ.
„Тоа го потврдува вчерашното одбивање на раководството на СОНК на предлогот од Владарта за зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза и при законски рокови за усогласување на платите кои не се истечени.
Согласно Законот за минимална плата усогласувањето на платите се врши во рок од 6 месеци, што значи дека нема основа за штрајк, односно штрајк пред истекот на овој рок е смислена уцена. Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту, пак, родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.
Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено поважно е правото на образование на учениците“ велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Тоневски: Субвенции за нови енергетски, ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип

Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени.
Денешното време носи нови предизвици но и нови можности.
Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.
Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот“.
Токму затоа, додава тој, во сите станбени згради ќе се направи целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе се постават нови хидранти каде што има потреба.
„Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина“.
Соопштенија
Османи: „Златна картичка“ за поевтин живот, поевтини лекови и поголема почит кон повозрасните

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја претстави програмата „Со срце за возрасните“, фокусирана на зголемување на квалитетот на животот на пензионерите преку директна финансиска помош и системска грижа. Програмата предвидува три клучни мерки за подобрување на економската сигурност на постарите лица, и тоа месечна парична поддршка, субвенции за престој во домови за стари лица и картичка за попусти во аптеки и маркети.
„Најпрво, ќе ги поддржиме финансиски постарите лица. Предвидуваме помош за сите пензионери со ниски приходи, за оние кои најмногу ја чувствуваат тежината на месецот. Во првите две години од мандатот ќе започнеме со 2.500 денари за пензионерите со минимални приходи, со тенденција оваа поддршка да достигне до 5.000 денари“, изјави Османи.
Втората мерка предвидува поддршка за достоинствена грижа на повозрасните лица кои немаат семејна поддршка или живеат во потешки материјални услови, вклучително и можност за субвенционирано сместување во домови за стари лица, доколку тоа е нивна потреба или избор.
„Ќе обезбедиме субвенции за престој во дом за стари лица за оние со најниски приходи. Ниту еден пензионер не смее да остане без поддршка, ниту без место каде што ќе се чувствува безбедно и згрижено“, нагласи Османи.
Третата мерка од програмата се однесува на картичката „Златни години“, која ќе обезбеди попусти во аптеки и при купување на секојдневни производи, преку партнерства со локални бизниси и синџири на маркети.
„Со оваа картичка ќе им го намалиме товарот на најважните трошоци, здравствените и основните. Таа ќе биде симбол на почит и грижа од општината кон секој пензионер“, рече Османи.
Во своето обраќање, Османи потенцираше дека во Чаир живеат над 7.400 пензионери, што е повеќе од 15% од возрасното население.
Тој порача дека оваа програма е резултат на неговата долгогодишна работа со повозрасни лица и дека нејзината цел е да обезбеди достоинствена старост и економска сигурност за секој пензионер во Чаир.
Соопштенија
(Видео) Костовски: За 4 години реконструиравме 102 улици во Бутел вредни 320 милиони денари

Во период од 4 години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет“.
Реконструиравме улици, додава тој, во секое населено место. „Ќе продолжиме уште посилно“.