Соопштенија
СДСМ: Силно и одлучно кон иднината, граѓаните се сигурни со Ковачевски

СДСМ е консолидирана, обединета партија која се враќа на победничките патеки и граѓаните тоа го препознаваат. Доказ за тоа е преполната сала синоќа во Домот на културата во Битола каде што се одржа првата од циклусот трибини „Силно и одлучно кон иднината“, соопшти СДСМ.
„ Граѓаните знаат дека со СДСМ и Димитар Ковачевски се сигурни, дури и во време на светска економска и енергетска криза. За само неколку месеци од мандатот, Ковачевски и Владата предводена од СДСМ презедоа низа чекори кои значат унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, два пати ги зголемивме пензиите за вкупно 10 отсто, донесени и реализирани се два пакета на антикризни мерки вредни над 750 милиони евра.
Во време на светска енергетска на располагање се ставени сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, а Владата особено премиерот Ковачевски преку партнерски однос успеваат да обезбедат доволно енергенси од соседните земји.
Огромен напредок е направен и во евроинтеграциите, по цели 17 години државата ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ. Тоа е одговорниот, државнички пристап на СДСМ и Ковачевски, однос што граѓаните го препознаваат, однос кој е дијаметрално спротивен од деструкциите и антиевропското однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Грижата на СДСМ за граѓаните и државата продолжува“, додаваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

Овие се локални избори и се зборува за локални проекти, бидејќи локалните проекти се проекти од најголем интерес за граѓаните во општината, кои најчесто ги решаваат потребите на граѓаните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Чучер Сандево во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски, понатаму посочи дека секоја кампања е можност да се испрати и одредена порака преку која се определува патот по кој се планира да се движат работите во иднина и по кој ќе се води државата.
Тој посочи дека ги споменува СДСМ, ДУИ и останатите политички партии, за да не ни се повторат тие и да остане запаметено тоа што ти е го правеле во минатото, за да не дозволиме никогаш повторно да ни се случат ниту СДСМ, ниту ДУИ.
Понатаму, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на овие локални избори влегува како апсолутен фаворит, затоа што пред сè, нуди програма и проекти кои значат развој за општините и државата, додека политичкиот противник СДС-ДУИ-Левица излегуваат на овие избори со најцрната, најмизерната, најниската кампања што некогаш демократска Македонија ја видела од својата независност до денес.
„Ако ги исклучиме оние, би рекол, монструозни лаги коишто ги објавуваат преку своите спотови коишто ги емитуваат на медиумите, оние желби на нивните перјаници новинарски кои посакуваат да го видат моето распарчено тело спакувано во куфер, па се до епитети коишто ми ги делат мене најчесто и на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, сè ќе слушнете, само нема да слушнете што е тоа што ќе го сработат во вашата општина, каков план имаат и каква визија имаат тие во иднина како да ја развиваат општината и како да ја развиваат Македонија“, рече Мицкоски.
Затоа, потенцираше Мицкоски, на овие избори не треба да заборавиме дека имаме две опции, нема трета, а едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која работи за граѓаните и државата, а од друга страна СДСМ-ДУИ кои за седум години го ограбија народот и ја распродадоа државата, на кои сега им е придружена и Левица.
„Првата опција е коалицијата СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица. Практично, Венко Филипче или Зоран Заев, како сакате, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружиле мотивирани од две работи. Првата работа е жедта за власт и тука не бираат средства со кои се служат само да се доберат повторно до власт. Зошто им е власта битна? Имаат слоган, едниве велат се бореле за домот. Тука има многу дилема, многумина од граѓаните ме прашуваат за хациендите на Егејското море, за хациендите во Дубаи, за јахтите, за кој дом зборуваат? Бидејќи тие имаа можност, седум години беа влада, да се борат за нашиот дом заеднички, Македонија. Во тие седум години видовме дека на нив приоритет им беа нивните лични интереси, буквално го ограбија народот и ја распродадоа државата. Тоа е белегот на тие седум години кога СДСМ и ДУИ беа во владата“, посочи Мицкоски од Чучер Сандево.
Соопштенија
Мисајловски: На Чучер Сандево му треба човек кој ве знае и кој ги знае вашите проблеми

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање од вчерашниот митинг кој се одржа во општина Чучер-Сандево, во рамки на изборната кампања чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локалните избори.
„Чучер Сандево заслужува многу повеќе, заслужува многу подобро, заслужува чесна и домаќинска работа. Потребно е Чучер Сандево да има градоначалник кој ќе ги слуша и разбира граѓаните, кој ќе работи искрено и посветено без прани ветувања“, рече Мисајловски.
Според него, време е за промени во општината и време е да ја води човек кој со себе ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години.
„Време е за промени во Чучер Сандево. Време е општината да ја води човек кој знае како изгледа секојдневниот живот токму тука. Човек што апсолутно секој ден е на терен, меѓу сите вас, меѓу народот. Тој секогаш се враќа кај секој еден граѓанин. Зоран е вистинскиот избор, тој ја носи посветеноста и одговорноста која недостига во последните години“, кажа Мисајловски и додаде:
„Со искуство и решителност, тој е подготвен да ја врати довербата и да се избори за многу проекти, за подобра иднина на Чучер Сандево. Не ветува невозможни работи, туку конкретна работа и присуство таму каде што е најпотребно. Со Зоран Бајовски, на чело на Чучер Сандево ќе се врати редот и одговорноста, ќе се слуша секој глас тука, Ќе се почитува секој човек, ќе се работи домаќински за да има нови проекти, нови инвестиции нови улици, нови паркови И училишта, но и надеж за сите граѓани на Чучер Сандево“.
Мисајловски повика на масовна излезеност на 19 октомври, со цел да се направи вистинскиот избор, односно човек кој што знае што значи да се работи за народот.
„Затоа повикувам, на 19 октомври излезете масовно да покажеме дека Чучер Сандево знае да избере чесност наместо интерес, да избереме работа наместо зборови, да направиме вистински избор, да избереме луѓе кои знаат што значи да се работи само за народот“, заклучи Мисајловски.
Соопштенија
(Видео) Филипче од Гази Баба: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.
„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.
Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.
„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.