Соопштенија
Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје
Подготовките во новиот трговски центар Diamond Mall, за големото отворање што треба да се случи на 20 октомври 2023 година, се во тек. Diamond Mall е еден од главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“ на компанијата „Лимак“, лоциран во строгиот центар на главниот град.
„Diamond Mall ќе биде многу повеќе од обичен трговски центар. Нашата цел е тој да прерасне во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град. Нудејќи врвно искуство и уникатно доживување за сите, Diamond Mall ќе даде нова димензија на шопинг искуството, на гастрономските доживувања и на забавата. Diamond Mall е спој на урбана архитектура, на природата и на оригинални содржини кои се прилагодени на потребите на современиот животен стил. Подготвени сме да ги восхитиме посетителите. Затоа, Diamond Mall припаѓа во сосема нова категорија на објекти наречени ‘Лајф центри’ (Life Centar)“, вели Селин Октај, генерална менаџерка на Diamond Mall.
Diamond Mall е составен од три меѓусебно поврзани целини. Првата целина ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², кои на купувачите ќе им понудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е „Зоната на соништата“ (Dream Zone) каде на едно место се среќаваат забавата и едукацијата, со површина од 7.000m², која ќе понуди едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади. Со својата величина и концепт што постојано се менува, оваа зона за забава и едукација е поголема од кој било друг ваков простор во земјата и поширокиот регион. Третата целина е специјалниот автентичен простор, именуван како „Гурманска авенија“ (Gourmet Avenue), кој ќе нуди широк гастрономски избор и ќе биде идеално место во кое гастрономските авантуристи ќе можат да го задоволат својот апетит со избор на нови ресторани, кафулиња и барови. Гурманската авенија на своите посетители ќе им овозможи да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и уметноста, додека во пријатна атмосфера уживаат во вкусовите на локалната, интернационалната и современата кујна.
Diamond Mall е изграден според најсовремените архитектонски трендови, градежни техники и стандарди, кои истовремено овозможуваат одлични работни услови за вработените во молот, највисок степен на удобност на посетителите, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Дизајнот на Diamond Mall е компактен и овозможува лесна навигација на посетителите низ целиот објект и голема прегледност. Молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност на сите посетители, од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали тие доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки.
Вкупната инвестиција во проектот „Diamond of Skopje“ достигна 350 милион евра. Покрај останатите придобивки кои ќе ги донесе Diamond Mall со својата работа е и отворањето на повеќе од 1.000 нови работни места кои ќе овозможат вработување на кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот, како и оние што ќе обезбедуваат најразновидни услуги за посетителите.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик
Компанијата БРАКО реализираше хуманитарна донација од 330 топли оброци од работничката менза на фабриката, наменети за лица во социјален ризик во Велес и околината.
Оброците беа подготвени од велешкиот ресторан „Боем“, кој ја обезбедува исхраната за вработените во БРАКО.
Во рамки на заедничката акција, храната се преземаше преку Народната кујна на „Боем“, а за лицата кои живеат во подалечни места или немаат пристап до информации и социјални мрежи, активисти ја доставуваа директно до нивните домови.
Со оваа донација, БРАКО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност и поддршката на локалната заедница, со посебен фокус на солидарноста и грижата за најранливите категории граѓани.
Компанијата и во иднина ќе продолжи да поддржува иницијативи кои имаат реално и директно влијание врз подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
(ПР текст)
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР

