Соопштенија
Стојкоски: Започнува доградбата на подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во Хром

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите. Потпишан е договорот за доградба на подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, со што започнува реализацијата на уште еден значаен проект, најави кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
Со проектот, како што појаснува е предвидена изградба на осум нови училници со вкупна површина од 560 м², со енергетски ефикасна фасада и систем за централно греење, што ќе овозможи современи, безбедни и функционални услови за работа.
„Новите простории ќе овозможат едносменско одвивање на наставата, што значи повеќе простор, подобра организација и поквалитетен наставен процес за учениците и наставниците.
Во рамките на училиштето, веќе е целосно завршена изградбата на новата спортска сала, со што се заокружува современ училишен комплекс кој ги обединува образованието и спортот во едно.
Со завршената спортска сала и доградбата што следи, создадовме услови какви што навистина заслужуваат нашите ученици. Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во образованието и иднината на Ѓорче Петров – изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Со овие вложувања, Општина Ѓорче Петров уште еднаш го потврдува својот фокус на создавање современи и безбедни услови за учениците, затоа што иднината на општината започнува во училницата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
(Видео) Митески: Фотоволтаици на секоја зграда и куќа во Аеродром, инвестиција за еколошка иднина

Секој покрив во Аеродром има потенцијал за зелена енергија и финансиска придобивка за граѓаните, вели Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
„Создаваме системско решение кое ќе значи поставување на фотонапонски централи на крововите во Ареродром и на тој начин граѓаните да добијат можност, преку искористување на овој потенцијал да ги реновираат фасадите, лифтовите, да заменат прозорци, да ги реконструираат крововите.
На овој начин создаваме побезбедна, по еколошка и попријатна животна средина“.
Соопштенија
(Видео) Саракинов: Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во 2021 година кога ја доби довербата на карпошани, ја доби со лаги за проекти кои до ден денес не се почнати, еден таков проект е и ветувањето за пензионерски дом, кој според Стевчо требал да биде изграден покрај булевар Илинден, истакна Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
„За да биде уште поубедлив во лагите, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека пензионерскиот дом, покраj апартмани и физикална терапија, ќе има и простор за здравствена заштита, како и простор за забава и рекреација. Ветување како клиника во мало.
Овде нема ниту пензионерски дом, ниту на повидок е нешто такво.
Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев лажеше 2021 година. Лаже и сега. Разликата што тогаш карпошани му поверуваа. Сега на истите лаги никој повеќе не му верува. Стевчо Јакимовски оди во политичка пензија заедно со неговите другари Филипче и Заев“.
Соопштенија
ЗНАМ: Безбедниот сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање максимални услови

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Куманово го претстави делот од програмата што се однесува за сообраќајот во градот и околните населени места што припаѓаат на општината. Современиот град се препознава по безбедниот, ефикасен и уреден сообраќај. Затоа, општина Куманово во новиот мандат ќе продолжи со силен фокус на подобрување на урбаната мобилност, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и создавање инфраструктура што одговара на современите потреби на граѓаните, изјави на прес-коференцијата кандидатот за советник од листата на движењето ЗНАМ за Куманово, Игор Липковски.
Во изминатиот период, рече тој, се реализираа низа проекти што го унапредија сообраќајниот систем – реконструирани улици и тротоари, изградени кружни текови, поставена современа сигнализација и воведен бесплатен јавен превоз. Сето тоа е доволен показател Куманово да биде наречено пример за град кој се движи напред – безбедно, одговорно и со јасна визија.
„Во следниот период се предвидува:
· Целосна реконструкција на булеварите и главните сообраќајни артерии (ул. „11 Октомври“, „Доне Божинов“, „Гоце Делчев“, „Илинденска“, „Ленинова“, „Народна Револуција“, бул. „Октомвриска Револуција“ и „Трета МУБ“) и ул. Моша Пијаде.
· Изградба на три нови кружни текови за побезбеден проток и намалување на метежот.
· Нови звучни семафори на клучни крстосници за полесно движење на лицата со попреченост.
· Модерни автобуски стојалишта и проширување на линиите на бесплатниот јавен превоз.
· Фазно формирање на пешачки зони и велосипедски прстен околу централното градско јадро.
· Уредување на дополнителни паркинг-простори, вклучувајќи подземни катни гаражи и модуларни паркинзи.
· Подобрување на урбаната мобилност со системи за паметен сообраќај.
Безбедниот сообраќај е одговорност на сите – и на институциите, и на граѓаните. Секој уреден премин, секој кружен тек и секој метар тротоар значи повеќе безбедност и повеќе сигурност за нашите деца, ученици и постари граѓани“, додаде Липковски.
Куманово, како што нагласи, ќе продолжи да вложува во модерна, безбедна и достапна урбана инфраструктура, затоа што секој чекор, секое возење и секое патување во нашето Куманово мора да биде безбедно.