Соопштенија
Тоневски: Субвенции за нови енергетски, ефикасни фасади и прозорци за граѓаните на Пробиштип
Најголемиот дел од нашите станбени згради се изградени одамна и до денес остана необновени.
Денешното време носи нови предизвици но и нови можности.
Со поддршка од општината станарите ќе добијат субвенции за нови фасади и прозорци, ова нема само да го подобри квалитетот и изгледот на зградите, туку што е уште поважно значително ќе ги намали трошоците на граѓаните за греење и ладење, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе субвенционираме и нови енергетски-ефикасни фасади и прозорци за семејните куќи, но не застануваме тука старите азбестни покриви мора да ги замениме што е можно побрзо, азбестот претставува сериозна закана за здравјето и не смее да биде дел од нашата иднина.
Секој граѓанин заслужува поддршка за подобар и побезбеден живот“.
Токму затоа, додава тој, во сите станбени згради ќе се направи целосна проверка на хидрантските мрежи и ќе се постават нови хидранти каде што има потреба.
„Безбедноста и здравјето немаат цена, заедно со секој еден од вас ќе ја градиме нашата иднина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Левичарите од „Али експрес“ си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат
Левичарите од „Али експрес“, како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левицата, од типот на Амар Мециновиќ, човек што лаже дека е дипломиран, а има 7 предмети положено на факултетот на кој е запишан, човек што не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек што не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек што не си ги знае булеварите во градот ниту, пак, проектите што му се во програмата, посегна по глумење жртва и ширење лажни вести во медиумскиот простор.
Токму тие лажни вести, кои се обидуваат да ги шират во јавноста, в недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон што го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од она што тие го живеат.
Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9“.
Соопштенија
Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето „Песталоци“, создаваме подобри услови за учениците
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат, како што најави, се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.
„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.
Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран, велат од општината.
„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.
Соопштенија
„Влен“: Секој обид да се поврзе кандидатот што го поддржуваме со каков било вид вештачка тензија е неточен
Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села, велат од коалицијата ВЛЕН.
„Секој обид да се поврзе коалицијата ВЛЕН или кандидатот што го поддржуваме, Менди Ќира, со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика. Зошто коалицијата или кандидатот кој е фаворит за победа на изборите на 2 ноември би создавале тензии? Политичката логика е едноставна, оној што е во очај се обидува да создаде непостоечки ситуации за да се претстави како жртва во очите на гласачите, стратегија што оди во прилог на кандидатот на Зијадин Села и ЛЕВИЦА, Арсим Далипи. Целата јавност знае дека соработката помеѓу НАИ и ЛЕВИЦА е очигледна, и во Тетово и во Струга. Затоа, овие обиди за создавање конфузија се залудни и разочарувачки“, се вели во соопштението.

