Соопштенија
Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Мојата визија е Аеродром да стане функционална, транспарентна и услужна општина, вистински модел по мерка на граѓаните.
Општината мора да биде место каде што секој жител лесно и брзо ги добива потребните услуги, без непотребна бирократија, без чекање и без привилегирани, вели Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.
„Затоа предвидуваме целосна дигитализација на општинските услуги, јавен увид во трошењето на средствата, како и редовни отворени денови со градоначалникот и членовите на Советот, каде што граѓаните директно ќе ги искажат своите предлози и забелешки.
Мојата цел е да изградиме општина со нула толеранција кон корупцијата, општина што ќе биде ефикасна, отчетна и достапна за сите, од најмладите до највозрасните.
Само така ќе ја вратиме довербата во институциите и ќе покажеме дека општината навистина може да функционира во служба на граѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

„СДСМ и Методија Куновски во својата програма имаат конкретни одговори за проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и за создавање нови можности за развој,“ истакна заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, на денешната средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, заедно со кандидатот за градоначалник, Методија Куновски.
На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој на Битола, која опфаќа соработка и комуникација со бизнис-заедницата, подобрување на деловната клима и намалување на административните бариери, дигитални услуги за фирмите, субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност, инфраструктурна поддршка, јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи, општински фонд за жени претприемачи, партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.
„Покрај соработката со бизнис секторот, во нашата програма програма меѓу приоритетите се руралниот развој и поддршката на земјоделството, рече Куновски, најавувајќи поддршка за агротуризмот, одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг, развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.
СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворање нови работни места и создавање подобри услови за компаниите во Битола“, порача заменик -претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска.
Соопштенија
(Видео) Митески: Фотоволтаици на секоја зграда и куќа во Аеродром, инвестиција за еколошка иднина

Секој покрив во Аеродром има потенцијал за зелена енергија и финансиска придобивка за граѓаните, вели Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ.
„Создаваме системско решение кое ќе значи поставување на фотонапонски централи на крововите во Ареродром и на тој начин граѓаните да добијат можност, преку искористување на овој потенцијал да ги реновираат фасадите, лифтовите, да заменат прозорци, да ги реконструираат крововите.
На овој начин создаваме побезбедна, по еколошка и попријатна животна средина“.
Соопштенија
(Видео) Саракинов: Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев вети пензионерски дом со апартмани и физикална терапија, на терен пустелија.
Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во 2021 година кога ја доби довербата на карпошани, ја доби со лаги за проекти кои до ден денес не се почнати, еден таков проект е и ветувањето за пензионерски дом, кој според Стевчо требал да биде изграден покрај булевар Илинден, истакна Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ.
„За да биде уште поубедлив во лагите, Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека пензионерскиот дом, покраj апартмани и физикална терапија, ќе има и простор за здравствена заштита, како и простор за забава и рекреација. Ветување како клиника во мало.
Овде нема ниту пензионерски дом, ниту на повидок е нешто такво.
Стевчо, кандидатот на СДС, Филипче и Заев лажеше 2021 година. Лаже и сега. Разликата што тогаш карпошани му поверуваа. Сега на истите лаги никој повеќе не му верува. Стевчо Јакимовски оди во политичка пензија заедно со неговите другари Филипче и Заев“.