Соопштенија
УСЈЕ продолжува со инвестиции во согласност со највисоките ЕСГ-стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој
Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен приоритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Само минатата година во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии УСЈЕ вложи над шест милиони евра. Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над 0,8 милион евра во зелени инвестиции, со што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите.
„Предизвиците со кои се соочивме минатата година, а кои беа предизвикани од енергетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент, циркуларна економија и мерки за енергетска ефикасност, со што ги намаливме емисиите на CO2 за 2,9% во споредба со 2021 година. Нашите инженери креираа алатка базирана на вештачка интелигенција, која овозможи намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација. Остануваме посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на заедницата“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.
УСЈЕ инвестира и во изградба на фотоволтаична централа, која ќе биде лоцирана на покривните површини во компанијата, а по нејзиното пуштање во употреба ќе се заменат 10% од дневната потрошувачка на електрична енергија на УСЈЕ. Преку инвестиција во обновлива енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 за 3200 тони годишно. Придонес кон поголема декарбонизација дава и зелениот ЕКО Цемент (CEM IV/B V-P 42,5 N) со помало количество клинкер, а уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25%.
Согласно својата определба за општествена одговорност, УСЈЕ продолжува со натамошна имплементација и спроведување на ЕСГ-стандардите базирани на четири столба и тоа: декарбонизација и дигитализација, работно опкружување што овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите. УСЈЕ ја продолжува соработката со заедницата во насока на поттикнување на развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти вложени се околу 10 милиони денари.
Цементарница УСЈЕ работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Компанијата има интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите од истата, во работењето применува најсовремени технолошки пракси од областа. Истовремено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

