Контакт

Соопштенија

Шахпаска: Слепите лица за првпат добиваат алатка – аудиочитач, за непречено функционирање

Објавено пред

Денес на лицата со оштетен вид и на членовите на Националниот сојуз на слепи можам да им соопштам дека апликацијата аудиочитач е готова и можат да ја користат, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во своето обраќање по повод започнување со употреба на првата мобилна апликација, аудиочитач за слепи лица и лица со оштетен вид.

dobivaj vesti na viber

Шахпаска потенцираше дека со аудиочитачот слепите лица во државата за првпат добиваат функционална, современа и практична алатка која им овозможува поголема независност во нивните активности од секојдневниот живот.

„Аудиочитачот на македонски јазик кој е наречен ‘Кико’ е веќе готов и овозможува пишаниот текст да се слушне и разбере во аудиоверзија. Во финална фаза е и Хана – албанската верзија, која наскоро ќе биде достапна и за граѓаните чиј мајчин јазик е албанскиот“, рече Шахпаска.

Министерката информираше дека апликацијата е достапна во мобилна и десктоп верзија креирана согласно современите технолошки трендови. Притоа, потенцираше дека за разлика од досегашните апликации од други земји, кои користеа роботски глас, тешко разбирлив и несоодветен за слепите лица , новиот аудиочитач е апликација лесно разбирлива со природен глас, на литературен македонски јазик.

Освен лицата со оштетен вид, апликацијата „Кико“ може да ја користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние кои информациите најдобро ги разбираат во аудиоформат.

„Аудиочитачот има огромно значење затоа што ќе им го промени животот на најмалку 3000 слепи лица само во нашата држава. Слепите лица ќе бидат подобро информирани, активно ќе бидат вклучени во општественото живеење и најважно од се ќе бидат независни“, посочи Шахпаска.

Пристапот до апликацијата е едноставен. Доволно е да се пристапи на Google Play Store и да се симне апликацијата RHVoice. Откако ќе се инсталира оваа апликација потребно е да се одбере „македонски“ на листата со јазици, веднаш до називот „Кико“, информираа од министерството.

Соопштенија

PEUGEOT 3008 и OPEL GRANDLAND најпосакувани автомобили во Македонија за 2025 година

Објавено пред

Од компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, известуваат дека им претставува огромна чест што повторно модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно Тркало“!

dobivaj vesti na viber

Имено оваа година, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.

  • Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил
  • Новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил

И двата модели заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.

Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.

Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.

„Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со Новиот Peugeot 3008 и Новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда“ – Изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Алкалоид“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

Објавено пред

Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Покрај студиските програми, тековните програми за практикантство, како и соработката на специјалистички трудови и докторски дисертации, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Алкалоид“ ќе започнат проект за имплементација на одржливи пакувања за фармацевтските производи на компанијата, кој ќе се одвива во период од 5 години и ќе се спроведува во три фази.

Имено, станува збор за исполнување на сообразноста со новата регулатива на Европската Унија за одржливи пакувања [Packaging and Packaging Waste Regulation (EU) 2025/40 (PPWR)], која стапи во сила на 11 февруари годинава, а со која фармацевтските индустрии се обврзани до 2030 година за своите производи да имаат пакувања кои ќе бидат подготвени за рециклирање, а производите кои нема да имаат таква опција ќе бидат забранети за пласман на пазарите во ЕУ и пошироко. До 2035 година 55% од сите амбалажи во фармацевтската индустрија ќе треба да бидат рециклирачки, а до 2038 година пазарите на Унијата ќе дозволат пласирање само фармацевтски производи чии амбалажи имаат оценки за рециклирање А и Б.

Со оглед на фактот дека фармацевтската индустрија е една од најстрого регулираните индустрии во светот, вклучувањето на академската заедница е еден од неопходните предуслови за поефикасно и целесообразно имплементирање на овој обемен и комплексен проект. Носители на проектите опфатени со Меморандумот за соработка од страна на „Алкалоид“ се Одделот за глобален развој и Одделот за контрола на квалитет, а од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, покрај Ректорот и Деканката на Факултетот за медицински науки, вклучени се и Доцент д-р Ивана Митревска и Асистент Дино Карпичаров како надлежни за целокупната имплементација на активностите. Целта на проектот за одржливи пакувања на фармацевтските производи ќе биде да се минимизира негативното влијание врз животната средина и да се овозможи максимално искористување на ресурсите, што претставува една од главните цели на кружната економија и еден од клучните принципи на политиката за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), втемелена во корпоративната пракса на „Алкалоид“

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

Објавено пред

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија нуди можност за аплицирање на универзитети во една од следните земји: Грција, Германија, Италија, Белгија, Швајцарија, Норвешка, Холандија, Данска и Англија. Втората стипендија, која се однесува на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, опфаќа повеќе насоки на Градежниот, Машинскиот, Факултетот за електротехника и информатички технологии или на Технолошко-металуршкиот факултет.

Право на аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти во последна година на прв циклус студии, на возраст до 30 години (или до 32 со релевантно професионално искуство), со просек 8/10 и со упис или писмо за прифаќање на постдипломска програма од Универзитетите од странство.

„Нашата заложба за поддршка на образованието и поттикнување на следната генерација лидери е суштината на нашите вредности. Со оваа програма за стипендирање, имаме за цел да придонесеме во развојот на талентирани поединци кои можат да поттикнат иновации и извонредност во нивните области. Веруваме дека инвестирањето во образованието е долгорочна инвестиција во иднината на нашата индустрија и општеството во целина“, изјави Димитри Пасхос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

За условите на конкурсот и за начинот на аплицирање заинтересираните можат да добијат повеќе информации на ЛИНКОТ . Крајниот рок за пријавување е 18 мај 2025 година.

Стипендиите се доделуваат во рамки на долгорочната заложба на ОКТА за поддршка на образованието, што пак е еден од главните столбови на стратегијата на компанијата за општествена одговорност. Како дел од оваа иницијатива, и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имале можност за практична работа во компанијата.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

ССМ на состанок во Влада: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија50 минути

Детали за случајот со Геријатрија: Директорот знаел дека пациентот е богат, барал 100.000 евра за да го смести во болницата

Директорот на болницата за Геријатрија, Мухсин Арифи, кој е осомничен за поткуп, знаел дека пациентот кој требало да се смести...

Македонија2 часа

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија2 часа

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...

Македонија3 часа

„Десетици нови дестинации од двата домашни аеродрома и преговори за десетина нови авиолинии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување...

Македонија3 часа

(Видео) Мециновиќ побара да не се носи закон за медиуми без дискусија со медиумите

„Јас барам точката седумнаесет, а тоа е предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за медиумите во прво...

Македонија4 часа

ДУИ: Изјавите на Изет Меџити се шокантни и длабоко вознемирувачки

„Изјавите дадени вчера од Изет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни...

Македонија4 часа

Состојбата на другите четворица пациенти од пожарот во Кочани во „Пирогов“ и понатаму е сериозна, но стабилна, изјави Аргирова

Состојбата на другите четворица пациенти во „Пирогов“ сѐ уште е сериозна, но стабилна. Ова во „Денот почнува“ го изјави раководителот на...

Свет5 часа

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет6 часа

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет6 часа

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи. Некои...

Свет6 часа

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет6 часа

Во сила нов пакет-тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...

Европа6 часа

ОН: Речиси 13.000 цивили убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот...

Свет7 часа

Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на...

Регион19 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија21 час

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ22 часа

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија23 часа

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...

Македонија1 ден

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...