Соопштенија
Јацек Олцак, генерален менаџер на „Филип Морис интернешнл“: Скептицизмот е секогаш присутен во иновациите, но веруваме во иднина без чад
Една трансформација на тутунска компанија прикажана преку примерот на „Филип Морис нитернешнл“ ја покажува силата на визијата на една компанија да ја менува реалноста. Ако пред 20 години беше невозможно да се замисли свет без цигари, сега оваа реалност започнува да биде дел од нашето секојдневие. Визијата да се креира свет без чад преку алтернативни тутунски производи се покажа реална и изводлива. Кога голема компанија започнува ваков тип на трансформација се отвораат прашања и дилеми: што е вистина, дали навистина ПМИ се трансформира, дали е се ПР трик или станува збор за вистинска трансформација што ќе донесе подобра иднина? Одговор на овие прашања даде генералниот менаџер на ПМИ, Јацел Олцак, на конференцијата Technovation одржана во Нојшател, во седиштето на развојот на нови производи на компанијата.
Јацек објасни како целата трансформација на ПМИ започнува пред неколку децении кога компанијата се насочува кон создавање на производи што ќе бидат подобра алтернатива од цигарите. Како што самиот потенцираше „никој не веруваше дека ќе се случат промени, кои се случуваат и тоа побрзо од очекуваното“. Светот се менува, а со тоа и компаниите ги менуваат своите стратегии. Визијата на ПМИ да има свет без чад станува реалност, а со тоа ќе се намалат драстично негативните ефекти од пушењето цигари.
„На почетокот на оваа операција, започнување на целиот процес имавме проблеми да најдеме научници да работат за нас. Замислете тутунска индустрија и наука. Нешто незамисливо во минатото. Научниците треба да веруваат во тоа што го работат, да веруваат во нас, во нашата визија за менување на навиките и дека навистина сакаме свет без чад. Колку сме успешни и искрени во таа наша мисија за која сега се бориме покажува податокот дека со нас сега се 1500 експерти кои работат на создавање на оваа визија. Јасно ни е на сите дека ниедна иновација не поминува без сомнеж. И нормално да се сомневаат сите во нечија намера да смени нешто. И не луѓето бурно реагираме на промени или на иновации, се плашиме од нив или не веруваме во нечии намери. Но иновациите се случуваат и за секоја промена треба време “, вели Олцак за патот кој го помина компанијата ПМИ во трансформацијата.

Извршниот директор на Филип Морис е сигурен дека производите без чад ќе ги заменат цигарите.
„Замислете во светот има една милијарда на луѓе кои се пушачи. Нашата филозофија ако не пушиш, не почнувај да пушиш, а ако пушиш откажи се, а ако не можеш премини на подобри алтернативи важи за овие луѓе. Тие да се откажат треба да имаат добри аргументи, да имате добар производ што ќе го убеди корисникот дека е подобра алтернатива од цигарите. А тоа ќе го докажете само со научни докази. Поради тоа вложуваме многу во овој сегмент. Секој верува на докази и тоа е единствениот пат за да се прошири оваа мисија. Потрошени се милијарди евра во создавањето на оваа визија. И кога ни велат дека е ПР трик, прашувам отворено кој сака да вложи 10.5 милијарди долари во нова технологија само за ПР трик. Знаеме дека ПР е скап, ама не е милијарди евра“, додава Олцак.
Според него, фокусот на доказите од науката ќе успеат да ги убедат пушачите да се префрлат на подобрите алтернативи, но во тоа треба да помогнат и владите кои ќе создадат регулативи за да бидат достапни овие производи.
Знаеме дека цигарите се штетни, додава Олцак, но нема земја во светот каде се забранети. „Имаме производ што е далеку подобра алтернатива од нив, тој треба да биде достапен за сите пушачи бидејќи 95% е помалку штетен од цигарите. Ние даваме избор, даваме подобар производ од цигарите. Ние сме решени во оваа наша мисија во создавање на свет без чад и знаеме дека ќе успееме во тоа“, е пораката на генералниот менаџер на „Филип Морис интернешнл“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

