РЕ-Ново
Јунајтед Груп и нејзината матична компанија Summer BidCo B.V. успешно ги формираa цените за издавање обврзници во вкупен износ од 1,73 милијарди евра
Јунајтед Груп го искористи поволното пазарно опкружување за успешно финализирање на кругот на финансирање од 1,73 милијарди евра, благодарение на силниот оперативен бизнис, што се рефлектира во постојаниот раст на приходите и EBITDA. Средствата ќе бидат искористени за предвремена отплата на постојните обврзници кои достасуваат во 2026 и 2029 година, постоечките Pay-If-You-Can(PIK) обврзници на доспеваат во 2025 година, како и за отплата на револвинг кредитната линија (RFC). На овој начин, Јунајтед Груп ги продолжува роковите на доспевање на обврските во 2025 и 2026 година, ги намалува каматните трошоци за рефинансираните обврзници за 2029 година и дополнително ја зајакнува структурата на капиталот.
Конзистентен и континуиран раст на приходите и оперативната добивка (прилагодена EBITDA при просечни годишни стапки на раст од 32% и 28% помеѓу 2015 и 2022 година), значителен напредок во обемот на деловното работење и диверзификација, како и подобрена валутна структура во последниве години, заедно со трансакцијата за раздолжување на TowerCo, доведе до потврда на кредитниот рејтинг на Јунајтед Груп од страна на Moody’s (B2, стабилна) и S&P (B, позитивен). Трансакцијата наиде на позитивен одговор од заедницата на инвеститори, што резултираше со значително поголема побарувачка од потребниот износ за рефинансирање.
За Јунајтед груп:
Јунајтед Груп е водечки снабдувач на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа, обезбедувајќи им на корисниците широк опсег на телекомуникациски услуги. Има една од најшироките мрежи за покривање во регионот и на корисниците им нуди уникатен избор на содржини, од локални до најдобар избор на содржини од целиот свет. Овој важен стратешки чекор ќе и овозможи на Групацијата да се фокусира на продолжување да ги обезбедува најдобрите телекомуникациски услуги за своите корисници и да ги задржи своите водечки позиции на пазарот. Во нашата земја, во рамки на Јунајтед Груп работи компанијата Тотал ТВ.
Е-пошта за контакт: [email protected]
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Објавен „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век“ од Славчо Ковиловски
„Македоника литера“ објави нова книга на Славчо Ковилоски со наслов „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половинана ХХ век“.
Овој речник се надоврзува на „Речникот на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“, од истиот автор, публикуван во 2022 година. Покрај лажните имиња од сите видови (псевдоними, кратенки, знаци) овде се вклучени и одредници со прекари на публицисти, родените имиња на авторите, како и одреден број партизански псевдоними.
Во Речникот се наоѓаат книжевни псевдоними на 187 автори и 36 псевдоними од други области со вкупен број од 223 лица со скриени имиња. Исто така, има 19 родени (крстени) имиња на луѓе од книжевноста и културата, како и 37 автори чии прекари се споменуваат покрај нивните имиња. Вкупниот број на псевдоними изнесува повеќе од петстотини. Посебно поглавје е посветено на теорискиот пристап при објаснувањето на методологијата, односно постапките за дешифрирање и категоризирање на скриените имиња. Овој дел е особено важен, бидејќи без соодветен критички метод на потврдување или негирање на авторството препишано според псевдоним, не може да се добие релевантен одговор, прецизно дефиниран, елабориран според современите концепции на теоријата на книжевноста, но и на книжевно-историските односи и практики.
Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски книжевен историчар, културолог, поет, прозаист. Автор е на неколку прозни, поетски и монодрамски дела, како и на повеќе монографии од областа на книжевноста, историјата и културологијата. Прикази и статии објавувал во повеќе македонски списанија и дневните весници. Има преведено шест белетристички и научни дела од хрватски и бугарски на македонски јазик и повеќе преводи од српски јазик објавени во периодиката. Делови од неговото прозно и поетско творештво се преведени и препеани на неколку европски јазици.
Работи во Институтот за македонска литература (Одделение за македонска литература во XIX век), при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Култура
Изложба на академската сликарка Јана Јакимовска во Штип
Штипската публика ќе има можност да ја види најновата изложба на академската сликарка Јана Јакимовска. На 18.11.2025 година во 13 часот во Безистенот во Штип ќе се отвори нејзината самостојна изложба на цртежи и слики со наслов Везилка. На изложбата се изложени дела инспирирани од песната Везилка на Блаже Конески. По изложувањето во Скопје, ова е второ претставување на изложбата Везилка пред македонската публика.
За изложбата, кураторката д-р Ана Франговска ќе напише: Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу „женската рака“ и „машката историја“. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на Блаже Конески (1955), која годинава одбележува 70 години од нејзиното создавање. Кај Конески, везилката е жената која во мрежата од конец и игла внесува историја, идентитет и културна меморија. Кај Јакимовска, таа улога се радикализира: везот станува критичка стратегија, алатка за преиспитување на општествените улоги на жената, за проблематизирање на нејзината видливост, рамноправност и општествена моќ.
Јана Јакимовска е родена во 1981 година во Скопје. Дипломира (2005) и магистрира (2009) на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ во Скопје. Се занимава со сликарство, фотографија, интервенции во јавен простор, инсталации, перформанси, илустрација и графички дизајн. Во фокусот на нејзиното неодамнешно творештво преовладува телото, себството, сексуалноста, општествената позиција на жената.
Имала 24 самостојни претставувања во Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово, Кичево и Штип. Има учествувано на повеќе од 100 групни изложби во САД, Германија, Италија, Литванија, Турција, Грција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Северна Македонија.
Учествувала на повеќе симпозиуми и ликовни колонии во земјава и во странство. За своето творештво има добиено неколку награди, од кои последната е наградата од КИЦ „Константин Мазев – Коце“ за мал формат во 2024 година.
Работи како редовен професор од областа сликање и сликарски техники на Ликовната академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Култура
Јубилејно 50. издание на Млад Отворен Театар во МКЦ од 19 – 25 ноември
МКЦ го најавува новото, 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти.
Под насловот „Нашите во светот“, јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ја истакнува вредноста на уметниците кои потекнуваат од нашата културна средина, а се етаблирале во европски и регионални театри.
„МОТ во 2025 година ќе ги донесе на домашна сцена нивните најнови претстави, создадени во театарски куќи во регионот и пошироко, овозможувајќи им на гледачите да ги видат делата на нашите режисери, актери и сценски автори кои создаваат надвор, но со јасен печат на македонската уметничка школа“, информира Русе Арсов во името на тимот на МКЦ.
Отворањето на фестивалот е со претставата „Лимени барабан“ (Лимениот добош) во режија и адаптација на Васил Христов, која е поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград. „Лимениот добош“ на Гинтер Грас е еден од најважните романи на 20 век, каде преку ликот на Оскар Мацерат, 30 годишен пациент на психијатрија, кој како момче со три години на почетокот на Втората светска војна, донел одлука или одбил да расте. Протестирајќи против возрасните, Оскар ги коментира историските случувања од детска перспектива, цртајќи слика на светот која брза кон самоуништување. Во оваа претстава на Југословенско драмско позориште, македонската екипа е проширена и со композиторот Никола Коџобашија и авторот на сценографија Константин Трпеновски.
Затворањето на фестивалот е предвидено да биде со „Мајка храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Новосадско позориште. Покрај Пројковски како дел од авторската екипа се и Олга Панго – кореографија, Валентин Светозарев – сценографија и Сергеј Светозарев автор на плакатот.
Авторка на годинешниот плакат на МОТ е Кристина Горовска.
Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, каде и ќе може да се набават и онлајн билетите за програмите на фестивалот веќе од четврток, 13 ноември.
Годинешната програма на фестивалот е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

