Соопштенија
Стручна конференција „Нови екобетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства
Градежништвото е основен двигател на економскиот развој, па имплементацијата на иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција кои ќе го унапредат процесот и ќе создадат можност за нови одржливи производи е од клучно значење. Во услови на голема транзиција во скоро сите сектори, од клучно значење е зајакнување на соработката помеѓу науката, компаниите и институциите. Само на тој начин може развојот да се насочи кон креирање на одржливост на долг рок, зајакнување на конкурентноста на компаниите и економски раст. Ова беа главните заклучоци на стручната конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ што се одржа денес во организација на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.
На конференцијата која е организирана во рамки на обележувањето на 70-годишнината од основањето на ТИТАН Усје пред присутните се обрати главниот извршен директор на компанијата Константинос Николау.

„Иновациите и воведувањето на нови технологии се наш врвен приоритет и голем дел од инвестициите се насочени во тој правец. Во последните пет години, компанијата вложи повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Титан Усје е пионер во примената на принципите на кружната економија, а како резултат на тоа компанијата ги редуцираше емисиите на CO₂ за 2.600 тони. Токму тоа нѐ мотивираше да ја интензивираме соработката со сите релевантни партнери, да го споделиме нашето искуство и знаење со пошироката заедница и да поттикнеме поголема соработка помеѓу инволвираните страни“, истакна Николаоу.
ТИТАН Усје планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра во нови технологии и модернизација во следните три години, а со производство и пласман на пазарот на нови еко цементи, компанијата дополнително ги намали CO₂ емисиите за повеќе од 40.000 тони.
„Живееме во услови на брзи и нагли промени што предизвикува неизвесност. Скоро сите сектори, вклучувајќи го и градежништвото мора да се адаптираат на овие промени. Па оттука, соработката е многу важна, бидејќи ќе ни овозможи заедно да го најдеме најдобриот начин кој ќе гарантира раст и во следниот период. Градежништвото е исправено пред два предизвика. Едниот е поврзан со климатските промени и потребата од поголема имплементација на еколошки производи. Вториот предизвик е поврзан со потребата да не се запоставуваат базичните принципи на градежништвото – стручност, стандарди, свест и совест. За одржливо градежништво се потребни и двата аспекта и уверен сум дека со ваков тип на соработка во голема мерка ќе придонесеме за развој кој ќе се движи во вистинска насока“, истакна деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Горан Марковски. За да ја потенцира важноста од стручноста во градежништвото и употребата на квалитетни и еколошки бетони, Марковски стави маска од диносаурус, алудирајќи дека ако не се грижиме за животната средина ќе имаме иста судбината на диносаурусите.

На првиот панел на тема Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво настапија Деканот на градежниот факултет проф.д-р Горан Марковски, проф. д-р Петер Марк од СР Германија, проф. д-р Снежана Маринковиќ од Република Србија, Христофорос Вулгарис од Титан и Иван Ангелов од Титан Усје. Говорниците преку своите стручни презентации ја подвлекоа важноста од употребата на еколошки бетони и градежни материјали за да се обезбеди одржлив развој и заштита на животната средина. Во таа насока акцент беше ставен на регулативата во земјава, но и во Европската унија, во насока на редуцирање на CO₂ емисиите. Законот за климатска акција кој е во работна верзија треба да ја зајакне домашната регулатива, а голем исчекор се очекува да има и воведувањето на СИБАМ системот. Покрај регулативата, говорниците се осврнаа и на значењето на новите технологии и зајакнување на стандардизацијата за да се обезбеди одржливост и на градежништвото и на еко системите.
На вториот панел на тема Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција говореа директорот на Фабрика Карпош Силјан Михајловски, комерцијалниот директор на Адинг Даниел Цеков, главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау, д-р Џевад Кицера, директор на Институтот за стандардизација и Маја Дојчиновска Колиќ од Институтот за стандардизација.
Поголема имплементација на стандардите, тесно усогласување на развојот на индустријата во целосен склад со развојот на заедницата и животната средина и размена на искуства и знаења за најновите трендови во индустријата, беа во фокусот на овој панел.

Во насока на интензивирање на соработката помеѓу приватниот сектор и научната јавност, ТИТАН Усје започна соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која се реализира преку проектот „Знаење + CO₂ -“– со знаење и иновативност до помалку CO2. Токму оваа конференција е дел од овој проект, но предвидени се и многу други. Активностите на проектот се одвиваат преку три главни модули: Едукативен модул – организирање курсеви, практикантски програми, теренски посети и поткасти; Модул за истражување и развој – мултидисциплинарни истражувања и отворање на паметна лабораторија и Модул за подигнување на свеста – младински натпревари, годишна изложба и други активности.
ПР објава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

