Соопштенија
СДСМ: Обезбедени се 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци
Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат 44 милиони денари за надомест за сместување и превоз на студенти и средношколци, соопштија од владејачката партија.
„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува на страната на младите и обезбедува помош за студентите и средношколците погодени со здравствената и економската криза предизвиканата од пандемијата на коронавурисот. Со четвртиот пакет антикризни мерки се обезбедени 44 милиони денари за поддршка за сместување или превоз на 884 студенти и 347 ученици, кои нема да може да се сместат во студентските и ученичките домови“, се вели во соопштението.
Поради намалениот капацитет во домовите, додаваат од СДСМ, кои ќе функционираат според строго утврдени протоколи со цел да се заштити јавното здравје, оние студенти и средношколци чии барања биле одобрени, а не може да бидат сместени, ќе имаат можност да изберат месечен надомест за покривање на трошоците за приватно сместување или, пак, да изберат надомест на трошоците за превоз од местото на живеење до местото на студирање.
Истовремено, велат од СДСМ, платежни картички „купувам домашно“ од 6.000 денари ќе добијат 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Македонските мали и средни претпријатија влегуваат со умерен оптимизам во 2025
ДАНИЕЛА ДИМОВСКА, ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО: ПОЛОВИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОЧЕКУВААТ РАСТ, НО ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОСТАНУВААТ!
Повеќе од половина од малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија очекуваат подобрување на економската активност во нивниот сектор во текот на наредната година, покажува истражувањето спроведено во рамки на Годишниот извештај на Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АПП). И покрај инфлацијата и растот на цените кои и понатаму претставуваат главен предизвик за стопанството, голем дел од менаџерите изразуваат умерен оптимизам во однос на следната година.
Иако, 34% од компаниите забележале умерено подобрување, 38% од испитаниците сметаат дека економската активност во нивниот сектор останала непроменета. Овој амбивалентен став резултира со зголемена претпазливост кај компаниите во однос на идните вработувања и инвестиции. Помалку од 20% од испитаниците вложиле во нови инвестиции или лансирале нови производи, додека мнозинството го задржале истиот број на вработени. За да се справат со ефектите од инфлацијата, дел од компаниите прибегнале кон зголемување на цените на своите производи.
Проблемите со зголемените цени на инпутите, нарушениот синџир на набавка и ограничениот пристап до финансии, остануваат клучни предизвици. Една четвртина од испитаниците, главно микро претпријатијата, со помалку од десет вработени, посочиле дека имаат сериозни потешкотии со пристапот до финансиски средства. Сепак, директорката на АПП, Даниела Димовска, истакнува дека истражувањето е спроведено пред постигнувањето на договорот за кредитната линија со ниски камати од унгарскиот кредит, кој се очекува значително да ја подобри оваа состојба.
Истражувањето открива и дека две третини од испитаниците имаат минимална интеграција на новите информатички технологии во своите процеси. Во оваа насока, Димовска најавува дека дигиталната трансформација ќе биде главен приоритет во мерките на АПП за 2025, со цел да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.
Истражувањето е спроведено од консултантската фирма „Маркет Висион“ во октомври годинава, на стратицифиран случаен примерок на мали и средни претпријатија, со интервал на доверба од 95% и статистичка грешка од 5%. Резултатите се основа за Годишниот извештај на АПП.
ПР текст
Соопштенија
Карванот „Зимска новогодишна бајка“ на „Државната лотарија“ шири магија во Скопје
Во пресрет на новогодишните празници, Државна лотарија во втората половина на месец декември ја носи магијата на празничното новогодишно расположение во Скопје преку реализација на караванот “Зимска новогодишна бајка”.
Проектот предвидува оддржување на еднодневни јавни настани кои ќе се оддржат во општините Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Карпош, Аеродром и Гази Баба.
Еднодневните настани ќе започнуваат во 18:00 часот и ќе траат до 23:00 часот.
Во првиот дел од програмата е предвидено оддржување на забавна програма за деца во која најмладите жители на општините во Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапот на Детскиот фестивал Поточиња, а истовремено и да проследат театарската претстава на Театарот Чекори, бесплатно да се фотографираат со Дедо Мраз, да добијат новогодишни пакетчиња и да се забавуваат со маскотите на омилените ликови од најпопуларните цртани филмови.
Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.
Скопјани ќе имаат можност на настаните да уживаат со топол пијалок и добра храна.
Во сабота, на 21 декември, во Новогодишната бајка на Државна лотарија ќе уживаат жителите на општина Ѓорче Петров, на плато во паркот.
Во недела, 22 декември, караванот ќе го посети Драчево (кај Крстот) – Општина Кисела вода.
Програмата за најмладите започнува во 18 часот, а настанот трае се до 22:30 часот.
АГЕНДА
Oд 18:00ч до 23:00ч, на следните датуми и места во Скопје:
21 – сабота – Општина Ѓорче Петров на плато во паркот;
22- недела – Општина Кисела Вода, кај крстот во Драчево;
24 – вторник Општина Бутел, пред општинската зграда;
26 – четврток Општина Карпош, плоштад Делфина (пред Порта Влае);
28 – Општина Аеродром, во парокот Јане Сандански;
29 – Општина Гази Баба, плоштад Автокоманда.
(ПР)
Соопштенија
„Мириса на дома“ – кампања која го слави македонското гастрономско наследство, традицијата и уметноста
Македонската традиција е многу повеќе од наследство – тоа е срцето на нашата култура, вредности кои се пренесуваат од колено на колено.
Со кампањата „Мириса на дома”, Халкбанк ги поттикнува сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад традиционалните рецепти и приказните на кои тие се темелат.
Овој проект ја слави македонската култура и ги истакнува силните врски меѓу уметноста и храната. Кампањата е интегрирана преку видео материјалите под наслов #МирисаНаДома, кои ја доловуваат топлината на домашната трпеза и ги пренесуваат емоциите што ги носи секој оброк како симбол на љубов, споделување и традиција.
Во рамки на кампањата, Халкбанк ја промовира и книгата „Патување низ гастрономското наследство“ која е вистинско уметничко и културно остварување. Ова е книга што го претставува македонското гастрономско наследство како едно големо уметничко дело, кое зборува за нашата историја, традиција и култура. Книгата содржи повеќе од педесет рецепти од сите региони на Македонија, рецепти кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација. За секој рецепт се направени оригинални илустрации создадени од пет реномирани македонски уметници, кои беа вклучени во овој проект, создавајќи уникатна визуелна приказна за секое јадење.
Кампањата е заокружена и со настан организиран од страна на банката, во традиционален амбиент, создавајќи неверојатна синергија помеѓу звукот на традицијата доловен преку музичката изведба на Дуке Бојаџиев и пријателите, вкусот и визуелните уметности, пренесувајќи многу емоции и неверојатно доживување на присутните.
„Оваа година, преку македонската традиционална храна, се враќаме назад во времето, каде што секој оброк носи приказни за нашата историја и култура. Со кампањата „Мириса на дома“, продолжуваме да ја славиме македонската традиција, поттикнувајќи ги сите да ги почувствуваат вредностите што стојат зад секој рецепт, кој е наследство пренесувано низ генерации. “ изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
„Мириса на дома“ е дел од кампањата „Трајни културни вредности“ која трета година по ред ги слави богатствата на македонската култура и традиција, иницијатива на Халкбанк АД Скопје. Оваа кампања продолжува да ја истакнува уникатноста на нашето наследство преку уметност, храна и музика.
(ПР)