Спорт
Вардар не издржа, само реми со ПСЖ, а го загуби Стоилов!
Ученикот за малку ќе беше подобар од учителот. Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар не успеа да ги донесе „црвено-црните“ до победа над Пари Сен-Жермен, предводен од неговиот ментор и поранешен прв човек на Вардар, Раул Гонзалез по 33:33 во дра…


Ученикот за малку ќе беше подобар од учителот. Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар не успеа да ги донесе „црвено-црните“ до победа над Пари Сен-Жермен, предводен од неговиот ментор и поранешен прв човек на Вардар, Раул Гонзалез по 33:33 во драматична завршница на „Еуротурноа“ турнирот во Стразбур.
Во реприза на мечот за третото место на Фајнал фор од Лигата на шампионите, во Келн, Вардар со сосема различен тим од минатата сезона, успеа да наметне одлично темпо во првото полувреме (кое го доби со 20:14), за потоа во второто да го падне во играта, и да дозволи ПСЖ да израмни на 31:31.
Во последните минути, Вардар промаши пенал за водство, а ПСЖ поведе со 33:32 преку Карабатиќ, пред во последните секунди да стигне израмнувањето.
Сенка на натпреварот фрли повредата на капитенот Стојанче Стоилов, кој во дуел со Лука Карабатиќ во првото полувреме ја повреди дланката, откако противникот падна на него. Останува да се види дали се работи за посериозна повреда и дали тој ќе може да настапи на вториот меч од турнирот против Мешков (18.15).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ајакс го купи најдобриот дефанзивец од мексиканската лига

Мексиканскиот репрезентативец Хорхе Санчез е нов играч на Ајакс, потврди холандскиот клуб. Тој пристигна од Клуб Америка, а со „копјаниците“ потпиша четиригодишен договор.
Дека Ајакс донесе вистински ас во своите редови говори и податокот дека 24-годишниот дефанзивец минатата година беше избран во најдобриот тим на мексиканската лига.
Во дресот на репрезентацијата дебитираше во 2019 година, а една година подоцна со Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри.
Тој помина четири сезони во Клуб Америка каде одигра 150 натпревари и постигна два гола.
Our new number ????????! ????
???? Who needs one?!
— AFC Ajax (@AFCAjax) August 10, 2022
Спорт
Флорентино Перез: „Златната топка“ е за Бензема, убаво е Барса да биде силна

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез искажа задоволство од најновиот трофеј на „кралскиот клуб“. Синоќа тимот на Карло Анчелоти го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.
„Лани имавме успешна сезона и овој Суперкуп многу не радува затоа што може да биде најава за нови успеси во сезоната што е на прагот. Анчелоти одлично го води тимот и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Бензема е незапирлив и нема сомнение дека ја заслужи Златната топка“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на „кралскиот клуб“ имаше убави зборови и за големиот ривал Барселона.
„Барселона е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво. Тоа ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.
Спорт
КК Пелистер го доведе Американецот Рајл Овенс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона. Нов член на клубот е Американецот Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.
Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари Двојаковски, Јовановски и Ристевски.
Битолскиот тим оваа сезона ќе настапува и во втората по ранг конкуренција во АБА.