Спорт
Велшанецот ја покори Франција
Велосипедистот на тимот „Скај“, Џерен Томас, денеска ја потврди вкупната победа на 105.издание на трката околу Франција. По минати 3.351 километар, Томас со време 83 часа, 17 минути и 13 секунди победи на „Тур д’Франс“.
„Ова сигурно е еден од најдобрит…

Велосипедистот на тимот „Скај“, Џерен Томас, денеска ја потврди вкупната победа на 105.издание на трката околу Франција. По минати 3.351 километар, Томас со време 83 часа, 17 минути и 13 секунди победи на „Тур д’Франс“.
„Ова сигурно е еден од најдобрите денови во мојот живот“, изјави победникот Томас.
Последната етапа на трата околу Франција, долга 116 километри, се возеше од Ули до Елизејските полиња, а Томас без проблеми ја одбрани предноста од речиси две минути што ја имаше во однос на Тома Думолан.

Велшанецот, Томас, стана третиот Британец што ја освои најпрестижната трка во светот на велосипедизмот во последните седум години. Претходно трката ја освојуваа Бредли Вигинс и Крис Фрум.
Во генералниот пласман второто место го освои Холанѓанецот Дуломан, додека Фрум заврши на третата позиција.
Последната етапа му припадна на Норвежанецот Александер Кристоф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

