Популарно
(Видео) Немили сцени пред ковчегот на Марадона: фановите се судрија со полицијата

Улиците на аргентинската престолнина Буенос Аирес се претесни за реката фанови што сакаат да му кажат последно збогум на фудбалскиот ас Диего Армандо Марадона.
Ковчегот со телото на Марадона е изложен во Розовата куќа (Каса Росада), претседателската палата во срцето на аргентинскиот главен град.
Аргентинците скршени од болка ја испраќаат фудбалската легенда по тажната вест што беше објавена во средата, а се проценува дека милион луѓе ќе му оддадат почит на поранешниот фудбалер.
Збогувањето со Марадона почна во 12 часот, а голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог. Сепак, се случи и инцидент кога некои од граѓаните се степаа со полицијата во обид да ја пробијат оградата.
Empiezan los disturbios en la
despedida de Maradona💥💥.Cargas policiales y vallas volando.
🎥 TodoNoticias Argentina pic.twitter.com/3AybKnZPvl
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 26, 2020
И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми зашто некои од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.
Работите функционираат така што насобраните фанови минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со Марадона за што нема многу време бидејќи луѓето може да поминат само покрај ковчегот меѓу кој има ограда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно
(Во живо) Последно збогум за Марадона, улиците на Буенос Аирес претесни за реката фанови

Во Буенос Аирес во тек е последното збогување на нацијата од Диего Армандо Марадона, а река луѓе дојдоа да се простат од популарниот Ел Пибе.
Ковчегот со телото на Марадона е изложен во Розовата куќа (Каса Росада), претседателската палата во срцето на аргентинската престолнина.
Преку ковчегот е поставено големо аргентинско знаме, над кое се наоѓа дресот на националниот тим со број десет, што го носеше Диего.
Аргентинците скршени ја испраќаат фудбалската легенда по тажната вест, која беше објавена во средата, а се проценува дека милион луѓе ќе му оддадат почит на поранешниот фудбалер.
Во меѓувреме, ситуацијата е напната на улиците.
Empiezan los disturbios en la
despedida de Maradona💥💥.Cargas policiales y vallas volando.
🎥 TodoNoticias Argentina pic.twitter.com/3AybKnZPvl
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) November 26, 2020
Работите функционираат така што насобраните луѓе минуваат низ Розовата куќа и се збогуваат со Марадона за што нема многу време бидејќи луѓето може да поминат само покрај ковчегот меѓу кој има ограда.
Nerves and tension as fans wait outside Casa Rosada to pay final respects to legend Maradona. It’s 6am in Buenos Aires pic.twitter.com/RgBEXZXsM0
— Martin Mazur (@martinmazur) November 26, 2020
Големата толпа ги создаде првите проблеми во Буенос Аирес, полицијата веќе неколкупати реагира поради оние што сакаа да се приближат до ковчегот на Марадона.
Популарно
Леброн го „начека“ Трамп: Отпуштен си!

НБА ѕвездата Леброн Џејмс не можеше да се возддржи од малку ликување, откако во саботата беше објавено дека Џо Бајден е новиот американски претседател, што значи дека стариот „непријател“ на кошаркарот, Доналд Трамп ќе се пакува од Белата Куќа.
Леброн се приклучи на коментарите на социјалните мрежи откако неговиот конфликт со Трамп траеше неколку години во кои двајцата си разменуваа навредувачки коментари.
Џејмс прво објави видео на кое пуши цигара со порака „Повеќе од избори“, за потоа да го постира Трамп со славната порака „Отпуштен си“ од неговото реално шоу.
😉 @morethanavote 👑 pic.twitter.com/n6kmG12H1X
— LeBron James (@KingJames) November 7, 2020
👋🏾👋🏾👋🏾 https://t.co/2FwRpCKsnB
— LeBron James (@KingJames) November 7, 2020
— LeBron James (@KingJames) November 7, 2020
Популарно
Кристијано Роналдо заразен со коронавирус

Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус и ќе го пропушти натпреварот на Португалија во рамки на Лигата на нации против Шведска в среда.
Според Португалската фудбалска федерација (ПФФ), напаѓачот на Јувентус „се чувствува добро, нема симптоми, но е во изолација“.
Останатите во португалската репрезентација добиле негативни резултати, откако денеска беа тестирани и се на располагање за натпреварот од групата А3 во Лисабон.
Во понеделникот Роналдо објави фотографија со својот тим околу долга маса за време на оброк, со натпис: „Обединети, на и надвор од теренот“.
Unidos dentro e fora do campo! 🇵🇹👏🏽👊🏽 #todosportugal pic.twitter.com/4bQSUIPm2m
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 12, 2020
ПФФ во изјавата додава: „По позитивниот случај, преостанатите играчи беа подложени на нови тестови во вторникот наутро, сите добија негативен резултат и му се на располагање на Фернандо Сантос за попладневниот тренинг“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира