Популарно
(Видео) Спектакуларно отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг
Со церемонијата на свеченото отворање во 13 часот по средноевропско време, денеска почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг.
Спектакуларната церемонија на свеченото отворање повторно се одржува на олимпискиот стадион „Птичје гнездо“. Така, овој стадион стана првиот во историјата на кој се одржала церемонија на отворање на една летна (2008) и една зимска олимпјада.
По свеченото отворање, започна и дефилето на националните репрезентации. Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри – панда во костум од мраз, но, како што велат, со срце од злато. Станува збор за популарната мечка чие природно живеалиште е во централнозападна и југозападна Кина.
Introducing the #Beijing2022 Olympic mascot…#BingDwenDwen
✅Suit of ice.
✅Heart of gold.
✅Loves winter sports.
#StrongerTogether | #OpeningCeremony pic.twitter.com/Bfv8k7joXq— Olympics (@Olympics) February 4, 2022
Македонија на игрите во Пекинг ќе има тројца преставници – Ставре Јада, Ана Цветановска и знаменосецот Дардан Дехари.

На дефилето во „Птичје гнездо“ се појави само Дехари, а поради близок контакт со позитивно лице на Kовид-19, Јада и Цветановска отворањето го следат од Олимпиското село. Тие не се во карантин и се подготвени за почетокот на своите натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
