Спорт
(Вознемирувачко видео) Гром уби фудбалер среде натпревар, на социјалните мрежи се споделува снимката
Трагедија каква што не се памети се случи во Индонезија. За време на натпреварот помеѓу локалните тимови 2 FLO Bandung и FBI Subang гром го уби фудбалерот Септиан Рахарја.
Снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи, а се се случи среде натпревар.
Guy was killed by lighting strike in indonesia 🇮🇩 RIP pic.twitter.com/HVzTUyoT8a
— junior (@A_NOLDD) February 12, 2024
Гром го погоди Рахарја, а од силината на ударот уште двајца соиграчи паднаа на тревата.
„Инцидентот се случи кога гром ја погоди жртвата на стадионот. Неговото име е Септиан Рахарја, тој е од Субанг“, откри полицијата.
Рахарја имал 34 години, локалните медиуми објавија дека дишел по ударот на гром, но дека починал набргу откако бил примен во болница.
Ова е втор пат гром да удри во фудбалер во Индонезија, откако тоа му се случи на млад фудбалер од Источна Јава на натпревар меѓу екипи до 13 години.
Тој млад човек преживеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баерн го декласира Динамо – „Модрите“ го забележаа најтешкиот пораз во историјата
Баварците на своите навивачи им приредија вистински спектакл, а Динамо понижувачки пораз, најтежок во клупската историја, а Баерн стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите кој успеа да постигне девет гола на еден натпревар.
На „Алијанц арена“ навивачите видоа 11 гола, три гола беа поништени, три пенали за Баерн, блиц-криг на Динамо кога во 60 секунди дојде до 3:2 и четири гола на Хари Кејн.
Англичанецот со вечерашниот учинок ја исткна кандидатурата за прв стрелец во Лигата на шампионите. Кејн постигна три гола од пенал и еден од игра.
Покрај Кејн два гола, во своето деби во Лигата на шампионите постигна Мајкл Олисе, а по еден гол дадоа Грималдо, Лирој Сане и Леон Горецка.
Стрелци за Динамо беа Петковиќ во 49. и Огивара во 50.минута.
Во тимот на Динамо Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми на теренот влезе во 78.минута.
Спорт
(Видео) Милан немоќен пред Ливерпул, Реал го победи Штутгарт
Ливерпул, во дербито на денот го победи Милан на „Сан Сиро“ со 3:1. Актуелниот првак Реал славеше над Штутгарт со 2.1. Победа на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите запиша и Спортинг. „Лавовите“ во Лисабон со 2:0 го победија Лил.
Дербиот во Милано идеално започна за Милан. Во третата минута Пулишиќ го совлада Алисон и му донесе предност на Милан. Во тој момент малкумина веруваа дека тоа ќе биде се од домашниот тим на овој натпревар.
Некаде од 15.минута играчите на Ливерпул ја презедо контролата врз играта и до крајот на првиот дел целосно издоминираа. „Црвените“ постигнаа два речиси идентични гола во 23. и 41.минута. Стрелци беа дефанзивците Конате и Ван Дајк. Неразбирливо е како беа оставени само во петте метри по корнерите кои ги изведоа Александер-Арнолд и Цимикас.
Предноста на Ливерпул можеше да биде и поголема, но Салах немаш среќа. Два пати ја погоди гредата. Точка на натпреварот стави Слобослаи во 67.минута.
Реал се мачи од почетокот на сезоната, но некако победува. Штутгарт му пружи силен отпор на европскиот првак, но не успеа да направи изнендување.
Мбапе го постигна првиот гол во 46.минута, Штутгарт израмни со голот на Ундав во 68.минута. Предноста на реал му ја врати Ридигер во 83., а ја потврди Ендрик во 95.минута.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Јилдиз – Рутински победи за Јувентус и Астон Вила
Јувентус и Астон Вила со победи ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Двата тима рутински славеа во дуелите со ПСВ Ајндховен, односно Јанг Бојс.
Првиот гол во новата сезона во Лигата на шампионите го постигна Јилдиз. 19-годишникот од Јувентус во 21.минута против ПСВ постигна спектакуларен гол. Од левата страна со десна гаѓаше и го погоди спротивниот агол. Шест минути подоцна Мекени искористи мала конфузија во одбраната на холандскиот тим и го постигна вториот гол.
Дилемите околу победникот ги реши Нико Гонзалес во 52.минута. Почесниот гол за ПСВ е дело на Саибали во 94.минута.
Во Берн, Астон Вила ја оправда улогата фаворит против Јанг Бојс. Англискиот тим доминираше, ги казни сите грешки на противникот и победи со 3:0.
Стрелци беа Тилеманс и Ремзи во првото полувреме и Онана во финишот на натпреварот.