Контакт

Популарно

(Видео) Општа веселба и српски ора пред хотелот на Ѓоковиќ во Мелбурн

Објавено пред

Додека најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во прифатилиштето за мигранти во Мелбурн го очекува денешното судско рочиште по жалбата за одбиената виза, пред хотелот беше организирана општа веселба од страна на неговите фанови.

Српскиот тенисер веќе четврти ден е во изолација во прифатилиштето, па поддржувачите во Мелбурн се обидуваат со музика во живо, ора и народни песни да го подигнат неговиот дух.

Рочиштето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ.

Случајот со српскиот тенисер со денови е најголема спортска тема во светот, којa толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи постапката пред австралискиот федерален суд.

Судот ќе одлучи дали тенисерот ќе добие виза за влез во Австралија, каде што треба да ја лови својата 10. титула на Австралија опен и 21-ва на Гренд слем турнирите.

Првично, визата му беше одбиена со образложение дека не приложил соодветни докази во однос на медицинското изземање, кои би го оправдале неговиот влез во земјата иако не е вакциниран.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт8 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт8 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт8 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава9 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет10 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет10 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија11 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион12 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет12 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...