Спорт
Два високи пласмани за Македонски каратисти од Светската карате лига во Португалија

Викторија Јовановска го освои петтото место на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, откако во борбата за бронзата зауби со резултат 4-7 од – Анквуд Олаја Енхаили од Шпанија.
Ова е успех за Јовановска, иако радоста можеше да биде поголема, бидејќи каратистката на Макпетрол извојува 4 победи а во полуфиналето загуби 0-1 од Ешли Какиај од Холандија. Во борбата за медал водеше со 4-3 поени на само 9 сек до крајот За жал таа не успеа да го зачува водството и мораше да се задоволи со високиот пласмн на петто место.
61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија) 1-1
Викторија Јовановска – Клаудија Сантос (Португалија) 8-0
Викторија Јовановска – Ѓихане Менасер (Франција) 4-0
Викторија Јовановска – Јелена Калајѓиќ (Австралија) 1-0
Полуфинале
Викторија Јовановска – Ешли Какиај (Холандија) 0-1
За бронза
Викторија Јовановска – Анквуд Олаја Енхаили (Шпанија) 4-7
Во борбите на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, неколку каратисти на Макпетрол забележаа по две победи.
Најискусниот репрезентативец, кој беше и во улога на тренер, Петар Заборски првата борба ја загуби, но доби шанса во репасажот бидејќи Херохи Пицул од Украина се пласира во финалето. Петар одлично стартуваше и заблежа две победи, а во третата беше поразен со минимален резултат 0-1 од Швеѓанецот Рики Хааг.
Витомир Трајковски забележа две ефектни победи, а во третата средба со Нико Мантере од Финска е поразен со 1-2.
Во истата категорија Петар Спасеновски забележа победа и пораз.
Стефан Стојановиќ постигна две победи, а во третиот меч загуби со минимален резултат 0-1од Николаи Секот од Германија.
На Карате 1 Серија А, настапија 990 спортисти од 70 земји.
Тимот го водеше тренерот и натпреварувач Петар Заборски.
Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023, останати резултати:
75 кг
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина) 0-9
Репасаж
Петар Заборски – Матео Гамба (Италија) 5-0
Петар Заборски – Лием ле Тан (Франција) 2-0
Петар Заборски – Рики Хааг (Шведска) 0-1
84 кг
Витомир Трајковски – Џијанмарко Маглијано (Италија) 9-0
Витомир Трајковски – Жан-Клод Оверман (Холандија) 4-2
Витомир Трајковски – Нико Мантере (Финска) 1-2
Петар Спасеновски – Аро Туоминен (Финска) 5-3
Петар Спасеновски – Валери Соник (Украина) 1-4
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Леонардо Переира (Португалија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Леае Бенхенија (Мароко) 3-3
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 0-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марка: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.
Диого Жота кариерата ја започна во Пакош Ферерира во 2014 година. По две години се сели во Атлетико Мадрид, а потоа патото преку Порто и Вулверхемптон го однесе во Ливерпул.
За клубот од „Енфилд“ со кога сезонава стана англиски шампион, потпиша во 2020 година. Ливерпу за неговиот трансфер издвои 40 милиони фунти.
⚫ Muere el futbolista del Liverpool Diogo Jota en un accidente de tráfico en la provincia de Zamora
😢 El siniestro se produjo en el kilómetro 65 de la A-52, a la altura del término municipal de Palacios de Sanabria. pic.twitter.com/Uz15fMHKoZ
— MARCA (@marca) July 3, 2025
Спорт
Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.
Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.
Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.
„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.
„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.
Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.
Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.
Спорт
Еклстоун: Хамилтон освојуваше шампионски титули кога конкуренцијата беше послаба

Фото/ EPA/ANNA SZILAGYI
Луис Хамилтон(40) ја вози следната трка пред домашната публика. Британецот девет пати ја освои Големата награда на Велика Британија, што ниту еден друг возач не успеа да го направи. Сепак, и покрај тоа што ќе во вози на британска почва во Силверстоун, прогнозите за седумкратниот светски шампион овој викенд не се особено оптимистички.
Хамилтон се мачи во првите месеци од соработката со Ферари, прв пат откако се појави во Формула 1 во 2007 година, во воведните 11 трки нема ниту еден пласман на подиумот.
Поради ова, се појавија сомнежи дали некогаш ќе ја видиме доминантната верзија од него што некогаш ја прикажуваше, кога беше еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.
Последниот што тврди дека Хамилтон никогаш повеќе нема да ја освои светската титула е поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.
„Дали ќе освои уште една титула? Не“, изјави тој за Скај Спортс.
„Мислам дека имаше среќа што беше таму во период кога… всушност, немаше премногу конкуренција, па беше малку полесно. А сега има сериозни ривали, додека во времето кога победуваше, немаше многу од нив. Победуваше кога конкуренцијата беше послаба.“
Вистина е дека соочувањето со реалноста беше тешко за сите што очекуваа чуда од комбинацијата на Ферари и најуспешниот возач во историјата. Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман со 91 поен и далеку зад колегата Шарл Леклер, кој успеа барем еднаш да заврши на подиумот.