Спорт
„Драгао“ се полни, Македонците се веќе на трибините

Топспорт во Порто,
Никола Ѓуровски
Ние, против 50.000 Португалци. Така најави капитенот Стефан Ристовски. Сепак, на трибините на „Драгао“ кој полека се полни, веќе се наоѓаат македонските фанови. Сместени се во горниот сектор, далеку од теренот, но громогласно ги пречекаа македонските репрезентативци на загревањето.
Секако, многу поголема ќе биде поддршката за португалските фудбалери. Околу 50.000 навивачи ќе бидат присутни на стадионот на Порто.
Во стартниот состав на Македонија влегоа и Елиф Елмс и Тихомир Костадинов, на местата на Чурлинов и на Николов. Португалија ја предводи Кристијано Роналдо, во тимот се и Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Диого Жота, Пепе…
Мечот започнува во 20.45 часот, а ќе го суди англискиот арбитар Ентони Тејлор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Симона Халеп загуби еден сет, Медведев убедлив на стартот на Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп триумфално стартуваше на првиот меч на Ролан Гарос. Поранешната најдобра тенисерка во светот беше подобра од Настасја Шунк од Германија со 2:1 во сетови (6:4, 1:6, 6:1).
Халеп добро отвори, но имаше пад во вториот сет кој го загуби убедливо. Сепак, се врати во третиот во добар ритам и славеше победа.
Пласман во второто коло во Париз обезбедија и Плишкова, Бадоса, Круниќ, Колинс, Корнет и Пегула.
Кај мажите, вториот светски рекет Данил Медведев без проблеми се пласираше во второто коло откако со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 6:2) го победи Аргентинецот Факундо Бањис. Следен противник на Медведев ќе биде српскиот тенисер Ласло Ѓере.
Спорт
ПСЖ сака да го купи Френки де Јонг

Францускиот гигант Пари Сен Жермен размислува да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Холандскиот интернационалец е на продажба на „Камп Ноу“ пред се поради финансиската состојба во клубот и желбата на Барселона да се засили со некои други играчи.
Де Јонг во последните седмици се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде нов кормилар е поранешниот тренер на играчот, Ерик тен Хаг од Ајакс. Сепак, парижаните размислуваат и за посериозни промени во својот состав ова лето и Де Јонг се смета за одлична можност за засилување на средниот ред.
Голем плус за ПСЖ е и учеството во Лигата на шампионите, бидејќи „црвените ѓаволи“ следната година ќе мораат да се задоволат само со Лигата на Европа.
Спорт
Чуамени се договорил со Реал, сега уште двата клуба околу отштетата

Шпанскиот гигант Реал Мадрид постигнал договор со францускиот репрезентативец Аурелиен Чаумени, пренесуваат шпанските медиуми. Тој минатата сезона одигра одлично во дресот на Монако и веќе е стандарден во селекцијата на „триколорите“.
„Кралевите“ ја загубија трката за Мбапе, но сега сакаат брзо да го комплетираат трансферот на Чуамени. Неговите агенти веќе ги договориле личните услови за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а сега треба да се договори и отштетата меѓу двата клуба.
Монако бара 80 милиони евра за да го дозволи трансферот, а засега Реал Мадрид нуди 60 милиони евра.