Спорт
Дурент: Лесно е да си најдобар во лош тим
Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент,бил горд што е избран за најдобар играч во тимот, во кој сите играчи се одлични. Дурент беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Вориорс со 4-0 ги поразија Кливленд Кавалирс.
Откако го доби при…


Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент,бил горд што е избран за најдобар играч во тимот, во кој сите играчи се одлични. Дурент беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Вориорс со 4-0 ги поразија Кливленд Кавалирс.
Откако го доби признанието, Дурент се соочи со прашањата дали МВП наградата ја заслужил неговиот соиграч Стеф Кари, а многумина сметаат дека ова признание требало да ју припадне на лидерот на поразениот тим, Леброн Џејмс.
„Мислам дека е лесно да бидеш најдобар кога околу себе немаш добри соиграчи. Многу е потешко да се истакнеш кога во тимот имаш одлично соиграчи. Горд сум што се издвоив, горд сум што напорно работам каде и да одам. Моите соиграчи ми даваат поттик да бидам уште подобар и чувствувам дека сум вистински воин“, рекол Дурент.
Еден од најдобрите крилни кошаркари во историјата на лигата, финалната серија ја заврши со просечни 28,8 поени, 10,8 скока и 7,5 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Инзаги: Се искачивме на Монт Еверест без кислород

Симоне Инзаги, тренерот на Ал Хилал, им честиташе на своите играчи за пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Тимот од Ријад ги елиминираше „граѓаните“ во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата (4:3), со што го направи најголемото изненадување на турнирот.
„За овој резултат, клучни се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инзаги по натпреварот.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе игра против Флуминензе, кој претходно исто така неочекувано го елиминираше Интер.
Спорт
Хејс-Дејвис се враќа во НБА, ќе потпише со Феникс Санс

Кошаркарот на Фенербахче, Најџел Хејс-Дејвис, ќе ја продолжи кариерата во НБА, откако ги договори деталите за едногодишна соработка со Феникс Санс.
По освојувањето на тројната круна со Фенербахче, титулата во Евролигата во 2025 година, наградата за најкорисен играч на фајналфорот, како и првенството и Купот на Турција и наградата, Хејс-Дејвис се избори за целосно загарантиран едногодишен договор со Санс, објави инсајдерот на ESPN, Шемс Чаранија.
Американецот има договор со Фенербахче до јуни 2027 година, но и клаузула дека може да замине доколку понуда од НБА.
Хејс-Дејвис доби и реши да ја прифати поканата од Феникс, а турскиот клуб како обесштетување ќе добие 900.000 евра.
Со заминувањето на Хејс-Дејвис и приходите од откупот, Фенербахче ќе го олесни буџетот за плати за околу три милиони евра.
Тој беше член на првата петорка на Евролигата две години по ред, а во сезоната 2024/2025 имаше просек од 16,7 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции.
Исто така, пред две сезони, тој го постави рекордот во Евролигата, против Баерн постигна 50 поени.
Откако не беше избран на НБА драфтот во 2017 година, Хејс-Дејвис играше за Лејкерси, Репторс и Кингс. Тој ја продолжи својата кариера во Европа откако се пресели во Галатасарај, а потоа играше во Жалгирис и Барселона, пред да ја освои Европа со Фенербахче.
Спорт
Гираси се договорил со Милан

Фудбалскиот клуб Милан, нападот ќе го засили со „деветка“ од светската класа. Серху Гираси ги договорил личните услови со Милан, сега клубовите треба да се договорат за обештетувањето.
Според италијанските медиуми, „росонерите“ испратиле официјална понуда од 70 милиони евра и сега на луѓето од Дортмунд е да одлучат дали ќе ја прифатат.
Гираси им се придружи на „милионерите“ од Штутгарт минатата година за 18 милиони евра, што значи дека Борусија би заработила три пати повеќе.
Во овој преоден рок, Милан остана без двајца играчи од нападот. Тами Ејбрахам се врати во Рома, а Лука Јовиќ како слободен играч го напушти „Сан Сиро“.