Контакт

Спорт

И Мајами доби свој Интер

Поранешниот англиски капитен Дејвид Бекам откри дека неговиот фудбалски тим кој ќе се натпреварува во МЛС лигата ќе го носи името Клуб Интернасионал де Футбол Мајами, или скратено Интер Мајами.
Клубот исто така го откри својот грб, кружно лого со две ч…

Објавено пред

Поранешниот англиски капитен Дејвид Бекам откри дека неговиот фудбалски тим кој ќе се натпреварува во МЛС лигата ќе го носи името Клуб Интернасионал де Футбол Мајами, или скратено Интер Мајами.

Клубот исто така го откри својот грб, кружно лого со две чапји, симбол кој треба да го го прослави „интернационалниот, различен, инклузивен, креативен и амбициозен дух“ на Мајами. Бекам по долго чекање доби МЛС тим во Мајами во јануари, откако првиот план го објави пред четири години.

„Ова е горд ден за мене и за целиот тим. Вистинска чест е да се открие новото име и грбот на нашите фанови“, изјави Бекам.

Интер Мајами ќе почне со игра во 2020 година на привремена локација додека се гради нивниот стадион со 25 илјади седишта во 2021 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Кировски: Ибрахимовиќ нема да оди во Милан

Техничкиот директор на Лос Анџелес галакси, поранешниот американски фудбалер со македонско потекло, Јован Кировски вели дека Златан Ибрахимовиќ нема да замине во Милан и ќе остане во неговиот тим и следната сезона.
Денеска италијанските весници и медиу…

Објавено пред

Техничкиот директор на Лос Анџелес галакси, поранешниот американски фудбалер со македонско потекло, Јован Кировски вели дека Златан Ибрахимовиќ нема да замине во Милан и ќе остане во неговиот тим и следната сезона.

Денеска италијанските весници и медиуми шпекулираа дека агентот на Швеѓанецот, Мино Рајола во Милано ги договара деталите за враќањето на Златан на „Сан Сиро“, каде што играше од 2010 до 2012 година и освои една титула од Серија А. 37-годишниот Швеѓанец постигна 22 гола во 27 меча за Галакси во првата сезона во МЛС и Кировски сака ѕвездата да остане во САД.

„Ибрахимовиќ е фантастичен фудбалер за нас и целата МЛС лига. Тој е најдобриот фудбалер кој пристигнал во Америка, вистински убиец, кој секогаш сака да постигнува голови и да победува. Неговиот договор не истекува, бидејќи има уште една година со нас и сакаме да биде среќен и да продолжи. Има многу одлични фудбалери, но никој не е како него“, вели Кировски за „Скај Италија“.

Според многу извори, токму Кировски бил клучниот човек кој го убедил Ибрахимовиќ да потпише за Галакси од Манчестер јунајтед, бидејќи тој верувал во неговото враќање во форма по повредата на коленото.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јунајтед им платиле на Монако 4 милиони евра за „измислена“ пријателска

Манчестер јунајтед и Монако се најдоа на „листата за отстрел“ на веб-сајтот „Фудбал ликс“, кои објавија податоци кои сигурно ги прекршуваат правилата на ФИФА и УЕФА.
Откако прво објавија податоци за финансиските „малверзации“ на Пари Сен-Жермен и Манче…

Објавено пред

Манчестер јунајтед и Монако се најдоа на „листата за отстрел“ на веб-сајтот „Фудбал ликс“, кои објавија податоци кои сигурно ги прекршуваат правилата на ФИФА и УЕФА.

Откако прво објавија податоци за финансиските „малверзации“ на Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, „Фудбал ликс“ објавија дека Челси прекршиле многу правила за ангажирање на млади фудбалери со потписот со Андреас Кристенсен за што им се заканува забрана за трансфери во три-четири трансфер периоди.

Сега, според документите објавени од „Медиапарт“ на „тапет“ е користењето на Монако со таканаречени „тајни договори“, какви што имаат со Ерик Абидал, Рикардо Карваљо и Жереми Тулалан. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Радамел Фалкао, исто така е споменат и тоа во една неверојатна приказна.

Колумбиецот потпиша за Монако од Атлетико Мадрид за 53 милиони евра, но Атлетико доби две „транши“ од 43 и 10 милиони евра за да се избегнат правилата за плаќање на стариот колумбиски тим на Фалкао. По ова, Фалкао беше позајмен на Манчестер јунајтед во 2014/15, со договор од 6 милиони евра и дополнителни 4 милиони евра ако „ѓаволите“ бидат четврти таа сезона.

Но, според правилата во Франција, бонусите за перформанси се нелегални, така што двата тима ги „заобиколиле“ правилата со тоа што потпишале договор со кој ако Јунајтед завршат во топ 4, двата клуба ќе играат пријателски меч, кој Јунајтед ќе го плати 4 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Карлос Госн, претседателот на „Рено“ и „Нисан“, уапсен во Јапонија

Претседателот на Нисан Мотор групацијата (каде што е и францускиот производител Рено), Карлос Госн беше уапсен во понеделникот поради финансиска измама и ќе биде отпуштен од бордот оваа недела, тврдат француските медиуми.
Госн исто така е и претседател…

Објавено пред

Претседателот на Нисан мотор групацијата (каде што е и францускиот производител Рено), Карлос Госн, беше уапсен во понеделникот поради финансиска измама и ќе биде отпуштен од бордот оваа недела, тврдат француските медиуми.

Госн исто така е и претседател и извршен директор на францускиот партнер на „Нисан“, „Рено“ и еден од најпознатите лидери во автомобилистичката индустрија, а неговото заминување може да значи и проблем за Ф1 тимот.

Според „Нисан“, внатрешната истрага покажала дека Госн ги користел парите на компанијата за лични цели и дека тоа траело неколку години. Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека владата, како прв акционер во Рено, ќе ја разгледа алијансата со Нисан и ќе преговара со јапонските колеги. Акциите на Рено паднаа неверојатни 11 отсто за еден ден.

Познат како „Ле кост килер“ за својата успешност за намалувањето на трошоците во Рено, 64-годишниот Госн е одговорен за алијансата на „Рено“ со „Нисан“ – „Рено“ поседува 43.4 отсто од „Нисан“, а „Нисан“ поседува 15 отсто од Рено.

Госн исто така беше еден од најголемите поддржувачи на „Рено“ во Ф1, враќајќи го тимот како производител и најавувајќи лов на титулата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет2 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија4 часа

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија4 часа

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија7 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион7 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток8 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија8 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија8 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија9 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија10 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија10 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион11 час

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија12 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија12 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија14 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија14 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија1 ден

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт1 ден

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Досие