Контакт

Спорт

ММА борец е убиен со нож во центарот на Белград

Објавено пред

Српскиот репрезентативец Стефан Савиќ (23) е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата Дунавска, Дорќол во центарот на Белград, кога непознато лице со остар предмет го прободело во градите, јавува Телеграф.рс.

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме, ова е еден од трите одвоени напади со нож што се случија синоќа во Белград.

Друг млад човек С.М. кој бил во друштво со починатиот Савиќ се здобил со убодни рани во пределот на градниот кош и левата натколеница. Двајцата млади момчиња биле пренесени во Итна помош, но Савиќ им подлегнал на повредите.

Како што пишува Телеграф, околу 01:00 часот брзата помош во Ургентниот центар донела двајца мажи, родени 2001 и 1992 година, кои се здобиле со убодни рани на улицата Дунавска. Тие биле нападнати од две непознати лица, од кои едното со нож ги повредило и двајцата. Савиќ починал, додека на другиот млад човек му биле констатирани тешки физички повреди и полесни физички повреди.

Починатиот Савиќ беше репрезентативец на Србија и бронзен медал на Светското првенство во ММА.

Спорт

Ф1 го објави календарот за 2025 – сезоната ќе почне во Мелбурн

Објавено пред

Следната сезона во Формула 1 ќе започне во март 2025 година со Големата награда на Австралија во Мелбурн.

dobivaj vesti na viber

Формула 1 го објави календарот на натпревари со 24 трки во сезоната во која ќе го прослави 75. роденден.

Сезоната ќе започне на 16 март на Мелбурн Парк, со трката за Големата награда на Австралија. Организаторите воведоа промени во однос на оваа година, бидејќи во март 2025 година е големиот празник Рамазан, па беше одлучено тој месец да не се возат трки во Бахреин и Саудиска Арабија, како што беше случај оваа сезона.

Втората трка од шампионатот 2025 година ќе се вози во Кина на 23 март, Јапонското ГП е на 6 април, а седум дена подоцна е трката во Бахреин.

Големата награда на Саудиска Арабија е закажана за 20 април, Мајами на 4 мај, две недели подоцна Големата награда на Реџо Емилија и потоа Монако на 25 мај.

Трката во Шпанија ќе се вози на 1 јуни, во Канада на 15 јуни, а во Австрија на 29 јуни.

Големата награда на Британија е на 6 јули, Белгија на 27 јули и Големата награда на Унгарија на Хунгароринг е на 3 август, по што следи пауза во првенството.

Натпреварувањето ќе продолжи на 31 август со трка во Холандија, на 7 септември е планирана трка во Италија, а на 21 септември во Азербејџан.

Во октомври ќе се одржат три трки, на 5 октомври во Сингапур, на 19 октомври во САД и на 26 октомври во Мексико.

Големата награда на Бразил е на 9 ноември, трката во Лас Вегас е на 22 ноември, Катар е седум дена подоцна и сезоната завршува на 7 декември со Големата награда на Абу Даби.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хисај за малку ќе изгорел жив во неговото Ферари

Објавено пред

Албанскиот репрезентативец од Лацио, Елсеид Хисај, среќно избегнал голема трагедија.

dobivaj vesti na viber

Имено, неговото 160.000 евра скапо Ферари се запалило додека возел. Вратите автоматски се заклучиле, но дефанзивецот на Лацио и неговиот свекор кој бил во автомобилот некако успеале да побегнат со автомобилот.

Тоа го потврди и самиот Хисај, кој даде изјава за „Ил Месаџеро“.

„Автомобилот наеднаш се запали. За среќа, нема повредени. Успеавме да се спасиме“, рекол Хисај.

Инцидентот се случил во понеделникот, но јавноста за него дозна во петокот.

Истиот извор објави дека Хисај тренираше нормално во четврток и дека ќе биде во конкуренција за мечот што небесносините го играат против Салернитана вечерва.

Сезонава одигра 23 натпревари, но последните три седеше на клупата.

За албанската репрезентација одигра вкупно 82 натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Голманот на Магдебург позитивен на допинг

Објавено пред

Никола Портнер (30). голманот на Магдебург падна на допинг тестот, поради што додека случајот не добие разрешница не може да се занимава со ракометот, па дури и да присуствува на тренинзите на тимот.

dobivaj vesti na viber

Како што изјави неговиот адвокат Рајнер Тарек Черкех, во крвта на швајцарскиот ракометар биле пронајдени траги од метамфетамин, поради што тој бил исфрлен од спортот барем до крајот на постапката.

Портнер се огласи на социјалните мрежи и ја изрази својата намера да ја докаже својата невиност.

„Бев длабоко шокиран од оваа информација. Ме информираа дека еден од моите тестови покажал „ненормален аналитички резултат“ и дека поради ова е поведена постапка. Ќе направам се што е во моја моќ да покажам дека не сум прекршил ниту еден правилата за анти-допинг и дека секогаш сум постапувал во согласност со вредностите на спортот и ќе продолжам да го правам тоа и во иднина“, напиша Портнер.

Никола е син на поранешниот југословенски репрезентативец Златко, кој освои злато на Светското првенство во Швајцарија во 1986 година и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, а беше дел од тимот што беше четврти на СП 1990 година.

Тој беше дел од славната генерација на Металопластика, со која два пати го освојуваше Купот на шампионите (1985 и 1986 година). Златко ненадејно почина во септември 2020 година на 59-годишна возраст во Швајцарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

МНР со апел: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до...

Топ2 часа

МВР со нови детали за пукањето во Тетово: пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа на тетовец

Синоќа, во 22.45 часот, во СВР Тетово, М. Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење...

Македонија3 часа

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на...

Македонија5 часа

Универзалната сала не изгоре, изгоре она што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија5 часа

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија6 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија7 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ7 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија8 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион9 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет9 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет10 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион10 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија10 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија1 ден

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...