Спорт
Прогласени најдобрите спортисти на Град Скопје за 2024 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Араовска на Бобан Илиоски од Кик бокс клубот Шампион му ја додели наградата за најуспешен спортист на Град Скопје во сениорска категорија. Како Европски шампион во кик-бокс Бобан Илиоски во Атина ја освои европската титула во конкуренција на 982 натпреварувачи со 1133 натпреварувачки влезови од 41 европска држава. Како носител на шампионската титула и златниот медал, Бобан е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје, традиционално ги додели наградите за најдобри спортисти. Признанијата на најдобрите спортисти за 2024 година, ги врачија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Сојузот на спортови на Скопје, Зоран Стојановиќ.
За најуспешен тренер за 2024 година е прогласен Дејан Митровски од Кик бокс клуб Шампион, а за најуспешен спортист во категоријата на лица со инвалидност е прогласен Стоилко Стоицев од Планинарскиот клуб Македон.
Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) се:
Бобан Илиоски – Кик бокс клуб Шампион
Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри
Михаела Мишовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
Стефан Михајловски – Кик бокс клуб Прокик Фемили
Симона Заборска – Карате клуб Макпетрол
Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
Силвио Мировски – Кик бокс клуб Гладијатор
Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол
Витомир Трајковски – Карате клуб Макпетрол
Никола Ѓуретановиќ – Пливачки клуб Вардар 2018
Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол
Максим Митровски – Кик бокс клуб Шампион
Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки
Петар Дамјаноски – Мечувалечки клуб Ескрим
Огнен Бундалески – Мечувалечки клуб Ескрим
Јосиф Малински – Триатлон клуб Триоги Рејсинг
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тухел го објави првиот список како селектор на Англија

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот на играчи за првите натпревари во квалификациите за СП 2026 година.
Англија на стартот од квалификациите, во групата К, ќе одигра два натпревари на домашен терен, на 21. март против Албанија и три дена подоцна 24 против Летонија.
Англија на 9. септември ќе гостува во Србија, додека на 13. ноември ќе им биде домаќин на „орлите“.
Победникот од групата ќе обезбеди директен пласман на Светското првенство, додека втропласираниот ќе се пласира во баражот.
За првите натпревари, Тухел повика 26 играчи, вклучувајќи ги и дебитантите Ден Бурн и Мајлс Луис-Скили.
Голмани: Џордан Пикфорд, Дин Хендерсон, Џејмс Трафорд, Арон Рамсдејл;
Дефанзивци: Ден Бурн, Рис Џејмс, Марк Гуеи, Џарел Кванза, Мајлс Луис-Скели, Тино Ливраменто, Леви Колвил, Езри Конса, Кајл Вокер;
Играчи од средниот ред: Џуд Белингем, Џордан Хендерсон, Еберечи Езе, Кол Палмер, Деклан Рајс, Морган Роџерс, Кертис Џонс, Џерод Бовен;
Напаѓачи: Хари Кејн, Ентони Гордон, Фил Фоден, Маркус Рашфорд, Доминик Соланке.
Returning to the #ThreeLions squad 🦁
Welcome back, lads! 👊 pic.twitter.com/k1AZaTkjeF
— England (@England) March 14, 2025
Спорт
Мурињо: Не ни свиреа три пенали, се надевам дека ова не е поради Будимпешта

Жозе Мурињо е огорчен по драматичната елиминација од Лига Европа. Во првиот осминафинален натпревар неговиот Фенербахче загуби со 1:3 од Ренџерс во Истанбул, синоќа во реваншот победи со 2:0 во реваншот во Глазгов. Конечниот победник беше решен по изведувањето пенали, во кои поуспешни беа домаќините кои победија со 3:2.
Откако со неговиот тим доживеа елиминација Мурињо изјави: „Се надевам дека се што ми се случува во европските натпреварувања не е последица на финалето на Лига Европа во 2023 година во Будимпешта, туку дека тоа е случајност. Затоа што по финалето во Будимпешта и откако бев суспендиран, почнаа да ми се случуваат чудни работи“, рече Португалецот и дополни.
„Не игравме во Лигата на шампионите поради пенал во 120. минута, кој го виде само четвртиот судија. Сега стигнавме на реваншот од осминафиналето на Лига Европа, а за ВАР беше задолжен еден од најдобрите меѓу видео асистентите (Кристијан Дингерт). Тој ВАР судија не виде ниту еден од трите пенали. Се надевам дека е случајност. Ја платив суспензијата од 2023 година и се надевам дека конечно ќе заврши. Се молам дека сето ова е само несреќен случај“.
За потсетување, финалето за кое тој зборува е финалето на Лига Европа, тогашниот клуб на Мурињо, Рома по изведувањето пенали загуби од Севилја, а Португалецот беше бесен на судиите по завршувањето на натпреварот, а имаше вербална пресметка на паркингот со судијата Ентони Тејлор.
Во третото квалификациско коло, оваа сезона, Фенербахче во првиот меч загубија од Рен со 2:1. Во реваншот во Истанбул имаа водство од 1:0 во финишот на продолѓенијата, кога за Рен беше досуден пенал. Францускиот клуб го претвори во гол и со тоа ги исфрли Мурињо и Фенербахче во Лига Европа.
Спорт
Олмо: Ја одбив Хрватска и не ми е жал

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо проговори за времето поминато во Динамо, како и за можноста што ја имал да добие хрватско државјанство.
Фудбалскиот сојуз на Хрватска му понуди шанса на Олмо да игра за националниот тим во 2017 година.
Олмо на крајот одби и играше за Динамо пет и пол сезони, до 2020 година кога беше продаден во Лајпциг за 34 милиони евра.
„Играв за Динамо и во 2017 година ме повикаа во Хрватскиот фудбалски сојуз. Ми понудија државјанство и можност да играм за Хрватска. Сакаа да играм за нив на Светското првенство во 2018 година. Понудата на Хрватска во тој момент ми нудеше поголема сигурност за мојата иднина“, рече играчот на Барселона и дополни.
„Бев многу среќен кога видов дека Хрватска стигна до финалето на Светското првенство 2018 година, но во ниту еден момент не зажалив што ја одбив поканата на Хрватска, ниту помислив дека сум направил погрешен избор. Во тоа време играв за шпанската младинска репрезентација и мојата желба беше да играм за сениорите“.
Олмо има одлични резултати со шпанската репрезентација.
Прво го освои Европското првенство до 21 година со младинската репрезентација, потоа го освои златото на Олимписките игри, а минатото лето со сениорите стана европски првак.