Спорт
Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари поради настапот во Хрватска

Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари.
Од владината прес-служба образложија дека парите се доделуваат како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Брансон ја запре Индијана – Њујорк намали на 2:3 во серијата

Кошаркарите на Њујорк намали на 3-2 против Индијана во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија со 111:94 во петтиот натпревар.
Њујорк ја оствари својата прва победа на домашен терен во оваа финална серија и ќе се обиде да стане 14-тиот тим во историјата на лигата што ќе направи пресврт во серијата откако губеше со 1-3.
Ниту еден тим досега не победил во финале на конференцијата откако ги загубил првите два натпревари дома.
Џејлен Бренсон ги предводеше Никс со 32 поени, пет скока и пет асистенции, неговиот 21-ви натпревар од плејофот во кој постигна најмалку 30 поени за Њујорк. Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени и 13 скока, а Џош Харт имаше 12 поени, 10 скока и четири асистенции. Мајкл Бриџис придонесе за победата со 12 поени и пет асистенции, а О Џи Ануноби со 11 поени.
Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 23 поени и девет скока, Паскал Сиакам постигна 15 поени, со шест скока, пет асистенции и три украдени топки, а Оби Топин додаде 11 поени.
Главната причина за победата на Никс беше тоа што го запреа Тајрис Халибартон, кој го заврши натпреварот со осум поени и шест асистенции, во споредба со претходниот дуел во кој имаше 32 поени, 15 асистенции и 12 скока.
Следниот шести натпревар се игра ноќта помеѓу сабота и недела во Индијанаполис.
Оклахома Сити Тандер, шампиони на Западот, го чекаат победникот во големото финале.
Спорт
Риека ја освои двојната круна и му донесе на Динамо 20 милиони евра

Риека ја круниса неверојатна сезона со освојување на двојната круна во Хрватска.
Пред само пред четири дена, овој клуб ја освои втората шампионска титула во историјата, а сега го освои и Купот.Во вториот натпревар од финалето на Купот на Хрватска, Риека победи против Славен со 1:0, што беше доволно за трофејот, бидејќи првата средба во Копривница заврши нерешено (1:1).
Дуелот во Риека не беше претерано интересен, а го реши еден гол, оној на Французинот Наис Џуаре во 60-та минута. На крајот од натпреварот стана доста жесток, Менало беше исклучен во 87-та минута поради вториот жолт картон, но домашните издржаа и спречија продолженија.
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен, додека Јован Манев мечот го гледаше од клупата за резерви кај Риека.
Динамо Загреб исто така се радуваше на овој исход. Победата на Риека им овозможи на „модрите“ директен пласман во Лига Европа. Динамо има најдобар клупски коефициент од сите квалификанти.
Доколку Славен го освоеше хрватскиот Куп, „сините“ ќе се префрлеа во Конференциската лига, и тоа од втората квалификациска рунда.
Индиректно, со освојувањето на Купот, Риека му обезбеди на Динамо проектирана добивка од околу 20 милиони евра.
Спорт
Тотенхем го „мерка“ Лирој Сане

Освојувањето на Лига Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, сега тимот треба да се засили за следната сезона.
Прв на листата на желби е Лерој Сане, 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн чиј договор со Баварците истекува во јуни.
Германскиот репрезентативец би можел да дојде во англискиот клуб без обештетување. Досега преговорите со Баерн не беа успешни.
Несогласувањето се случи бидејќи двете страни во преговорите имаат различни позиции кога станува збор за годишната плата, односно колку е фиксниот дел и колку би добивал во бонуси.
Сане ја започна својата кариера во Шалке, а во летото 2016 година се пресели во Манчестер сити. По четири сезони во Англија, се врати во Германија и во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати обештетување од 49 милиони евра за него.
Оваа сезона, тој постигна 13 гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, Сане вреди 38 милиони евра.