Спорт
Сити го декласира Барнли, Њукасл се уште е без победа (Видео)
Манчесер сити во деветтото коло запиша уште една убедлива победа. „Граѓаните“ со пет гола го испратија Барнли. Колото го обележа триумфот на Вотфорд кај Вулверхемптон и првиот триумф сезонава на Кардиф.
Манчестер сити и по деветтото коло ќе остане на ч…


Манчесер сити во деветтото коло запиша уште една убедлива победа. „Граѓаните“ со пет гола го испратија Барнли. Колото го обележа триумфот на Вотфорд кај Вулверхемптон и првиот триумф сезонава на Кардиф.
Манчестер сити и по деветтото коло ќе остане на челната позиција во Премиер лигата, благодарение на добрата гол разлика. Избраниците на Пеп Гвардиола со 5:0 го поразија Барнли. Четири гола „граѓаните“ постигнаа во вториот дел, откако по првите 45 минути водеа 1:0 со голот на Агуеро. Во вториот дел голови постигнаа Бернардо Силва, Фернандињо, Марез и Сане.
Кардиф во дуелот со Фулам го запиша првиот триумф во новата сезона. Гостите водеа со голот на Ширле во 11.минуа, потоа Марфи и Рид за пет минути направија пресврт, а Сесињон израмни на 2:2. Во вториот дел најпрвин Петерсон, а потоа и Херис се погрижија бодовите да останат во Кардиф.
Њукасл се уште е без триумф и на овој тим му престои тешка борба за опстанок во лигата. Кајал со голот во 29.минута му ги донесе бодови на Брајтон.
Мини-кризата ја преброди Тотенхем. Екипата на тренерот Маурисио Покетино, забележа победа во малото лондонско дерби над Вест Хем. Решавачкиот момент на мечот се случи во 44.минута кога ламела го постигна единствениот гол.
Вотфорд за нецели 120 секунди го шокираше Вулверхемптон. Головите во триумфот 2:0 ги постигнаа Капуе во 20. и Переира во 21.минута.
Без голови заврши мечот помеѓу Борнмут и Саутемптон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Краснодар и Славија изненадувања на вечерта, на Интер и Челси им лежи ЛЕ (видео)

Вечерва се комплетираше листата на патници во осминафиналето од Лигата на Европа.
Изненадувањата на вечерта ги направија тимовите на Карснодар од Русија и Славија Прага, а одличен гостински резултат и влез меѓу 16 најдобри екипи во второто по ранг натпреварување во Европа обезбеди и француски Рен.
Краснодар одигра реми 1-1 кај Баер Леверкузен и со тоа го елиминираше фаворитот од понатамошните натпревари. Првиот нивни меч во Русија заврши без голови.
Славија Прага иако по киксот на голманот рано влезе во негатива во Белгија кај Генк, сепак со огромен пресврт и со резултат 1-4 обезбеди уште најмалку два натпревари во Европа сезонава.

Изненадување приреди и Рен кој нагости во Шпанија го реши Бетис со 1-3 откако во Франција беше нерешено, 3-3.
Никакви проблеми немаа фаворитите Интер и Челси, забележаа домашни победи против Рапид Виена и Малме.
Резултати на натпреварите кои започнаа во 21 часот (во заградата се резултатите на првите мечеви):
Баер (Л) – Краснодар 1-1 (0-0)
Бенфика – Галатасарај 0-0 (2-1)
Бетис – Рен 1-3 (3-3)
Челси – Малме 3-0 (2-1)
Динамо(К) – Олимпијакос 1-0 (2-2)
Генк – Славија (П) 1-4 (0-0)
Интер – Рапид Виена 4-0 (1-0)
Спорт
„Врела шлаканица“ за српските кошаркари во Естонија (видео)

Кошаркарите на Србија беа шокирани во Талин од Естонија во квалификациите за Светското првенство 2019 година. Доживеаја изненадувачки пораз со 71-70.
Сите српски кошаркари беа под нивото, а тоа посебно може да се рече за Милош Теодосиќ. Тој имаше серија чудни грешки во финишот на мечот.
Најефикасен беше Јеловац со 19 поени, иако на крајот беше трагичар поради промашеното слободно фрлање. Теодосиќ го заврши мечот со 16 поени, а кај победничката селекција на Естонија, Китсинг и Куламае постигнаа по 18 поени.
За Србите математиката е јасна. Сега се трети во групата и за да патуваат на Мундијалот ќе мора во последното коло да го совладаат Израел.
Ова се најинтересните моменти од мечот:
Спорт
Поради административна грешка на Кардиф, семејството на Сала остана без 700.000 евра

Семејството на трагично загинатиот аргентински фудбалер, Емилијано Сала ќе остане без 700.000 евра обесштетување поради административна грешка на фудбалскиот клуб Кардиф Сити.
Според наводите на „Тајмс“, велшкиот клуб направил грешка при регистрацијата на фудбалерот, па Фудбалскиот сојуз на Велика Британија им ги вратил документите на дополнителна проверка. Таа проверка подразбира Сала да потпише нови формулари, но тоа не можеше да го стори затоа што во меѓувреме авионот во кој тој патуваше се сруши, а фудбалерот го изгуби животот.
За потсeтување, Аргентинецот загина на 21 јануари, а договорот за трансфер од Нант во Кардиф вреден 17 милиони евра беше склучен неколку дена порано.
Доколку администрацијата на Кардиф успешно го завршела процесот на регистрација, Сала би бил осигуран од Здружението на професионални фудбалери и би имал загарантирана сума од 700.000 евра кои би му припаднале на неговото семејство во случај на изненадна смрт, како што беше во ситуацијата.
Постојат индиции дека Здружението сепак ќе го исплати семејството, но за тоа ќе треба да одлучи Пензискиот фонд откако ќе му биде доставена документацијата и копија од потпишаниот договор со премиерлигашот.
Вчера Нант и Кардиф се договорија првата рата од 17-те милиони евра, вкупно 6 милиони евра, за трансферот да биде исплатена до крајот на овој месец
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа