Контакт

Спорт

Солари стартуваше со кралска победа на Реал во Африка (видео)

Сантијаго Солари ја стартуваше својата кариера како главен тренер на Реал Мадрид со лесна 4:0 победа над третолигашот Мелилја во првиот меч од четвртото коло во Копа дел Реј, на гости во Африка, кај малата шпанска колонија на брегот на Мароко.
Солари, …

Објавено пред

Сантијаго Солари ја стартуваше својата кариера како главен тренер на Реал Мадрид со лесна 4:0 победа над третолигашот Мелилја во првиот меч од четвртото коло во Копа дел Реј, на гости во Африка, кај малата шпанска колонија на брегот на Мароко.

Солари, кој е „привремено“ решение на „кралевите“ по отказот за Хулен Лопетеги, немаше вистински тест против клубот кој настапува во Сегунда Б и тимот обезбеди убедлива победа пред реваншот за мало кревање на моралот на „Сантијаго Бернабеу“.

Карим Бензема во 28. минута, Марко Асенсио на крајот на првото полувреме и Алваро Одриозола на 11 минути пред крајот се запишаа во листата на стрелците, пред младиот Кристо Гонзалез да ги постави конечните 0:4 во 92. минута.

Фото: ЕПА

Спорт

За Мустафи и Елнени нема место во Арсенал

Објавено пред

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери им порачал на двајца фудбалери дека имаат време крајот на преодниот рок да си најдат нови екипи бидејќи не сметал на нивните услуги.

Во пресрет на дербито со Ливерпул, Емери, на новинарите им соопштил дека не смета на Шкодран Мустафи и Мохамед Елнени.

„Сакам играчите овде да бидат среќни, сакам да бидат протагонисти, а минатата сезона Шкодран и Мо не беа среќни кога не играа…Многу разговарав со нив двајца и мислам дека е позитивно да потпишат за друг тим каде ќе бидат меѓу главните актери и каде ќе бидат среќни“, рекол Емери.

Мустафи има понуда да се пресели во Рома, каде сезонава би играч како позајмен фудбалер. Меѓутоа тој најавил дека нема да замине од Арсенал.

Слична понуда има и Елнени. Негова позајмица побарале од Галатасарај.

„Тоа се големи фудбалери, но тука поради околностите ќе имаат малку шанси да го покажат својот капацитет…Тие знаат каква е ситуацијата, јас им посакувам се најдобро и мислам дека треба да најдат нов предизвик“, заклучил Емери.

Прикажи повеќе...

Спорт

Спринтерот Колмен под истрага, ги избегнувал допинг-тестовите

Објавено пред

Американскиот спринтер Кристијан Колмен, сопственик на најбрзиот резултат во 2019 година на 100 метри (9,81 секунди) се наоѓал под истрага на Светската анти-допинг агенција.

Би-би-си објавија дека Американецот три пати, со намера пропуштил допинг-тест, што било доволно да биде покрената истрага против него. Интересно, барем засега по повод случајот не се изјасниле од Меѓународната атлетска федерација, ниту пак од Анти-допинг агенцијата на САД.

Доколку се докаже дека е виновен, Колмен се соочува со едно годишна суспензија, поради која ќе го пропушти Светското првенство во Катар и Олимписките игри во Токио.

Колмен, минатиот месец бил најбрз на државното првенство на САД во трката на 100 метри (9,99 секунди).

Прикажи повеќе...

Спорт

Фернандо Торес најави крај на кариерата

Објавено пред

Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес на натпреварот помеѓу Саган Тосу и Висел Кобе в петок, ќе стави крај на професионалната кариера.

Искусниот напаѓач во сениорскиот фудбал дебитирал на 18-годишна возраст во Атлетико Мадрид, а во текот на кариерата играл и за Ливерпул, Челси и за Милан. Во Јапонија, во Саган Тосу се пресели во летото 2018 година.

„Тоа беа возбудливи години, освоив многу трофеи и заработив почит во светот на фудбалот, што е најважно. Остварив многу повеќе од она што го очекував и сега ми преостанува уште само еден натпревар. Ќе се трудам да уживам од првата до последната минута. Ова ќе биде посебен меч за мене“, рекол Торес.

Во фудбалскиот свет познат и како Ел Нињо, Торес во кариерата ја освоил Лигата на шампионите со Челси, Лига Европа со Атлетико Мадрид, а со репрезентацијата на Шпанија станал европски и светски првак.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа59 минути

Германија ги зголемува залихите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод коишто ќе можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет1 час

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат низ Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион2 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите час и половина ги спасувале децата

Поради дефект се заглави рингишпилот ,,Скај флаер” во Биоград во Далмација, по што пожарникарите час и половина ги спасувале децата...

Свет2 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет3 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија13 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија15 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа18 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ22 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ23 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија24 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Досие