Спорт
Српските ватерполисти биле нападнати со ножеви и палки, ги препознал келнерот
Директорот на клубот „Црвена ѕвезда“, Игор Милојевиќ, изјавил дека ватерполистите во Сплит биле нападнати со метални шипки, палки и со ножеви, објави Б92.
Тој рекол дека Александро Краљ, кој скокнал во морето за да се спаси, има скршеница на носот, Душан Васиќ бил удиран во грбот, а Милош Максимовиќ со метална шипка бил удрен во ногата.
„Инцидентот се случил во кафуле во центарот, играчите носеле цивилни јакни, а под нив имале маици од клубот. Голема е разликата меѓу клупските обележја и оние на навивачите. Седеле најнормално, келнерот ги препознал обележјата и му се обратил на Максимовиќ. Тие сакале да го напуштат објектот, а тогаш се појавила група хулигани со шипки, ножеви и палки“, рекол Милојевиќ.
Тој додал дека управата на клубот донела одлука екипата да биде повлечена, а мечот со „Морнар“ да биде откажан поради безбедносни причини.
„Играчите сè уште не се тргнати, го чекаат Краљ да даде исказ во полиција и да излезе од болница“, рекол Милојевиќ.
Хрватските медиуми пренесуваат дека кога излегол од водата Краљ тој рекол: „Да не скокнев во морето ќе ме убиеја“.
Според изјави на очевидци Краљ извикувал: „Јас сум од Котор, Црногорец сум, не сум Србин“.
„Седев пред банката и одеднаш се слушна галама. Овие во црвено-бели тренерки трчаа на оддалеченост од половина метар од местото каде што стоев. Едниот истрча кон морето и скокна во него. Се слушна скандирање: ‘Соблечи се, соблечи се’, и момчето ја соблече тренерката. Од кејот се слушаа секакви довикувања, а најгласно се слушаа две работи: ‘Четник’ и ‘Викнете полиција’. Не сакаше да излезе додека не дојде полиција. Викаше дека е Црногорец, а не Србин. Слушнав некој како рече дека келнерот ги предупредил веднаш кога седнале да ги соблечат тренерките“, изјавил очевидец за „Слободна Далмација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.