Популарно
Тимот на „Сеавус“ секоја година сѐ помногуброен на „Визер – Скопски маратон“
Еден тим од година на година соборува рекорди по бројот на учесници на „Визер – Скопски маратон“. И годинава тимот на ИТ-компанијата „Сеавус“ оддалеку се познаваше по препознатливите зелени дресови со 204 пријавени на трките од 5 километри, штафетен маратон и полумаратон.

Покрај навистина силната конкуренција за штафетен маратон, машкиот тим составен од Бојан, Васил, Кристијан и Стојанчо го освои високото трето место. Но, ова не е прва награда за учесниците во штафетниот тим. Васил е минатогодишниот Iron Man, Стојанчо учествуваше во минатогодишната Business run трка, Кристијан има освоено прво место во машката категорија Business run, а Бојан е страстен велосипедист, кој уште истиот ден, по исртчувањето на штафетата, учествуваше на велосипедска трка „Државно ридско првенство на Македонија“.

Овој тимски дух се негува веќе со години во „Сеавус“ преку промовирање work-life баланс. Компанијата за своите вработени постојано се труди да обезбеди услови и грижа за психофизичкото здравје. Па, така, покрај заеднички тренинзи и подготовки за „Визер Скопскиот маратон, вработените имаат на располагање и опремен спортски центар, соба за релаксирање, масажи пред и по маратонот, како и часови по јога, пилатес и фитнес неколку пати неделно.

Целта е да се промовира здрав и квалитетен начин на живеење за време на, но и надвор од работните часови. Секако, овие вредности се промовираат во сите канцеларии на компанијата. Што се однесува до трчањето, вработените учествуваат и на маратоните во Белград, Стокхолм, Ниш, Нови Сад, Тирана, Минск и Брест. Следен предизвик во Македонија е „Охрид трчат“, најавуваат од компанијата „Сеавус“.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
