Спорт
„Хелиос гелита допелхерц“ продолжува со поддршка на млади и талентирани луѓе
„Хелиос Гелита Допелхерц“ – како компанија од секогаш се залага за подигнување на вредносните кодови во нашето општество.
Во таа насока „Хелиос Медикал Допелхерц Гелита“ сака да остави печат на своето општествено делување преку договор за спонзорирање и медиумско презентирање со наши надежи во спортот, кои што не се само спортски надежи туку и модел на млади луѓе како пример во нашето опшество.
Денешната младина се повеќе и повеќе се оддалeчува од вистинските вредносни системи на создавање на вредности. Овде не се работи само за врвни спортски резултати туку и за целокупни вредносни системи не само за спортот туку и пошироко.
Многу спортисти, ракометни репрезентативци, фудбалски репрезентативци, млади надежи беа дел од нашиот влог.
Теoдора Бојкова беше пример на млада спортистка, каде што направивме соработка. Ги користеше нашите производи и покажа одлични резулатати.


„Гелита и Допелхерц“ се водат со мотото дека најдобрите одат со најдобрите. Ние сме го покажале нашиот вредносен капацитет на спонзорирање на вредности, така ќе биде и овој пат…
Кирил Стојановски е една од македонските атлетски надежи, но и пример за спортист кој што ќе застане со нас и зад нас.
Тој е нашето заштитно лице заедно со останатите спортисти и уметници кои ги помагаме.

Ги користат нашите производи, веруваат во оваа приказна и затоа градиме модел на заедничка соработка,и во рамките на спортската и научната дејност, но и со поширока опшетствена димензија.
Ние можевме ова да го правиме и со светски звезди,но нашата интенција е ова да биде со оние што ќе СТАНАТ свестки звезди,и што се пример на деца од нашето маало, кои се движат кон светските патеки…

„Ги користам препаратите на ЦХ Алфа, Магнезиум од Допелхерц, Л-Аргинин и најдобриот имунитетен производ Имуно Актив. За еден спортист овие се најважните состојки, но и не само за спортист. Целта моја е да кажам дека мојот изглед и успех се должат и на работни навики, желба за успех, дисциплина но и на врвни светски компании а Гелита и Допелхерц тоа и се“ – Кирил Стојановски
Нашиот бренд е препознатлив,квалитетен за што нема сомнеж, но ова е уште еден чекор кон светски квалитетна компанија.
Facebook: heliosmedikalmk
Instagram: heliosmedikal
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

