Спорт
Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донира во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски” од Битола

Традицијата на хуманоста во која јавните личности типуваат, а Mozzart донира продолжува и оваа година.
Оваа тимска игра на хуманост од ден на ден го зголемува фондот на солидарност, а средствата од првиот добитен хуманитарен тикет за оваа година, по желба на фудбалерот Петар Ристески, ќе бидат донирани во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
Директорката Ненси Лозанче, не го криеше задоволството за оваа донација, со која ќе се набават потребни апарати во детското одделение.
„Голема благодарност до Mozzart и до Петар Ристески за оваа донација. Ова е од големо значење за нас, бидејќи ќе имаме можност да набавиме дел од потребната опрема која ќе биде поставена во детското одделение”, изјави Др. Ненси Лозанче, Директор на Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
Типувачот кој го состави првиот добитен тикет за оваа година, Петар Ристески, ја поздравува оваа хуманитарна акција на Mozzart, која црта среќа и насмевки на многу лица.
„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа хуманитарна акција, а особено задоволство ми преставува што токму јас го имам првиот добитен тикет за оваа година. Без размислување одлучив дека средствата треба да бидат донирани во детското одделение во Клиничката болница во Битола и се надевам дека донацијата ќе им биде од големо значење”, изјави Петар Ристески, фудбалер на ФК Јени Маале од Битола.
Кога станува збор за хуманоста,помошта,поддршката и добрите дела, Mozzart дефинитивно е, и останува лидер во регионот.
„Ова е традиционална акција која ја организираме веќе неколку години. Од добитните тикети, до сега помош пристигна во многу институции и организации. Она што преставува вистинско задоволство е што годината ја отворивме со добивка, а ако по утрото се познава денот, ќе имаме убави и успешни нови 365 дена исполнети со голем број реализирани проекти преку кои помагаме секаде каде е тоа потребно”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката

Оклахома сити Тандер ги декласираа Денвер Нагетс во мајсторката и се пласираа во финлето на Западот. Седмиот меч од полуфиналната серија Тандер го добија со 125:93 (21:26, 39:20, 37:26, 28:21).
Денвер подобро влегоа во натпреварот, стекнаа двоцифрема предност, но играта им се распдна во последните 90 секунди од првиот период кога Јокиќ седна на клупата. Од крајот на првата и почетокот на втората четвртина Тандер направија серија 13:0 го презедоа водството и не го испуштија до крајот.
До финишот на вториот период Денвер некако се држеше на минуус од три поени, но Тандери со две серии од по 7:0, заминаа на полувреме со 60:46.
Ништо не се промени во почетната фаза од третата четвртина. По само две минути, Оклахома постигна девет поени и стигна до огромни +23 – 69:46. Третиот период Тандер го завршија со +25 (97:72), а кога по три минути од последниот период разликата надмина 30 поени, тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, ги повлече стартерите од теренот и реши да ја „испразни клупата“.
Оклахома доминираше во офанзивниот скок (15), со агресивната одбрана, особено над Јокиќ го натера Денвер на 23 загубени топки. Нагетс лошо шутираа за три поени, погодија само осум тројки од 42 одбини (19 отсто).
Шеј Гилџис-Александер го заврши натпреварот со 35 поени. Вилијамс постигна 24 поени со седум асистенции, а Холмгрен запиша дабл-дабл со 12 поени и 11 скока.
На другата страна, Никола Јокиќ запиша 20 поени, девет скока и седум асистенции, но вистинска поддршка доби само од Кристијан Браун (19 поени, четири скока, три асистенции), Џамал Мареј постигна 13 поени, со 30 отсто реализиција од поле. Арон Гордон се појави на теренот и покрај повредата, мечот го заврши со осум поени и 11 скокови.
Оклахома во финалето на Западот ќе игра против Минесота, серијата ќе започне во среда од 2.30 часто по македонски време.
Спорт
(Видео) Драма во Серија А, поништен гол на Интер во 96. и пенал на Наполи во 97.минута

Многу возбудливо беше во претпоследното, 37-мо коло од италијанската Серија А, особено во трката за Скудетото меѓу Наполи и Интер, која ќе има епилог дури во последните 90 минути.
Наполитанците гостуваа во Парма на „Енио Тардини“, не успеа да победи. Натпреварот заврши 0:0.
Наполи доби пенал во 97.минута, но судијата по прегледувањето на снимката пресуди дека на почетокот на акцијата имало фаул од Џовани Симеоне. На крајот Парма освои важен бод во борбата за опстанок, а Наполи остана на бод предност пред Интер, благодарение на ветеранот Педро.
Интер не успеа да го победи Лацио на „Меаца“. Два пати Интер имаше предност, која два пати ја поништи Педро.
„Неро-азурите“ беа во водство од судиското продолжение на првото полувреме кога Бисек погоди за 1:0.
Во вториот дел беше возбудливо, бидејќи Интер пропушти неколку шанси, а Лацио израмни во 72-та преку Педро.
Дензел Дамфрис му ја врати предноста на Интер во 80-та минута. Но во 89-та минута, Бисек направи глупав пенал, а Педро изедначи.
Во 96.минута Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Интер, кој беше поништен поради офсајд.
Спорт
(Видео) Евроголови на Алварез и Форналс во Мадрид, Виљареал ја победи Барса

Се одигра претпоследното, 37-мо коло од шпанската Ла Лига и беше возбудливо да се следат настаните и промените во сите 10 натпревари што се одиграа во терминот од 19 часот.
Најголемото изненадување, секако, е поразот на Барселона. Новиот шампион загуби на домашен терен од Виљареал со 2:3.
Барса, освојувач на „тројната круна“ во Шпанија оваа сезона, во славеничка атмосфера влезе во натпреварот.
Виљареал, поведе со голот на Перез, а до крајот на полувремето Барселона направи пресврт со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопез.
Сепак, во второто полувреме, „жолтата подморница“, одговори на идентичен начин, дојде до победата со головите на Санти Комесања во 51-та минута и Бјукенен во 80-та минута.
Реал ја победи Севилја во Андалузија со 2:0. Реал се мачеше и славеше дури откако Севилја остана со двајца помалку на теренот. Баде поцрвене веќе во 12-та, а потоа и Ромеро во 46-та. Инаку, Ромеро на теренот влезе по паузата меѓу двете полувремиња.
Реал триумфираше со голотвите на Килијан Мбапе во 75-та и Џуд Белингем во 87-та минута.
Третото место на табелата го потврди Атлетико Мадрид со убедлива победа над Бетис со 4:1.
Хулијан Алварез го отвори резултатото со фантастичен гол од слободен удар. Аргентинецот од 29 метри ја скина „пајажината“ од голот на Адан. До рајот на полувремето деби голот за Атлетико го постигна Робин Ле Норман.
Бетис намали во вториот дел, брилијантен гол со ножички постигна Пабло Форналс. До крајот Алварез со својот втор гол и Кореа со последниот гол во кариерата пред домашните навивачи ставија точка на натпреварот. Анхел Кореа ќе го напушти Атлетико.
Покрај Барселона, Реал, Атлетико и Виљареал, наредната сезона во Лигата на шампионите ќе игра и Атлетик Билбао. Баските славеа со 1:0 на гостувањето во Валенсија.
Во последното коло ќе има интересна борба за седмото и осмото место, кои моментално ги заземаат Селта и Рајо Ваљекано. Вечерва Рајо победи во Виго со 2.1.
Иако домашните поведоа во 10-тата минута со голот на Алонсо од пенал, Палазон во 17-тата и Де Фрутос во судиското продолжение направија пресврт до крајот на првото полувреме.
Деветтопласираната Осасуна, која вечерва го победи Еспањол со 2:0, се бори за место во Европа.
Токму Еспањол (39 бода) заедно со Леганес (37) бода ќе стравуваат за опстанок во последното коло, иако пречекуваат два отпишани клуба.
Каталонците ќе му бидат домаќини на претпоследниот Лас Палмас, додека Леганес ќе го пречека последнопласираниот Ваљадолид.